ФБИ: Има закана од вооружени напади од толпите на Трамп во сите држави

Сите 50 американски држави и областа Колумбија каде што се наоѓа главниот град Вашингтон Д.Ц. се во состојба на готовност поради можни насилни протести викендов.

Насилните протести се очекуваат викендов пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден во среда, пренесува Би-Би-Си.

Припадниците на Националната гарда од целата земја се испратени во Вашингтон за да спречат повторување на немирите што се случија на 6 јануари.

ФБИ предупредува дека постои можност за вооружени напади од приврзаници на претседателот Доналд Трамп во главните градови на сите 50 држави.

Затоа е затворен паркот во Вашингтон, каде што се наоѓа споменикот на Џорџ Вашингтон и познатиот обелиск. Поставени се барикади по улиците и засилени се мерките за безбедност.

Соработниците на Бајден ги советуваат Американците да не патуваат во главниот град поради пандемијата, а локалните власти соопштиле дека ќе има телевизиски пренос од инаугурацијата.

Протести се очекуваат особено во недела, како што е најавено на социјалните мрежи кои го поддржуваат Трамп, и на денот на инаугурацијата во Вашингтон.

Некои групи им порачале на своите приврзаници да не одат, а како причина ги навеле строгите безбедносни мерки и тврдат дека планираните настани се полициска стапица.

Гувернерите на Мериленд, Ново Мексико и Јута прогласиле вонредна состојба.

Калифорнија, Пенсилванија, Мичиген, Вирџинија, Вашингтон и Висконсин ги активирале своите Национални гарди, а Тексас ќе го блокира пристапот до нивниот парламент до инаугурацијата.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи

Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.

Синот на Шерон Стоун стана актер

23 годишниот Роан Џозеф Стоун тргна по актерските стапки на својата славна мајка, холивудската ѕвезда Шерон Стоун.

Сексапилната актерка не го криеше задоволството што нејзиниот наследник стана актер, пишува Daily Mail.

Шерон Стоун воодушевене од новиот ангажман на синот на интернет објави фотографија од Роан.

"Роан Џозеф Стоун. Прв ден на снимање. Добре дојдовте во семејниот бизнис, дете. Забавувајте се", напиша гордата мама.

Честитки дојдоа од сите страни. Обожавателите напишаа дека е убав и едвај чекаат да го видат на големите или малите екрани.

Да потсетиме дека Шерон го посвои Роан со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронстин во 2000 година.

притисни ентер