ТехнологијаФејсбук плати висока казна во Русија, зашто не ги послуша властите за бришење содржиниФејсбук платил 17 милиони рубљи (229.643 долари) казна во Русија, затоа што не ја избришале содржината што се сметала за нелегална, со закана за потенцијално повисока казна.Матичната компанија Facebook Meta, заедно со Alphabet на Googlе, оваа недела ќе се соочат со тужба поради сомневање за постојано прекршување на руските закони за содржина. Фејсбук може да биде казнет со процент од годишниот приход во Русија, пренесува новинската агенција Интерфакс. Фејсбук не бил достапен за коментар. Русија испратила државни извршители во октомври да наплаќаат казни од 17 милиони рубљи на Facebook. Интерфакс објавил дека нема повеќе извршни постапки против компанијата, повикувајќи се на базата на податоци на Федералната служба за извршување. Москва оваа година го засилила притисокот врз големите технолошки компании во кампања која критичарите ја гледаат како обид на руските власти да воспостават посилна контрола врз Интернетот и да сметаат дека тој се заканува да ја задуши слободата на поединци и бизниси. Интерфакс наведува дека апликацијата за пораки Телеграм веќе платила казна од 15 милиони рубли. Телеграм, исто така, не одговорил на барањето за коментар на Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат ИранГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поддржа американските напади врз повеќе од 80 цели во Иран, извршени како одговор на иранските напади врз три трговски брода што минуваа низ Ормутскиот теснец.„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на НАТО. „Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО Во меѓувреме, Кувајт беше нападнат, додека утрово во Бахреин се огласија сирени за воздушен напад, откако иранските медиуми објавија дека иранската војска најавила одговор на американските напади.Тагови: Иран Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница на Судскиот совет, на дневен ред одлука за избор на претседател на Кривичен судСудскиот совет на Македонија денеска треба да одржи седница на чиј дневен ред се повеќе точки.Судскиот совет на Македонија денеска треба да одржи седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на извештај со предлог листа на кандидати за претседател на Основен кривичен суд Скопје и донесување на одлука за избор на претседател на Основниот кривичен суд Скопје. На дневен ред, е и усвојување на измени и дополнувања на годишната програма за работа на Судскиот совет за 2026 година, како и избор и разрешување на судии поротници и формирање комисии на известители по барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.Тагови: Судски совет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерика силно го нападна Иран, следуваше жестока одговорАмерика ноќва изврши силни напади врз Иран по нападот на неколку танкери во Ормутскиот теснец. Иран тврди дека утрово возвратил со напади врз американски воени цели во регионот.Американските воздушни напади врз Иран од синоќа беа „четири или пет пати“ поинтензивни од претходните американски одговори на иранските прекршувања на меморандумот за разбирање, изјави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, цитирајќи американски функционер. Според неговиот извештај, целите на нападите вклучувале локации за воздушна одбрана, ракети земја-воздух, системи за крајбрежен надзор, места за лансирање беспилотни летала, пристанишни објекти и лансери на крстосувачки ракети против бродови. Footage of US airstrikes hitting Iran’s Bandar Abbas tonight: pic.twitter.com/ycUezpWhCH — OSINTtechnical (@Osinttechnical) July 7, 2026 Иран утрово одговори на ноќешниот напд. Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГГ) објави дека нападнала 85 американски воени цели во Бахреин и Кувајт. Како што се наведува во соопштението, нападот бил изведен како одговор на она што го нарекоа „кршење на примирјето“, до кое дошло откако Соединетите Држави извршиле серија воздушни напади во јужниот дел на Иран. Претходно беше јавено дека во Бахреин и Кувајт се огласиле сирени за предупредување од ракетни напади, додека иранската војска упатила официјално предупредување дека подготвува „разорен одговор“ на американските напади.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter