Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
2Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
МакедонијаФедерацијата на фармери со барања и препораки пред почетокот на жетватаНационалната федерација на фармери на самиот почеток на жетвата бара минималната цена на пченицата да биде 13 денари по килограм, а доколку производната цена е повисока од откупна да се постапи согласно Законот за земјоделство и рурален развој.На ваков начин, како што посочува Федерацијата, ќе се заштитат малите производители на пченица кои во најголем дел ја произведуваат пченицата, односно од вкупно 105.061 земјоделски стопанства, 104.853 се земјоделци кои произведуваат пченица на површина од два до четир хектари, а 208 се деловни субјекти. Од Федерацијата бараат и зачестени контроли на откупните пунктови посебно во делот на издавање на кантарни белешки, склучување договори и почитување на берзанските откупни цени на пченицата. За да не се доведе државата во ситуација да нема резерва на пченица, од Федерацијата препорачуваат Агенцијата за стокови резерви да излезе со информација колку резерви со пченица има и да спроведе постапка за откуп на пченица во текот на самата жетва. Според анализите направени од Федерацијата, најголем проблем со кои се соочувуваат земјоделците се климатските промени, односно брзите промени на температурата и сушата, како и продажната цена. – Македонското производство на пченица едвај преживува, бидејќи не постои систем на гарантиран откуп и навремена исплата, ниту планска сеидба или договорно производство, а ретко се прави и интервентен откуп, иако постои законска можност. Сето ова доведува до намалена употреба на современи технологии и инвестиции во производството и го прави овој потсектор еден од најпогодените (иако е единствениот стратешки), посочува Мемет Синани, тим лидер на потсекторската група за пченица во Националната федерација на фармери. Според статистичките показатели, производството на пченица опаѓа од година во година. За период од последните 19 години, производството е опаднато за просечни 20 проценти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТелеком со иницијатива за безбеден интернет: Насилството не смее да има публикаМакедонски Телеком и министерството за образование и наука започнаа национална иницијатива против врсничкото насилство и омразата во дигиталниот простор, насловена „Скрши го кругот на насилството. Не биди публика.“Фокусот на иницијативата е насочен кон превенција на сајбер-булингот и улогата на сведоците што снимаат и споделуваат насилство. Кампањата беше промовирана во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје на првиот училишен ден, со најава за нови образовни стандарди и промоција на семејната безбедносна апликација Safe Family. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнгелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец – драматично било во општина БоговињеОпасноста од пожари останува и нивниот број е сѐ уште многу висок, над 20 дневно, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.Во моментов тежок пожар има на територијата на општина Струга, во атарот на селата Локов и Буринец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски и Филипче продолжија со размена на аргументи „За“ и „Против“ изградбата на дата центриПроспертитетна или погубна политика- изградбата на дата центри и денеска во фокусот на премиерот и лидерот на опозицијата.Проспертитетна или погубна политика- изградбата на дата центри и денеска во фокусот на премиерот и лидерот на опозицијата, Мицкоски и Филипче. Развојот е неповратен процес, опозицијата се однесува неодговорно и изолирано, изјави Мицкоски, кој рече дека и претседателот на САД Трамп им укажа на тие кои се противат дека економските придобивки од дата центрите се големи. Филипче пак ги повтори неговите аргументи дека загрозени ќе бидат водата и струјата. -Секогаш кога ќе појдете на Исток, особено во азиските земји, кога ќе ги видите хуманоидните роботи, кога ќе видите како функционираат современите сообраќајни решенија и кога ќе се соочите со тие технолошки достигнувања, тогаш се враќате со воодушевување. А кога овде Владата ќе ви каже: Ајде луѓе ние да направиме нешто’, е тогаш сте против, тогаш работата не чини. Така што, тие нека си продолжат со својот талог и со своето политичко мочуриште. Ние знаеме каде да ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и иднина.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада -Ќе има ли вода за наводнување на земјоделските површини? Тоа никој не го кажува.. Пото а, ќе има ли потреба од увоз на струја? Јас мислам дека тоа е главната работа. Една од причините зашто ги дислоцираат или не дозволуваат развиените земји е затоа што има енормна неподнослива бука. Има нејонизирачно електромагнентно зрачење околу, кој ќе сака да живее во таква средина? - Венко Филипче – претседател на СДСМ Премиерот Мицкоски и лидерот на опозицијата разменија обввинувања и за јавниот долг на државата.. Филипче изјави дека вчера на Влада било усвоена потреба за ново задолжување од милијарда и 300 милиони евра, додека пак Мицкоски вели дека сега се враќаат стари долгови од времето на СДСМ и ДУИ. -Значи Владата повторно ја задолжува земјата, граѓаните, со нови 1,3 милијарда евра. Пари дополнително на оние 2,5 милијарди евра, со кои што го зголемија долгот на државата во изминатите две години. Пари кои што ќе ги враќаме сите ние, зашто поради нивните лоши економски политики.- Венко Филипче – претседател на СДСМ -2017 во споредба со 2026 година е три спрема еден во делот на каматите, а тоа е долгот што го остави тогашната влада – владата на СДСМ и ДУИ, и долгот што го плаќа оваа Влада, која го наследи од владата на СДСМ и ДУИ.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Мицкоски ги обвини претходните влади дека не воделе сметка за добра фискална политика и смета дека ја уништиле македонската економија со потези како прогресивниот, а потоа и со солидарниот данок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27