Средба на вицепремиерот Николоски со министерот за трговија Болат и министерот за транспорт Уралоглу во Истанбул
2Средба на вицепремиерот Николоски со министерот за трговија Болат и министерот за транспорт Уралоглу во Истанбул
Видео- фото: Шакира ја „запали“ Ацтека: 80.000 луѓе танцуваат на химната на Светското првенство „Даи Даи“
2Видео- фото: Шакира ја „запали“ Ацтека: 80.000 луѓе танцуваат на химната на Светското првенство „Даи Даи“
СветФејсбук повторно достапен, има проблеми со Инстаграм Фејсбук успеа да ги врати своите услуги по повеќе од еден час прекин, што ги погоди сите главни платформи во системот Мета, вклучувајќи ги Instagram, WhatsApp и Threads.Прекинот, кој започна попладнево, предизвика значителен прекин на корисниците ширум светот, оставајќи многумина без пристап до платформите за комуникација и споделување содржина. Мета, компанијата зад овие платформи, брзо објави дека е свесна за проблемите што ги доживеале корисниците и дека работат напорно за да ги решат. Сепак, се уште не се познати деталите за причината за проблемот, што остава многу прашања неодговорени. Иако Facebook успешно ја врати функционалноста на својата платформа, Instagram и Threads сè уште се соочуваат со технички тешкотии. Корисниците на овие услуги и понатаму се соочуваат со проблеми при пристапот и користењето на услугите, што укажува дека Мета сè уште бара решение. Овој инцидент покренува важни прашања за доверливоста и стабилноста на онлајн платформите кои станаа клучен дел од секојдневниот живот на милиони луѓе ширум светот. Зависноста од социјалните мрежи и алатките за дигитална комуникација никогаш не била поголема, а прекините може да имаат далекусежни последици, не само за корисниците, туку и за многуте бизниси кои се потпираат на овие платформи за да ги промовираат и продаваат своите производи и услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
НБАНикола Јокиќ го потпишува најголемиот договор во историјата на НБА лигата!НБА се соочува со нов финансиски тектонски пресврт, а епицентарот на „потресот“ повторно е во Колорадо. Еден од најдобрите светски кошаркари во последната деценија, Србинот Никола Јокиќ, главната ѕвезда на Денвер Нагетс, на 31-годишна возраст е пред потпишување договор што ќе го редефинира концептот на богатство во светскиот спорт и ќе ги сруши сите претходни рекорди. Според најновите проекции од јавната сцена преку океанот, Јокиќ е виден како првиот играч во историјата на кошарката што ја сруши магичната бариера од 70 милиони долари годишна плата. Иако Нагетс претрпеа тежок удар годинава и беа елиминирани уште во првото коло од плејофот од Минесота, раководството на клубот нема дилема, иднината на франшизата е сто проценти врзана за трикратниот МВП Никола Јокиќ. Пред популарниот Џокер се две опции за продолжување на својата лојалност кон Денвер, двете носат огромни финансики средства. - Договор со Супермакс: Доколку ја одбие опцијата за сезоната 2027/28, Никола може да потпише нов четиригодишен договор вреден астрономски 278 милиони долари. Со просечна плата од 69,5 милиони, Јокиќ би го симнал од тронот досегашниот најплатен кошаркар во НБА, ѕвездата на Тандер, Шаи Гиљус-Александар . -Вториот, пократок пат вклучува активирање на постоечката опција со тригодишно продолжување во вредност од 214 милиони долари. Во ова сценарио, Јокиќ веднаш го пробива споменатиот лимит и станува првиот човек во историјата на лигата што собрал над 70 милиони долари за само една сезона.Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во Истанбул: Учествував на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете државиДенеска во работна посета на Истанбул, Република Турција, учествував на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави., објави на својот фејсбук, премиерто Христијан Мицкоски. Во своето обраќање истакнав дека Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи претставуваат цврста основа за продлабочување на економската соработка и нови инвестиции. Посочив дека Македонија денес се позиционира како стабилна и конкурентна бизнис дестинација, со стратешка географска положба, поволна инвестициска клима, модерни индустриски зони и пристап до регионалните и европските пазари. Турските компании преку инвестирање во Македонија добиваат можност да станат дел од европските синџири на снабдување и да го прошират своето присуство на пошироки пазари. Нагласив дека нашата цел е да градиме долгорочни партнерства кои ќе создаваат нови работни места, поголем економски раст и заеднички успех. Ги поканив турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија, држава која има јасна визија за иднината, отворена врата за нови инвестиции и силна определба за економски развој, стои во објавата на Мицкоски.Тагови: турција Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
МакедонијаСредба на вицепремиерот Николоски со министерот за трговија Болат и министерот за транспорт Уралоглу во ИстанбулМакедонија и Турција продолжуваат да градат силно партнерство засновано на заедничка визија за економски развој и регионална соработка.Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум што се одржува денеска во Истанбул. На средбата беа потврдени заедничките заложби на двете земји за продлабочување на економските врски, притоа се разговараше за конкретни чекори кои ќе придонесат за зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и подобрување на деловната клима за компаниите од двете држави. Турција претставува еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија, долгогодишните пријателски односи меѓу двете земји се темел врз кој успешно се развива и економската соработка. Во духот на ова партнерство, целта е односите да ги подигнеме на уште повисоко ниво, преку нови иницијативи и зголемена економска активност, истакна вицепремиерот Николоски. Посебен фокус на средбата беше ставен на развој на инфраструктурата и регионалното поврзување, притоа вицепремиерот истакна дека во Македонија се реализира најобемниот инвестициски циклус во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура и ги повика сите заинтересирани турски компании да земат учество на меѓународните повици. Голем број успешни турски компании веќе работат на македонскиот пазар и даваат значаен придонес во развојот на економијата, отворањето нови работни места и зголемувањето на конкурентноста. Токму ваквите позитивни искуства претставуваат дополнителен поттик за привлекување нови инвеститори, истакна вицепремиерот Николоски. Говорниците се согласија дека Македонија и Турција ќе продолжат да градат силно партнерство засновано на меѓусебна доверба, пријателство и заедничка визија за економски развој и поголема регионална соработка.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15