Фејсбук конечно добива „вистинска“ корисничка поддршка - Канал 5

Фејсбук конечно добива „вистинска“ корисничка поддршка

По 18 години, компанијата Мета конечно реши да им обезбеди вистинска поддршка на своите корисници со цел полесно враќање на избришаните профили или објави.

Фејсбук конечно добива „вистинска“ корисничка поддршка

Потпретседателот на Мета, Брент Харис, вели дека компанијата инвестира многу време во услугите на клиентите. Сепак, од основањето на Фејсбук, корисниците на оваа социјална мрежа навистина немаат начин директно да комуницираат со компанијата за одлуките за модерирање.

Минатата година беше лансирана програма која вклучуваше разговор во живо на англиски јазик, што всушност овозможи контакт со вработените во Мета. Корисниците може да добијат помош за користење на нови функции или во случај нивниот профил да биде заклучен. Во тоа време, компанијата рече дека тоа е „прв пат Фејсбук да понуди помош во живо на луѓе чии профили се заклучени“.

Вистинската човечка помош од Мета би била исклучително корисна за оние кои случајно се на погрешна страна на автоматизираните алатки за модерација на содржината, особено ако се прошири на „Instagram“, „WhatsApp“ и „Horizon VR“.

Мета е фокусирана на подобрување на корисничката поддршка и поради повратните информации од нејзиниот Надзорен одбор. Минатата година беше формирано ова „независно“ тело за следење и менување на одлуките на Мета. Примени се речиси милион барања на корисници поврзани со модерирање на содржината.

Мета исто така се обидува да ги отстрани луѓето кои избегнуваат банирање, а неодамна беа отстранети околу 500 профили, страници, групи и настани поврзани со групата „Proud Boys“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик

Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC.

Мицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик

Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори.

Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и отворање нови перспективи за инвестиции во Македонија, особено во стратешки области како енергетиката, високите технологии и современата инфраструктура.

Нашата цел е преку силното стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави да создадеме нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и подобар стандард за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Се огласија сирени во два полски града, затворени и аеродромите

Полска привремено затвори два аеродрома поради воени дејствија на руските воздухопловни сили во соседна Украина. 

Видео: Се огласија сирени во два полски града, затворени и аеродромите

Пријавени се експлозии во близина на полско-украинската граница.

Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека активностите во воздушниот простор се поврзани со руските напади со беспилотни летала во Украина, пренесува LBC.

Украински претставник потврди дека за време на денешниот руски напад со беспилотни летала, се слушнале експлозии на неколку километри од границата со Полска, која е членка на НАТО. Во Жешов и Лублин, во источниот дел на земјата, се огласија сирените за воздушна опасност, а граѓаните беа предупредени да побараат засолниште.

„Копнените системи за противвоздушна одбрана и системите за радарски надзор се во состојба на целосна готовност“, соопштија Полските вооружени сили.

Од командата додадоа дека станува збор за превентивни мерки насочени кон обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите што граничат со загрозените региони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Инспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа.

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот.

„Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не оги узупираат а јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните.

Инспекциските контроли продолжуваат со засилен интензитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер