Фановите убедени дека Џеј Ло и Бен Афлек намерно се скарале поради реклама за Супер Боул(ВИДЕО) - Канал 5

Фановите убедени дека Џеј Ло и Бен Афлек намерно се скарале поради реклама за Супер Боул(ВИДЕО)

Откако беше објавена хит рекламата во која се караат Џенифер Лопез и Бен Афлек за време на синоќешниот Супер Боул, фановите се убедени дека парот ја лажирал својата борба на Греми наградите за промотивни цели.

Фановите убедени дека Џеј Ло и Бен Афлек намерно се скарале поради реклама за Супер Боул(ВИДЕО)

Потсетете се дека во рекламата за најпопуларните американски крофни, Џеј Ло и Бен се караат откако таа ќе открие дека Афлек работи во ресторанот на Данкин, а потоа му вели: „Земи ми глазирана!“

Рекламата стана хит на социјалните мрежи, но фановите сега се прашуваат дали нивната караница за Греми била исценирана.

Да потсетиме, Греми се одржа пред една недела, а на Твитер почна да кружи видео од незгоден момент меѓу нив. На видеото се гледа како Афлек ѝ шепоти нешто на уво, а таа нервозно гестикулира. Џенифер тогаш нешто му одговорила, а Бен потоа се повлекол, а тие целосно се смириле кога виделе дека камерата ги снима.

Целата работа отиде дотаму што се јави еден читател на усни кој тврдел дека знае за што зборуваат.

"Престани. Обидисе да бидеш пофин. Изгледај мотивирано", наводно му рекла Џенифер на Бен. Тоа е, барем така тврди анонимен читател за Дејли Меил, а наводно, Афлек ѝ одговорил само кратко: „Можеби ќе го направам“.

„Ова би можело да ја објасни кавгата на Греми“, напишал еден обожавател откако ја видел рекламата за Супер Боул и не е единствениот кој е убеден дека тоа е ПР трик.

„Повеќе се забавуваше работејќи во Данкин отколку да биде со неа на Греми!“ се пошегувал еден твитерџија, додека друг додал: „Во оваа реклама тој изгледаше најсреќно што некогаш бил откако се венчале. Но, тоа е глума...“

Но, дури и да е „местенка“, сепак не го објаснува видеото на Бен со изговори за алкохолот што стана вирален хит. Доколку, се разбира, не се планира нова реклама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор

Управниот одбор на „Нвидија“ објави денеска дека Џенсен Хуанг, кој поднесе оставка од компанијата на 12 ноември, ќе биде повторно назначен за нејзин извршен директор.

Голем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор

Одлуката стапува на сила веднаш, се вели во соопштението на компанијата, објави NBC News.

„Управниот одбор едногласно гласаше за повторно назначување на г-дин Хуанг по серија дискусии и состаноци со него, за време на кои одборот беше задоволен од интегритетот и способноста на г-дин Хуанг да ја води „Нвидија“. Шокантниот потег ги зголеми акциите на „Нвидија“ за 30 проценти, помагајќи му на индексот S&P 500 да се отвори за речиси четири проценти.

Порано денес беше објавено дека Алис Хуанг, жената за која се тврди дека имала афера со Џенсен, била во контакт и со кинески разузнавачки службеник.

Контактот се случил додека таа била во врска со поранешниот шеф на „Нвидија“, изјавија за ABC News извори запознаени со информациите што американските разузнавачки агенции ги собрале за случајот.

Таа била во контакт со службено лице од Министерството за државна безбедност на Кина од пролетта 2025 година до есента оваа година, велат изворите.

Се шпекулираше за враќањето на Џенсен Хуанг на чело на „Нвидија“, особено откако група вработени, како и милијардерот Илон Маск, испратија писмо до одборот на директори барајќи тој да се врати во компанијата. Сепак, компанијата соопшти дека тоа нема да се случи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ почнува теренски активности, но тие не се подготовка за предвремени избори, уверува премиерот Христијан Мицкоски. 

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

Тој повтори дека следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а неговиот мандат како претседател на владата завршува за нешто повеќе од една година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки .

Од денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни на булеварот „Туристичка“ со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона.

Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта но и останатите делови од градот за што, навремено ќе ја информираме јавноста. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер