Федерер: Надал е виновен зошто не играм на земја - Канал 5

Федерер: Надал е виновен зошто не играм на земја

Роџер Федерер веќе втора година по ред реши да ја пропушти сезоната на земја и објасни зошто го прави тоа.

Федерер: Надал е виновен зошто не играм на земја
Швајцарецот ја започна сезоната добро, но потоа изгуби во финалето на Индијан Велс од Дел Потро, а по елиминацијата во првото коло во Мајами одлучи да паузираат и да ја „прескокне“ уште еднаш сезоната на земја, а причината за ова е Рафаел Надал.

- Рафа секогаш имаше предност над мене кога игравме на земја, токму како што покажува статистиката од нашите дуели на оваа подлога. На многу начини се обидував да го сменам меѓусебниот резултат, користев различни тактики, го сменив бек-хендот, но Надал на теренот одговораше на се што правев, изјави Федерер.

Тој додаде дека на други подлоги имале многу изедначени дуели, но на земја секогаш доминирал Шпанецот.

- Во овој период мојата кариера, кога акцент ставам на победите, решив да ја прескокнам сезоната на земја. Чувствувам дека можам добро да играм на земја, но потребно е многу напор, а Рафа е прилагоден на оваа површина подобро од било кој друг, додаде „Маестро“.

Швајцарецот моментално е во Јужна Африка, а неговиот тренер, Иван Љубичиќ, објави дека Федерер ќе се врати на теренот на турнирот во Хале./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска и Ацевски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу МФ и ДЗР – Поголема координација за заштита на јавните средства

​Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ја унапрдуваат меѓуинституционалнта соработка и координација со цел градење посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии. 

Димитриеска-Кочоска и Ацевски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу МФ и ДЗР – Поголема координација за заштита на јавните средства

Денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и главниот државен ревизок Максим Ацески потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека денешното потпишување на Меморандумот за соработка со Државниот завод за ревизија го зајакнува партнерство коешто ги поврзува експертските, техничките и аналитичките капацитети на две клучни институции во заштитата на парите на граѓаните и создава поцврста институционална основа за заедничко дејствување во спречувањето и откривањето на неправилности, измами и коруптивни дејствија.

„Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија потврдуваат јасна политичка и професионална определба за силни институции, одговорно управување со јавните средства и нулта толеранција кон корупцијата. Ова партнерство не е само административен чекор, туку суштинска реформа, која дава основа за подобра координација, поголема транспарентност и поефикасна заштита на јавните средства. Нашата обврска е секој денар од домашните буџетски средства, како и секое евро од европските фондови, да биде потрошено законски, наменски, одговорно и во интерес на граѓаните“, истакна министерката на потпишувањето на Меморандумот.

„Потпишувањето на овој Меморандум претставува воспоставување на бескомпромисен систем на институционална синергија, која преку конкретна примена на меѓународните ревизорски стандарди и операционализација на АФКОС мрежата, гарантира дека секој денар од даночните обврзници е заштитен од неправилности и измами. Со оваа соработка, ние не само што ја подигнуваме транспарентноста и отчетноста на највисоко ниво согласно европските вредности, туку директно го подобруваме квалитетот на услугите за граѓаните, осигурувајќи дека средствата на даночните обврзници се користат наменски во насока на испорака на квалитетни, навремени и континуирани услуги на граѓаните“, изјави главниот државен ревизор Ацевски.

Иницијативата за Меморандумoт за соработка меѓу двете институции е резултат на добрата пракса во земјите-членки на Европската унија и истиот воспоставува рамка за соработка во повеќе области од заеднички интерес, овозможува размена на искуства, знаења и податоци, унапредување на професионалните капацитети и примена на европските стандарди.

Меморандумот ќе овозможи на двете институции размена на знаења и искуства преку работни средби, работилници, конференции, семинари, обуки и други форми на професионално усовршување. Вработените од Државниот завод за ревизија ќе можат да се вклучат како предавачи во обуките што ги организира Министерството за финансии преку Секторот – Академија за јавни финансии, додека експертите од Министерството за финансии ќе можат да придонесат во програмите за континуирано професионално усовршување на вработените во Државниот завод за ревизија. Предвидена е и редовна размена на стручна литература, сметководствени и ревизорски стандарди, методолошки прирачници, годишни програми за ревизорски активности, како и конечни ревизорски извештаи и акциски планови подготвени од јавните субјекти. Со Меморандумот се предвидени активности за подигнување на јавната свест за превенција и препознавање на неправилностите и измамите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови снимки од „GTA 6“: Погледнете што откриваат

Треба да добиеме нов поглед на „GTA 6“ следниот четврток, но некои снимки од играта се појавија на интернет дури и пред официјалното лансирање.

Нови снимки од „GTA 6“: Погледнете што откриваат

Овие снимки наскоро беа отстранети од платформите на кои се појавија, што дополнително ги поттикна сомнежите дека се работи за автентичен материјал. Сепак, според информациите што го придружуваат протекувањето, снимките наводно доаѓаат од верзија на играта стара околу една година и не ја претставуваат верзијата што „Rockstar“ планира да ја прикаже следната недела.

Досега се појавија два кратки клипа.

Првиот го прикажува протагонистот Џејсон како игра кошарка на теренот до неговата куќа. Вториот клип покажува конфликт со возач, а може да се види дека „NPC“ ликовите ќе имаат можност да фрлаат предмети за време на конфликтот.

Клипот наводно открива и некои детали за полициските потера. Се чини дека системот би можел да биде посличен на оној од „GTA 4“, односно полицијата нема да реагира само врз основа на класичното ниво на систем за потера. Наводно ќе има и опис на осомничениот, вклучувајќи го автомобилот што го користи и облеката што ја носи.

Покрај снимките од играта, на интернет почна да циркулира и наводна фотографија од комплетната мапа на „GTA 6“, на која се прикажани имињата на различни региони. Автентичноста на оваа мапа сè уште не е потврдена, објавува „HCL“.

Според претходните информации, играта моментално не е најавена како класично физичко издание со комплетната игра на „Blu-ray“ диск. Наместо тоа, физичкото пакување треба да содржи код за преземање на дигиталната верзија.

Поскапото „Ultimate“ издание исто така привлекува дополнително внимание, кое треба да донесе одредена ексклузивна содржина. Тие вклучуваат дополнителни опции за прилагодување на ликовите и возилата, како и пристап до одредени локации во играта.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Португалија ги забранува бурките на јавни места. Казни до 3.000 евра

Португалија усвои закон со кој се забранува покривање на лицето на јавни места, а за прекршување на одредбите се предвидени парични казни кои се движат од 150 до 3.000 евра.

Португалија ги забранува бурките на јавни места. Казни до 3.000 евра

Новите прописи – кои локалните медиуми ги нарекоа „закон за бурка“ – забрануваат носење облека што го крие лицето или оневозможува идентификација, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews).

Законот исто така забранува принудување на други лица да го покриваат лицето врз основа на пол, религија, возраст или потекло. „Лицето мора да се смета за централен елемент на човечкиот идентитет и комуникацијата“, изјави португалскиот претседател Антонио Хозе Сегуро, признавајќи дека ова прашање вклучува „голема општествена и културна чувствителност“.

Исклучоци од забраната се предвидени за покривање на лицето од здравствени, професионални или уметнички причини, како и поради временските услови. Забраната не важи ниту за верски објекти, дипломатски претставништва или воздухоплови.

Законот беше усвоен во парламентот во јули со поддршка на владејачката десничарска коалиција и екстремно десничарските партии, додека левичарските партии гласаа против него. Предлогот, поднесен од десничарската партија „Чега“, наиде на негативни мислења од Португалската адвокатска комора, Високиот совет на Јавното обвинителство и Португалското здружение на адвокатки. Експертите исто така изразија загриженост дека законот би можел да биде неуставен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер