Федерална изборна комисија: Маск потроши повеќе од 290 милиони долари на изборите во 2024 - Канал 5

Федерална изборна комисија: Маск потроши повеќе од 290 милиони долари на изборите во 2024

Американскиот милијардер Илон Маск потроши вкупно повеќе од 290 милиони долари на изборите во 2024 година, поддржувајќи го претседателот Доналд Трамп и републиканците, според податоците на Федералната изборна комисија (FEC).

Федерална изборна комисија: Маск потроши повеќе од 290 милиони долари на изборите во 2024

Документите, што ги покриваат последните пет недели од минатата година, открија и борба за влијание додека новата администрација на Доналд Трамп се подготвуваше да ја преземе функцијата, во која Маск, благодарение на финансирањето на кампањата, успеа да обезбеди невиден пристап во новата администрација, јави Си-Ен-Ен.

Новите поднесоци до Федералната изборна комисија во петокот покажаа дека Маск вложил околу 11,2 милиони долари во неговиот главен Политички акциски комитет (Супер ПАК) на последниот ден од годината, со што вкупното политичко давање за изборниот циклус е повеќе од 290 милиони долари, што е огромна сума на која и се близу само неколку мега донатори./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата.

Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели.

Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност.

Руско „сафари“

Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер