Фантастичниот Дуплантис го победи Ворхолм на 100 метри - Канал 5

Фантастичниот Дуплантис го победи Ворхолм на 100 метри

Олимпискиот победник и светски рекордер во скок со стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис го победи актуелниот светски рекордер на 400 метри со пречки, Норвежанецот Карстен Ворхолм, во егзибициската трка на 100 метри синоќа во Цирих.

Фантастичниот Дуплантис го победи Ворхолм на 100 метри

Дуплантис ја истрча патеката од 100 метри за 10,37 секунди, а Ворхолм за 10,47 што и за обајцата се лични рекорди во оваа дисциплина.

„Многу сум возбуден. Како можам да не бидам“, рече Дуплантис по трката.

Претходно, најдоброто време на Дуплантис на 100 метри изнесуваше 10,57 во средно училиште во САД во 2018 година, додека Ворхолм истрча 10,49 во 2017 година.

Со овие резултати и Дуплантис и Ворхолм ќе го минеа првиот круг од квалификациите за 100 метри на Олимпијадата./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Со шеснаесеттиот центар за е-услуги во Крушево ги доближуваме услугите до секој граѓанин

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, денеска го промовираше новиот Центар за услуги во Крушево.

Андоновски: Со шеснаесеттиот центар за е-услуги во Крушево ги доближуваме услугите до секој граѓанин

Станува збор за шеснаесеттиот Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој на граѓаните им се овозможува полесен пристап до електронските услуги и непосредна поддршка при нивното користење.

Со отворањето на Центарот, дигиталната трансформација станува подостапна за жителите на Крушево и околните населени места. На овој начин директно се отстрануваат бариерите поврзани со возраста, степенот на дигитална писменост и местото на живеење.

„Ова е шеснаесеттиот ваков центар на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните ќе добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги. Со отворањето на Центарот во Крушево директно ги отстрануваме бариерите поврзани со возраста, дигиталната писменост и местото на живеење, со што ги доближуваме услугите до секој граѓанин“, истакна министерот Андоновски

Градоначалникот Нико Чонески ја нагласи важноста на Центарот за жителите на Крушево, кои отсега ќе имаат непосредна поддршка и поедноставен пристап до јавните услуги достапни по електронски пат.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со проширување на мрежата на центри за услуги, со цел придобивките од дигитализацијата да бидат рамномерно и практично достапни за сите граѓани, независно од нивната возраст, дигитални вештини или местоположба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Летен „хаос“ на хрватските патишта: Кај Бајаково има колона долга 10 километри

На граничниот премин Бајаково меѓу Хрватска и Србија, колоната од патнички и товарни возила е долга околу 10 километри, соопшти Хрватскиот авто-клуб.

Летен „хаос“ на хрватските патишта: Кај Бајаково има колона долга 10 километри

Сообраќајот е зголемен на сите важни патишта во Хрватска кон морето, долж крајбрежјето и на повеќето гранични премини, а можни се застои и колони на наплатните станици на автопатите, кај туристичките центри и пред тунелите.

Поради зголемениот сообраќај на наплатната станица „Тракошчан“ во правец кон Загреб, колоната е долга околу пет километри и се протега до територијата на Словенија.

На приодот кон наплатната станица „Лучко“, во правец кон Карловац, колоната од возила беше долга околу два километри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност

Недонесувањето на новиот Изборен законик ја разобличи вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ.

Манасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност

Проблемот на ова трио е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност.

Иако беа прифатени сите нивни барања кои беа се, само не суштински, тие договорот не го прифатија затоа што не можеа да прифатат дека Македонија ќе запише уште еден реформски успех.

Со тоа испратија јасна порака дека за нив не е важно дали државата ќе ги исполни реформските обврски, туку дали ќе можат политички да профитираат од секој застој.

Почитувани граѓани, Македонија ќе продолжи да победува. Реформите ќе продолжат, без разлика на нивните блокади. А вие граѓаните веќе ја препознавате разликата меѓу оние што работат за државата и оние што работат против секој нејзин успех.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер