Федерални агенти во вилите на Шон Диди: Уапсени неговите синови? - Канал 5

Федерални агенти во вилите на Шон Диди: Уапсени неговите синови?

Синоќа федерални агенти извршиле рација на два имоти на музичарот Шон Диди Комбс, во врска со истрагата за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, пишуваат американските медиуми.

Федерални агенти во вилите на Шон Диди: Уапсени неговите синови?

- Во Лос Анџелес и Мајами беа извршени координирани рации од вооружени агенти на Министерството за државна безбедност, со помош на локалните полициски сили - изјавија извори за TMZ.

Телевизиската станица „FOX11“ објави снимка од претресот во Лос Анџелес, каде со лисици може да се видат двајца од синовите на раперот, 30 годишниот Џастин Комбс и пет години помладиот Кинг Комбс.

Извршувањето на налогот за претрес, издадено од Канцеларијата на американското правобранителство, се верува дека е поврзано со наводите што се појавија против 54-годишниот музичар во последните месеци, почнувајќи со тужбата поднесена во ноември од страна на R&B пејачката Кејси Вентура, која обвини него за долгогодишно сексуално малтретирање и физичко малтретирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка

Некои подароци не се мерат по нивната вредност, туку по приказната што ја носат, напиша на својот Фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка

Десетгодишно момче од Украина, кое од синоќа престојува во Кавадарци, денес му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка – подарок со огромна симболика и значење.

Неговата мајка веќе четири години е на фронтот, бранејќи ја својата татковина. Четири години во кои ова дете расте со надеж дека повторно ќе ја прегрне.

Со овој скромен, но исклучително значаен гест, момчето ја изрази својата благодарност за можноста да престојува во Кавадарци, каде заедно со другите деца од најпогодените воени подрачја ќе помине десет дена исполнети со мир, дружење, спортски и културни активности и нови пријателства.

Постојат подароци што немаат материјална вредност, но носат приказни кои засекогаш остануваат во сеќавање. Денешниот е токму таков, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош го одбележува меѓународниот ден на шахот со „Шаховско утро“

По повод Меѓународниот ден на шахот, Општина Карпош организира „Шаховско утро“, кое ќе се одржи на 20 јули 2026 година (понеделник), со почеток во 09:00 часот, на платото „Млечен“.

Општина Карпош го одбележува меѓународниот ден на шахот со „Шаховско утро“

Настанот има за цел да го промовира шахот како интелектуална игра која ги развива логичкото размислување, концентрацијата, стратегиското планирање и спортскиот дух, како и да поттикне дружење и меѓугенерациско поврзување.

На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ќе се придружи на заедничкото одбележување на овој значаен ден.

Општина Карпош ги поканува сите љубители на шахот – деца, млади, возрасни и пензионери, без разлика на нивото на искуство – да земат учество во ова заедничко шаховско дружење и да бидат дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на шахот.

Со организирањето на вакви настани, Општина Карпош продолжува да промовира активности кои ги поттикнуваат здравите животни навики, интелектуалниот развој, спортскиот дух и активното учество на граѓаните во животот на локалната заедница.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ни се придружат и заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на шахот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски назначи нов министер за одбрана во обид да ја реши политичката криза

Украинскиот претседател Володимир Зеленски назначи нов министер за одбрана, во обид да ја смири политичката криза предизвикана од разрешувањето на доскорешниот министер Михајло Федоров, чија смена предизвика серија на протести во земјата.

Зеленски назначи нов министер за одбрана во обид да ја реши политичката криза

На неговото место доаѓа Евгениј Хмара, кој како шеф на домашната разузнавачка служба СБУ ги надгледуваше украинските напади со дронови во длабочината на Русија.

Зеленски досега не ја објасни причината за смената на 35-годишниот Федоров, кој го обвини началникот на генералштабот Олександар Сирски дека ги блокирал иницијативите на министерството и не ги решавал проблемите директно.

Поради смената на федоров, оставка поднесе заменик-заповедникот на украинските воздухопловни сили Павло Елизаров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер