Феномен во Индија- Стапката на морталитет од коронавирус е најмала во светот

Делови од Индија објавија драматичен пад на смртноста по воведувањето на карантин против ширењето на коронавирусот, односно нема нови  смртни случаи од Ковид-19.

Стапката на смртност во светот се анализира за да се утврди вистинското влијание на коронавирусот, кој се појави во Кина кон крајот на минатата година и на глобално ниво зарази повеќе од 2,7 милиони луѓе, со смртност од околу 190.000 лица.

И додека смртноста се зголеми во некои земји во последните неколку недели, се чини дека спротивното се случува во Индија, барем во некои делови од земјата.

„Ние сме многу изненадени“, изјави Шрути Реди, директор на погреботниот дом во Калкута и Бенгалор.

Компанијата имала пет погреби на ден во јануари, а само три овој месец. „Ќе ги намалиме платите ако нашите приходи се намалат “, рече Реди.

Во Мумбаи, град со дванаесет милиони луѓе, бројот на жртвите е намален за 21 процент од март 2019, покажуваат бројките од локалните власти.

Во истиот период, стапката на смртност опаднала за 67 проценти во најголемиот град Гуџарат на провинцијата Ахмедабад.

Слична ситуација е забележана во најмалку два други градови, каде што погребните претпријатија пријавија опаѓање на приходите, особено во април.

„Ако нема зголемување на смртните случаи, тоа значи дека нема сомнение дека може да има непријавен смртен случај од Ковид-19“, рече Џиридар Бабу, професор по епидемиологија на Фондацијата за јавно здравје на Индија.

Индија на 25 март стави во карантин 1,3 милијарди луѓе за заштита против коронавирусот со кој се заразиле 23.077 луѓе и починале 718 од нив, покажуваат најновите бројки.

Тестирани се 525.000 луѓе, што значи позитивни се четири проценти. Во САД околу 18 проценти од населението е позитивно.

Индиски лекари, службени лица и сопственици на деловни активности се сомневаат дека падот на стапката на смртност би можело да се припише на помалку несреќи во сообраќајот.

Несреќите на хаотичните патишта во Индија одзедоа повеќе од 151.400 животи во 2018 година, што е највисок број во светот.

Поради карантинот, кој истекува на 3 мај, годинава ќе има 15 проценти помалку жртви отколку во 2018 година, според Пареш Кумар Гоел од Министерството за транспорт.

Слета првиот авион со кинеска делегација во Белград, со Си ќе пристигнат 400 претставници

Членови на кинеската делегација, министри и претставници на институции пристигнаа во Белград во рамки на дводневната посета на Србија, која денеска ќе ја започне кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали заедно со министерот за трговија Томислав Момировиќ ги чекаа првите гости од Кина и ги пречекаа на аеродромот.

Претседателот Си вечерва ќе го посети Белград, а ќе ја предводи 400-члената кинеска делегација во Србија, објави Курир.

Кирби: Русија треба само да ги повлече своите трупи

Со цел да ги заштити своите војници од влијанието на оружјето произведено од Запад, Русија треба едноставно да ги повлече од територијата на Украина, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД.

-Ако (Владимир) Путин и руските официјални лица се загрижени дека нивните трупи во Украина би можеле да бидат погодени од оружје произведено во други земји, најлесниот начин да се избегне тоа е едноставно да ги повлечат своите трупи, вели Кирби.

Тој додава дека во моментов администрацијата не гледа вистински чекори од страна на Руската Федерација во однос на можна употреба на нуклеарно оружје и „покрај агресивната реторика“. /МИА

Франција, Германија и Италија бараат одложување на одлуката за прием на Косово во СЕ

Франција, Германија и Италија бараат одложување на одлуката за прием на Косово во Советот на Европа, објави Албаниан Пост.

Франција, на која и се приклучија Германија и Италија, бара да се одложи одлуката за кандидатурата на Косово за членство во Советот на Европа на мајскиот состанок на Комитетот на министри, пишува тирански Албаниан Пост, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според истите извори, утре во Стразбур се очекува последната средба на амбасадорите на земјите членки пред состанокот на министрите на кој се очекува да биде донесена долгоочекуваната одлука за Косово, пренесува Бета.

Како што дознава Албаниан Пост, се очекува утре на дневен ред на мајскиот министерски состанок амбасадорите на земјите членки на Советот на Европа да не го вклучат прашањето за членството на Косово.

Според порталот, иако германската позиција досега не беше јасна, сега се чини јасно дека и Германија зазеде став дека владата на премиерот Албин Курти мора да преземе конкретни чекори во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) за да добие членство во Советот на Европа.

Франција, Германија и Италија веќе се на став дека членството на Косово во Советот на Европа треба да се одложи до моментот кога Владата на Косово ќе ја докаже својата посветеност на спроведувањето на ЗСО со испраќањето на нацрт-статутот до Уставниот суд.

Во написот се додава, дека ваквиот пристап не е поддржан од Обединетото Кралство, според кое прашањето за ЗСО како производ на бриселските преговори не треба да се меша со прашањето за членство во Советот на Европа.

Сепак, и покрај политичката реторика на косовската Влада, која постојано го нагласуваше фактот дека Косово ги исполни сите услови потребни за прием во Советот на Европа, дури и според мислењето подготвено од Дора Бакојани, земјите со одлучувачко влијание како Франција и Италија одамна го информираа Курти дека почетокот на значајни чекори кон имплементација на договорот за ЗСО е непремостлив услов за членство на Косово во Советот на Европа.

Во меѓувреме, Германската амбасада во Приштина денеска соопшти дека е време Владата на Косово да ги убеди земјите членки на Советот на Европа дека заслужува прием во таа меѓународна организација, преземајќи конкретни чекори кон создавање ЗСО. Германската амбасада соопшти дека Квинта групата и другите континуирано нагласуваат дека очекуваат Косово да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО, за да се постигне неопходното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри на СЕ, пренесоа приштинските медиуми.

Реакција денеска пристигна и од Амбасадата на Франција во Косово, која соопшти дека со испраќање на нацрт-статутот на ЗСО до Уставниот суд, Косово ќе добие поддршка за прием во Советот на Европа. Во одговор на прашање поставено од kohe.net, од амбасадата велат дека овој нацрт-статут е најдобрата основа што се нуди за формирање на ЗСО.

„Испраќањето на нацрт-статутот на ЗСО на евалуација до Уставниот суд се споменува како еден од јасните чекори што Косово мора да ги преземе за да обезбеди поддршка во Советот на Европа, но премиерот Курти изјави дека Косово не го прифаќа тој план како одвоен од целокупниот план (Брисел и Охрид). Испраќањето на нацрт-статутот до Уставниот суд на евалуација би бил добредојден чекор за да се обезбеди поддршка за членството на Косово во Советот на Европа, се наведува во одговорот на амбасадата.

Состанокот на Комитетот на министри за надворешни работи на СЕ, кој ќе се одржи во средината на мај, е последниот чекор кон конечното членство на Косово во оваа организација, што беше препорачано од Парламентарното собрание на СЕ врз основа на усвоениот извештај на известувачката Дора Бакојани.

Засега се уште не е сигурно дали гласањето за препораките на ПССЕ и приемот на Косово ќе се најдат на дневен ред на Комитетот на министри на 16 и 17 мај. /МИА

притисни ентер