Фалсификувале и препродавале влезници за ,,Музејот на злосторствата “ во Сараево- Шестмина уапсени

Најмалку шест лица денеска се уапсени од боснаската полиција под сомнение дека фалсификувале и продавале музејски билети, вклучувајќи го и музејот за злосторства против човештвото и геноцид во Сараево.

Според МВР на Федерацијата на Босна и Херцеговина, полицијата издала потерници за вкупно единаесет лица, од кои сите се осомничени за злоупотреба на службената должност и овластување.

„Шест лица под истрага се осомничени дека печателе дупликат билети за Музејот за злосторства против човештвото и геноцид во Сараево и во Мостар од јули 2017 година. Тие ги продавале билетите и ги чувале парите за себе “, изјави портпаролката на окружниот обвинител на округот Сараево, Азра Бавчиќ.

Таа не ги објави идентитетите на уапсените, но порталот „Кликс“ тврди дека ги вклучува и Јасмин Мешковиќ, претседател на Здружението на затвореници во БиХ.

Покрај Сараево и Мостар, полицијата спроведе претреси и рации и во Тузла.Вкупно единаесет локации во трите окрузи биле пребарувани под името ,,Акција”.

Музејот во Сараево е основан во 2013 година и изложува документи, фотографии и предмети од војната 1992-1995 кои сведочат за ужасите во тој период.

Сместен е во срцето на градот близу до Катедралата и секоја година го посетуваат илјадници луѓе.

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

притисни ентер