Фејсбук избриша десетици антиваксерски центри за ширење лажни информации - Канал 5

Фејсбук избриша десетици антиваксерски центри за ширење лажни информации

Facebook Inc соопшти дека отстранил повеќе десетици страници што шират дезинформации за вакцините против КОВИД-19, откако Белата куќа ги повика фирмите на социјалните мрежи да ја зајакнат контролата на фактите поврзани со пандемијата.

Фејсбук избриша десетици антиваксерски центри за ширење лажни информации

Компаниите како Јутјуб, Твитер и Гугл се најдоа на удар на администрацијата на Бајден поради алармантното ширење на дезинформации за вакцините што го погодуваат темпото на вакцинирање во земјата, во која многумина се непријателски расположени кон вакцинирањето.

Неодамнешниот извештај од Центарот за борба против дигиталната омраза (CCDH) на САД покажал дека 12 антиваксерски профили шират скоро две третини од дезинформации против вакцините на Интернет.

Фејсбук ја оспорил методологијата што стои зад извештајот, но денеска соопшти дека отстраниле повеќе десетици страници, групи и сметки на Фејсбук или Инстаграм поврзани со овие 12 профили за кршење на нивните политики.

„Исто така, воведовме казни за речиси дваесетина дополнителни страници, групи или сметки поврзани со овие 12 лица“, соопшти Фејсбук во блогпостот насловен „Како да преземаме дејствија против ширењето на дезинформации за вакцините“.

Некои од главните дезинформации за вакцините со кои се бори администрацијата на Бајден вклучуваат дека вакцините протви КОВИД-19 се неефикасни, лажни тврдења дека се вградуваат микрочипови и дека ја повредуваат плодноста на жените, изјави официјален претставник на Белата куќа минатиот месец, пренесува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте – во Македонија досега има 30 заразени

По прогласената епидемија во делови од Скопје, како, Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте, па сега вкупниот број се искачи на 30.

Бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте – во Македонија досега има 30 заразени

Од нив 20 се уште се во болница, петмина, кои имаат над 60 години и се со други хронични болести се во критична состојба, на респиратор, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клинка.

Досега имаме еден смртен случај, 83-годишен скопјанец, а 9 се излекувани, односно пуштени од болница дома. Експертите велат дека простор за паника нема. Професор д-р Никола Пановски вели дека она што сега треба секој од нас да го прави е да се заштити, со сретства против комарци, со мрежи на вратите, а и во дворовите да се исчисти застоената вода што претствува добро место за размножување на комарците....При симптоми како што се силна главоболка, зашеметеност, вкочанетот во вратот веднаш да се побара лекарска помош, но на своја рака да не се земаат лекови и антибиотици....

Со професорот Пановски разговараше Сања Трајковска Ставров. Во видеото погледнете го целиот разговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода

Гостиварци извесно е дека од утре ќе имаат безбедна и питка вода од градскиот водовод. 

Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода

Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките параметри.

Од Локалниот кризен штаб за Канал 5 потврдуваат дека добрите резултати од примероците земени вчера се очекуваат во текот на денот. Доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува утре да биде укината забраната за нејзино користење за пиење.

-Трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа. Резултатите што ги добиле изутринва се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште резултатите кои биле земени вчера вечерта кои пак се очекуваат да излезат некаде после 16 часот. Токму, затоа Централниот кризен штаб ќе даде предлог утре АХВ да излезе со соопштение и да ја укине забраната за користење на вода за пиење во Гостивар – вели Зуди Џелили – Координатор на Кризниот штаб во Гостивар.

Од Кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.

Проверките ќе продолжат и во наредниот период, а паралелно ќе се работи и на подобрување на снабдувањето во деловите од градот каде што притисокот на водата е многу слаб, објаснуваат од Кризниот штаб во Гостивар.

-Доколку и вечерните резултати ја потврдат исправноста на водата, ние како локален кризен штаб ќе имаме можеби прес со членови од централниот кризен штаб и ќе им соопштиме на граѓаните дека дефинитивно водата е добра за пиење од водоснабдителниот систем во општина Гостивар – посочува Џелили.

Со очекуваното укинување на забраната, по повеќе од пет недели би завршила голготата на гостиварци со питката вода. Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем предизвика здравствени проблеми кај околу 5000 жители.

За загадената вода со фекалии Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководни позиции во Јавното претпријатие „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со одредени дејствија поврзани со водоснабдителниот систем во Гостивар овозможиле мешање на загадена вода со водата од системот за пиење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов украински напад: Рускиот извоз на жито и црноморската флота се загрозени

Масивен украински напад со беспилотни летала и ракети врз руското пристаниште Новоросијск оштети два главни терминали за извоз на жито и ја погоди последната голема поморска база на Русија на Црното Море.

Нов украински напад: Рускиот извоз на жито и црноморската флота се загрозени

Локалните власти потврдија дека три лица се убиени, вклучувајќи едно осумгодишно дете, а 24 се повредени во нападот што се случил ноќеска.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев започнал координирана операција со употреба на ракети, воздушни и морски дронови за да ја нападне руската база.

Тој не ги спомена терминалите за жито во својата изјава. Украинската војска подоцна соопшти дека четири руски воени брода, вклучувајќи две фрегати, биле погодени, тврдење за кое русија не коментираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер