ФАО: Нарушувањето на бродскиот транспорт ќе ја влоши тешката хуманитарна ситуација во Јемен - Канал 5

ФАО: Нарушувањето на бродскиот транспорт ќе ја влоши тешката хуманитарна ситуација во Јемен

Нарушувањето на бродскиот транспорт во Црвено Море ќе ја влоши тешката хуманитарна ситуација во Јемен.

ФАО: Нарушувањето на бродскиот транспорт ќе ја влоши тешката хуманитарна ситуација во Јемен

Ескалацијата на кризата во Црвено Море ќе го забрза зголемувањето на трошоците за испорака, ќе го одложи снабдувањето со основна храна или ќе доведе до целосно затворање на трговските патишта и затворање на јеменските пристаништа, се наведува во новиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО).

ФАО наведува ддека тоа ќе доведе до натамошно зголемување на несигурноста во храната во Јемен, што во голема мера ќе влијае на најранливите групи на населението, вклучително и сиромашните и внатрешно раселените, кои тешко ќе ги добијат основните прехранбени производи.

Според извештајот, „Потенцијални влијанија од ескалацијата на кризата во Црвено Море врз прехранбената несигурност во Јемен“, состојбата со безбедноста на храната во земјата е веќе кревка и понатамошните шокови кои произлегуваат од кризата во Црвено Море дополнително ќе ја влошат страшната ситуација. што може да се опише како една од најлошите хуманитарни итни случаи во светот.

Јемен во голема мера се потпира на увоз за да го прехрани своето население, при што околу 90 отсто од неговите основни потреби за жито се увезуваат. Според извештајот на ФАО, доколку сегашната ескалација продолжи во следните три месеци, увозот најверојатно ќе се забави, што ќе влијае на достапноста на храната и цените на домашните пазари.

Коментирајќи го извештајот, претставникот на ФАО во Јемен, Хусеин Гадаин ја повика меѓународната заедница да преземе мерки против можното влошување на и онака тешката хуманитарна криза во земјата. Тој нагласи дека конфликтот во Црвеното Море избувна во време кога вниманието на Јемен опаѓа бидејќи хуманитарните агенции го насочуваат своето внимание и ресурси кон други глобални жаришта, вклучувајќи ги Украина, Газа и Судан.

- Не можеме да си дозволиме да чекаме додека хуманитарната вонредна состојба дополнително не се влоши. Сега е време да се координираат напорите и да се деескалира кризата во Црвено Море, посочи Гадаин.

Според него, треба да се олесни континуираниот проток на комерцијални и основни хуманитарни резерви на храна.

- Оваа криза, ако не се реши, се заканува да го избрише напредокот што го постигнавме во обновата на егзистенцијата на Јеменците од почетокот на конфликтот пред осум години, нагласи Гадаин.

Извештајот предупредува дека понатамошната ескалација на кризата ќе ја наруши егзистенцијата. Рибарите, на пример, може да се откажат од своите работни места поради зголемена несигурност на море и на пристаништата.

Исто така се посочува оти зголемените воени активности во Црвеното Море би можеле да доведат до уништување на критичната инфраструктура, вклучително и пристаништата и магацините, што дополнително ќе ја попречи ефективната дистрибуција и складирање на храна во земјата и ќе ја влоши несигурноста на храната. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Тодор Конески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека промените се клучниот показател за актуелната политичка состојба во Македонија.

Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Тодор Конески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека промените се клучниот показател за актуелната политичка состојба во Македонија, нагласувајќи дека Владата спроведува политики и иницијативи со кои младите се ставаат во фокусот и добиваат можности за подобра иднина во сопствената држава.

„Кога ја коментираме политичката состојба во Македонија клучниот збор којшто треба да го издвоиме е промени, гледаме промени во коишто пред се младиот човек не се чувствува како гостин во својата држава туку како нејзин домаќин, гледаме дека секојдневно се работат иницијативи во коишто младите се во фокусот но и другите политики коишто се спроведени, а младите имаат бенефит од истите, промените се тоа што е клучно и што ја отсликува политичката состојба во Македонија. Исто така мора да потенцираме дека политичката состојбата во оваа држава моментално е многу стабилна, имаме стабилно владино мнозинство, имаме стабилна Влада којашто програмата со којашто има излезено пред граѓаните во 2024 година ја исполнува во добар тек. Промените се случуваат, дефинитивно имаме една структура којашто работи во насока на тоа Македонија како екосистем ја направи место каде што младите ќе имаат шанса за одржлив развој и фер шанса за достоинствен живот“, рече Конески.

Конески посочи и конкретни иницијативи насочени кон подобрување на студентскиот стандард, потенцирајќи дека од 13 студентски иницијативи биле прифатени 10, како и дека се разгледува нов модел за студентски оброк.

„Резултатите од Реформската агенда покажуваат дека сме први со најмногу алоцирани пари од Европската Унија согласно реформските процеси, од 13 студентски иницијативи 10 се прифатени односно студентите и барањата на студентите, понудивме нов модел за студентскиот оброк којшто рековме дека прво ќе го презентираме на студентите откако ќе се произнесат ќе видиме дали истиот ќе биде прифатен или нема, премиерот понуди две нови решенија коишто директно би помогнале при решавање на проблемот со домување, директно ќе се постапи кон решавање на истиот“, дециден е Конески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Олимписката шампионка Брињоне ја заврши кариерата

Актуелната двократна олимписка шампионка во велеслалом и супер-Џи, Федерика Брињоне, денес објави дека ја завршила својата натпреварувачка кариера поради повреда.

Олимписката шампионка Брињоне ја заврши кариерата

- По два дена на снегот, сфатив дека ногата не ми се опоравила и дека премногу ме боли. Поради оваа причина, решив да ја завршам мојата натпреварувачка кариера. Ова беше тешка одлука, и покрај сè што направив за да се вратам, сериозноста на повредата не ми дозволува. Би сакала да учествувам само во уште една, последна трка, ќе ве известам кога - рече Брињоне на Инстаграм.

Италијанската скијачка се врати на патеките во вторник за прв пат по операцијата во август, кога ѝ беа вметнати плочи и завртки во левото колено по повеќекратни фрактури на ногата и скинати предни вкрстени лигаменти.

Брињоне беше двократна светска шампионка во 2023 и 2025 година, а има сребро и бронза од Зимските олимписки игри во 2022 година и бронза од 2018 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата.

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата пред да се реализираат трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и друштвото кое денес работи под името Алта осигурување. Цветков посочи дека случајот со Алта банка АД Битола отвора сериозни прашања за функционирањето на финансискиот систем, институционалната одговорност и транспарентноста на пазарот на капитал.

„Станува збор за случај кој не смее да се третира само како редовна, деловна или техничка постапка за продажба на акции, особено, ако се има предвид дека станува збор за банкарска институција, чија сопственичка структура претрпе сериозни промени и дека во постапката се вклучени повеќе институции со различни надлежности и одговорности“, рече Цветков.

Тој посочи дека Македонската берза има важна институционална улога во обезбедувањето законито и транспарентно функционирање на пазарот, еднакви услови за учесниците и навремено објавување информации од значење за инвеститорите.

„Јавноста има право да знае како се случувале овие процеси, кој носел одлуки, врз основа на која информација и дали во секоја фаза биле почитувани принципите на законитост, транспарентност, еднаков третман и заштита на интересите на засегнатите страни“, рече Цветков.

Во таа насока, Цветков побара конкретен одговор кои документи и одобренија биле доставени до Македонската берза од надлежните институции, кога биле доставени и дали Берзата е подготвена целосно да ја објави хронологијата на постапките.

„Преку Македонска берза поминаа и трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и трансакциите за купување на друштвото што денес е Алта осигурување. Што конкретно провери берзата по секој од двата случаи пред да се извршат овие трансакции? Кои одобренија ѝ беа доставени од институциите и на кој датум? Дали сте подготвени да ја објавите таа хронологија?“, праша Цветков.

Во дополнителното прашање, Цветков го отвори и прашањето за можните правни последици од продажбата на акциите, барајќи да се разјасни дали биле проверени овластувањата на Народната банка за нивна продажба и дали постои ризик од нова штета за граѓаните доколку следуваат тужби и меѓународна арбитража.

„Проверивте ли дали Народна банка Македонија смее да ги продава тие акции, односно што доколку утре следуваат тужби и меѓународна арбитража, дали постои ризик за граѓаните на Македонија повторно да бидат оштетени?“, праша Цветков, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер