Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?
1Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?
3ДУИ: Недим Рама купувал акции во германската компанија „Мерцедес - Бенз“ додека раководел со НОМАГАС – од каде се парите?
ТенисФедерер се расплака на концертот на Бочели (ВИДЕО)Италијанскиот тенор Андреа Бочели овој понеделник одржа концерт во Цирих, Швајцарија, а на крајот од концертот го повика познатиот поранешен тенисер Роџер Федерер да му се придружи на сцената.Бочели го нарече Федерер „жива легенда“ и го покани да му се придружи на сцената додека ја изведуваше „Несун Дорма“ од Џакомо Пучини, а тенисерот беше целосно обземен од емоции додека го слушаше настапот на познатиот тенор. View this post on Instagram A post shared by Andrea Bocelli (@andreabocelliofficial) На крајот од настапот Федерер ракоплескаше, а потоа се гушнаа со громогласен аплауз на публиката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБарселона подготвува втора понуда за најдобриот фудбалер од Мундијалот, РодриКаталонскиот гигант Барселона се подготвува да ги засили напорите за ангажирање на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, најдобриот фудбалер од Мундијалот, Родри, и подготвува втора понуда. Актуелните шпански шампиони се надеваат дека ќе го обезбедат потписот на освојувачот на Светското првенство во наредните денови. Новата понуда на Барселона изнесува 60 милиони евра, а на Родри му преостанува уште една година од договорот со Манчестер Сити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗдружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?На 12 август 2026 година се навршуваат шест години од затворањето на Еуростандард банка - денот кога илјадници граѓани, пензионери, фирми и здруженија останаа без пристап до своите пари и беа втурнати во долга правна, финансиска и институционална неПо години молк, бавно постапување и незадоволство кај оштетените штедачи, случајот конечно добива нова тежина со поднесеното обвинение против поранешните раководни лица на банката - Трифун Костовски, Коста Костовски, Николче Петкоски и Зоран Николовски. Обвинението повторно ги отвора прашањата што јавноста ги поставува со години: како се одобрувале кредитите, на кого, со какво обезбедување, кој ги контролирал ризиците и кој дозволил банката да стигне до стечај? Според објавените информации, обвинението се однесува на одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, и со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците. Наведената штета за доверителите изнесува над 1,66 милијарди денари, односно околу 27 милиони евра. Поднесувањето на овој обвинителен акт во Основниот кривичен суд Скопје е само почеток на правната битка. Јавноста сега очекува брза, транспарентна и ефикасна судска завршница, каде фокусот нема да биде само на затворските казни за виновниците, туку и на целосна конфискација на имотот со цел максимално обесштетување на сите жртви на овој епски банкарски колапс. Ова веќе не е само приказна за една пропадната банка. Ова е приказна за довербата во финансискиот систем, за одговорноста на оние што управувале, надгледувале и одлучувале, но и за институциите кои морале навремено да реагираат. Прашањето денес не е само кој ја доведе Еуростандард банка до стечај. Прашањето е зошто беа потребни шест години за вистината да почне да излегува на површина. Оштетените граѓани и фирми не бараат милост. Тие бараат вистина, одговорност и правда. Случајот Еуростандард банка останува тест за државата: дали правдата ќе оди до крај, или и овој случај ќе остане уште една болна приказна во која времето ја покрива одговорноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПијано вечер на „Охридско лето“ со кинескиот уметник Сихенг СонгВо црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот целовечерен концерт на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг.Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжува да студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и приватно се усовршува со Доминик Мерле. Добитник е на награди на Меѓународниот натпревар во Мароко, „Висеу“, на натпреварот во Португалија, на конкурсот „Гран при Анимато“, како и на натпреварите во Лидс и во Даблин. Тој е прв победник од кинеска националност на престижната награда на конкурост „Лонг-Тибо“ во 2004 година. Овие признанија му носат на Сихенг Сонг бројни можности за настапи низ целиот свет, и тоа во: Токио, Сеул, Пекинг, Шангај, Париз, Берлин и Њујорк. Настапува на фестивалите „Рок Антерон“ во Франција, фестивалот во Рур, Германија, Фестивалот „Бетовен“ во Бон, и фестивалот во Душники во Полска. Како солист со оркестар настапува со голем број оркестри во Франција, како и со оркестрите во Монте Карло, со Оркестарот „Хале“ во В. Британија, со Камерниот оркестар во Виена, со Кинеската филхармонија, со Филхармонијата во Хонг Конг и Новата jапонска филхармонија. Сихенг Сонг бил член на жирија на повеќе натпревари, а бил и најмлад резидентен уметник на Шангајскиот Гранд театар. Од 2010 година тој започнува со нов тип на концерти во кој го комбинира стандардниот рецитален формат со мултимедија и досега има направено 5 такви проекти во кои прави спој на музиката и театарот, уметноста и литературата што придонесува кон доближување на класичната музика кон публиката на 21 век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook