Фејсбук ќе воведе опција „dislike“

Опцијата „Like“ стана значителен дел од нашиот живот благодарение на Фејсбук, а наскоро ќе добие и партнер - опција „Dislike“. Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг вчера изјави дека во моментов се работи на воведување на оваа опција, која ќе се користи „за изразување сочувство“.

- Луѓето прашуваат за опцијата „dislike“ веќе со години. Денеска е специјален ден бидејќи конечно можам да соопштам дека работиме на тоа и многу сме близу до првото тестирање - изјави Цукерберг.

- Она што луѓето го бараат е можност да изразат сочувство. Не е секој момент добар момент - вели тој.

Во блиска иднина опцијата „dislike“ ќе се тестира со мала група корисници. Кога ќе се пушти во употреба за сите корисници на социјалната мрежа сеуште не се знае.

Минатиот месец Фејсбук „го доживеа“ својот прв ден со милијарда активни корисници!





/ извор: hypable.com

Пронајдено 5-годишното девојче кое се оддалечило во паркот во Сарај

Пронајдено е 5-годишното девојче кое доцна попладнето исчезна во паркот во Сарај.

Детето, чие оддалечување од местото било пријавено нешто по 16 часот од нејзин роднина, било пронајдено по околу два часа во близина на трговскиот центар Сарај, инфомираат од МВР.

Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли.

Фон дер Лајен: ЕУ требаше да ги послуша предупредувањата на Централна Европа за Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека требало да се слушаат што зборуваат земјите од Централна Европа за Русија и порано да се преземат „одлучни акции“.

- Мислам дека требаше подобро да ги слушаме земјите од Централна Европа. Тие имаат многу повеќе искуство со соседството на Русија. Можеби требаше да направиме нешто порано, како што предложија некои централноевропски земји. Денеска можеме да бидеме благодарни и задоволни што имаме толку силна Европа, која може да даде толку силен одговор на Русија, рече таа на прес-конференција во Брисел на прашањето што научи ЕУ од Полска во изминатите 20 години.

Претседателката на Европската комисија истакна дека 20-годишнината од големото проширување на ЕУ бил одлучувачки момент и гледајќи од денешна перспектива, суштински ја промени Европа и ја направи посилна, пренесува полската телевизија TV World. /МИА

На ГП Богородица се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер