ТенисФедерер лесно до полуфиналето во Мелбурн Бранителот на трофејот на Австралија опен, Роџер Федерер се избори за полуфинале на Грен слемот во Мелбурн по денешната победа над Томаш Бердих од Чешка со 3-0, по сетови 7:6, 6:3 и 6:4.За Федерер ова е 14. полуфинале на АО. Швајцарецот во полуфиналната фаза ќе се сретне со Хијон Чунг од Јужна Кореја. Во второто полуфинале ќе играат хрватскиот тенисер Марин Чилиќ и Британецот Кајл Едмунд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТротинети ќе можат да управуваат само полнолетни, брзина за движење се ограничува на 20 км/часСобранието ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, кои се однесуваат на регулирање на учеството на електричните тротинети во сообраќајот..Со законот се редефинира точка 57 „лесно електрично возило“ и се предвидува максимална брзина од 20 км на час на тротинетите во согласност со препораките на Европската унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип возила. Се зголемува старосната граница, односно ќе може да ги управуваат лица со најмалку 18 години возраст. Се заострува и казнената политика за сторителите на прекршоците предвидени во законот, а во конкретни случаи покрај изречената глоба се предвидува и одземање на возилото ако се работи за малолетен возач, пречекорување на дозволена брзина, превезување друго лице, возење под дејство на алкохол.Тагови: електричен тротинет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
СветКатастрофа во Венецуела: Над 43.000 лица водат како исчезнати по разорни земјотресиСостојбата во Венецуела по двата катастрофални земјотреси останува крајно тешка, додека бројот на исчезнати лица достигнува над 43.000, според податоци објавени преку Службата за евиденција на исчезнати лица.Според најновите информации, сè уште нема никаков контакт со 43.251 пријавено лице, иако оваа бројка бележи благ пад во однос на претходниот ден. Официјалните власти соопштија дека досега е потврдена смртта на 1.719 лица, додека над 5.000 се повредени, а речиси 16.000 останале без домови. Обединетите нации предупредија дека конечниот број на жртви може значително да порасне, со проценки кои достигнуваат и до 10.000 загинати, додека спасувачките операции продолжуваат во екстремно тешки услови под урнатините низ погодените области..Тагови: Венецуела земјотреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сексипилната Никол повторно во бикиниСветската музичка ѕвезда Никол Шерцингер уште еднаш покажа дека и нема рамна кога е во прашање изгледот, иако наполни 48 години.Мегапопуларната Никол Шерцингер ја покажа својата фигура што го одзема здивот додека споделуваше серија заводливи фотографии по повод нејзиниот 48-ми роденден. Ѕвездата од „Pussycat Dolls“ изгледа прекрасно во објава на Инстаграм додека ужива на егзотичните Хаваи, во серија фотографии и видео. „Последен ден на овие години, се чувствував слатко на зајдисонце, како дома на нејзината омилена плажа“, напиша Никол за себе. Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook