Фејсбук направи збрка: Случајно додавање луѓе чии профили сте ги прегледувале - Канал 5

Фејсбук направи збрка: Случајно додавање луѓе чии профили сте ги прегледувале

Фејсбук вчера повторно имаше проблеми со работата, а тие беа предизвикани од баг кој им создаде необични проблеми на корисниците.

Фејсбук направи збрка: Случајно додавање луѓе чии профили сте ги прегледувале

Корисниците тврдат дека Фејсбук необјасниво испраќал автоматски барања за пријателство до одредени луѓе кога некој ќе го посети нивниот профил.

Тие истакнуваат дека самиот Фејсбук додавал луѓе на кои не им било испратено барање за пријателство, туку луѓето кои го добиле тоа барање само го гледале нивниот профил. На некои им се додадени луѓе за кои никогаш не слушнале.

Грешката предизвика збунетост и загриженост кај корисниците, се додека Фејсбук официјално не се обрати за да го потврди постоењето на проблемот и дека работи на поправка.

По неколку часа, Фејсбук објави дека проблемот е поправен, но се уште не разјасниле што ја предизвикало оваа необична грешка.

Како да проверите дали Фејсбук испратил барање за пријателство на личноста чиј профил го гледате?

Треба да отидете во менито на телефонот или на интернет, а потоа изберете и кликнете на опцијата „Пријатели“. Потоа кликнете на „Барања за пријатели“ и „Прикажи испратени барања“.

Ќе ви биде прикажан список на профили на кои е испратено барањето од вашата сметка и тука можете да го откажете барањето за пријателство доколку не сте го испратиле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји

Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји.

СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји

Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на владата туку козметичка промена на истата криминална структура.

Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, велат од опозициската СДСМ.

Според нив „внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува. Ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието велат од опозициската партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на докази за државниот пазарен инспекторат

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат.

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на докази за државниот пазарен инспекторат

Судењето за трагедијата во кочанската дискотека „се одвива во судницата во „Идризово“.

Обвинителството презентира материјални докази, вклучувајќи документи и снимки кои откриваат пропусти во безбедноста и контролите од институциите. “, во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски

Денеска на градските гробишта во Бутел ќе биде погребан македонскиот пејач и автор, Владо Јаневски.

Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски

Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Јаневски за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на градските гробишта во бутел во периодот од 10 до 11 часот.

Синоќа пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје граѓаните се собраа за да му оддадат последна почит на легендарниот македонски пејач, кој почина во неделата на 66-годишна возраст.

Со минута молк и со неговите најубави песни фановите се простија од својот омилен пејач.

Со вклучени светилки на телефоните стотиците присутни направија „ѕвездено небо“ додека заедно го пееја најголемиот хит на Јаневски, „некогаш и негде“.

Присуствува и повеќе негови колеги и пријатели, меѓу кои Силви и Влатко Плевнеш, Слаткар, Антониа Гиговска и Роберт, Спасеновски, Лара Иванова, Пајак, Валентино Скендеровски, Стево Чепишевски, Стефан Филиповски, Ѓорѓе Давид…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер