Федерер се врати на врвот на АТП листата - Канал 5

Федерер се врати на врвот на АТП листата

Рожер Федерер во четвртфиналето во Ротердам успеа да го совлада Робин Хасе со 2-1 во сетови, а самиот пласман во полуфиналето го искачи на првото место на АТП листата.

Федерер се врати на врвот на АТП листата
Тој воедно со 36 години стана највозрасен „рекет број еден“ во историјата на тенисот, надминувајќи го Андре Агаси кој беше на врвот на АТП листата на 33 години во септември 2003 година.

Хасе имаше добар старт и го изненади Федерер во првиот сет, користејќи ја првата и единствена брејк шанса што му се укажа за водство од 4-6.
Меѓутоа, Швајцарецот експресно израмни на 1-1 и го доби вториот сет со 6-1 по само 20 минути игра.

Во одлучувачкиот сет стигна лесно до победа од 6-1.

Федерер последен пат се наоѓаше на првото место на АТП листата во 2012 година./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Реконструкцијата на Влада е само замена на Курто со Мурто

Најавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе. 

СДСМ: Реконструкцијата на Влада е само замена на Курто со Мурто

Замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт.

По две години владеење, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски резултати, ниту повисок животен стандард, ниту правда, ништо. Ниту едно изборно ветување не е исполнето.

Економијата е во сериозна криза, буџетскиот дефицит е речиси целосно потрошен за само шест месеци, нема пари ниту за пензии, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а премиерот како решение за иселувањето на младите најавува увоз на „економски работници“.

Во тендер-коалицијата ништо суштински не се менува. Театарот е ист, глумците се исти.

Старите политики остануваат, старите практики продолжуваат, а новите имиња се само нова амбалажа за истото неуспешно владеење, на истото старо, корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните.

Симни се Курто да се качи Мурто, а газадата останува ист.

Македонија не оди напред. Со оваа власт Македонија забрзано се движи кон пропаст.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Усвоен законот за органодарителство

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт.

Усвоен законот за органодарителство

Законот, кој беше донесен по скратена постапка, доби поддршка од 58 пратеници, додека шест гласаа против.. Од министерството за здравство оценуваат дека со овие измени значително се унапредува правната и институционалната рамка за органодарителство и трансплантација во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Оризови топчиња

Во вторник (23.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Анита Бошкова.

„Гответе со Дракче“ - Оризови топчиња

Состојки за денешниот рецепт:

250 - 300 гр. ориз

2 парчиња пилешки стек

3 парчиња моркови

1 мала главица кромид

половина китка магдонос

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер