ТенисФедерер на победа од постигнување за историјата Рекордерот со освоени 20 Гренд слем титули, Роџер Федерер е само на една победа од тоа да стане најстариот тенисер, кој некогаш бил на чело на светската АТП листа.36-годишниот Швајцарец го победи Германецот Филип Колшрајбер со 7:6 (8), 7:5 по час и 42 минути игра во вториот круг на силниот турнир во Ротердам и се пласираше во 1/4-финалето. Ако се пласира во следната фаза, Федерер ќе го смени Шпанецот Рафаел Надал. од врвот на светската ранг-листа. Следниот противник на Швајцарецот е Робин Хасе, кој вчера го победи 259-иот во свет учесник Талон Грикспор. Грикспор се пласираше со „вајлд карта" и на почетокот го елиминираше Швајцарецот Стен Вавринка. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Реконструкцијата на Влада е само замена на Курто со МуртоНајавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе. Замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт. По две години владеење, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски резултати, ниту повисок животен стандард, ниту правда, ништо. Ниту едно изборно ветување не е исполнето. Економијата е во сериозна криза, буџетскиот дефицит е речиси целосно потрошен за само шест месеци, нема пари ниту за пензии, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а премиерот како решение за иселувањето на младите најавува увоз на „економски работници“. Во тендер-коалицијата ништо суштински не се менува. Театарот е ист, глумците се исти. Старите политики остануваат, старите практики продолжуваат, а новите имиња се само нова амбалажа за истото неуспешно владеење, на истото старо, корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните. Симни се Курто да се качи Мурто, а газадата останува ист. Македонија не оди напред. Со оваа власт Македонија забрзано се движи кон пропаст. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУсвоен законот за органодарителствоСобранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт.Законот, кој беше донесен по скратена постапка, доби поддршка од 58 пратеници, додека шест гласаа против.. Од министерството за здравство оценуваат дека со овие измени значително се унапредува правната и институционалната рамка за органодарителство и трансплантација во земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Оризови топчињаВо вторник (23.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Анита Бошкова.Состојки за денешниот рецепт: 250 - 300 гр. ориз 2 парчиња пилешки стек 3 парчиња моркови 1 мала главица кромид половина китка магдонос масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook