Фајзер годинава очекува приход од 37 милијарди долари од вакцината против ковид

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ го зголемил проценетиот приход од продажбата на вакцината „Ковид-19“ оваа година на 37 милијарди долари благодарение на договорите за продажба за трета доза.

Кон крајот на јули, компанијата проценила приходи од продажбата на вакцините од 33,5 милијарди долари.

Фајзер сега очекува да испорача 2,3 милијарди дози од вакцината оваа година, 200 милиони повеќе отколку што очекувале во јули, според договорите потпишани до средината на тој месец. Тие потврдиле дека планираат да произведат три милијарди дози оваа година.

Разликата во производството и испораката ќе биде забележана во приходите следната година, забележуваат тие, проценувајќи го директниот приход од продажбата на вакцини во 2022 година на 29 милијарди долари, според договорите потпишани до средината на октомври.

Тие додаваат дека ќе продолжат со преговорите со владите за потенцијални дополнителни нарачки следната година.

Тие проценуваат дека во 2022 година ќе произведат четири милијарди дози вакцини и ќе испорачаат 1,7 милијарди од нив, според договорите потпишани до средината на минатиот месец.

Вкупниот приход оваа година се проценува на 81 до 82 милијарди долари. Во јули, тие го процениле на 78 до 80 милијарди долари.

Компанијата забележува дека ќе продолжи со преговорите со владите за потенцијални дополнителни нарачки во 2022 година.

Во периодот од јули до септември, благодарение на вакцината, компанијата повеќе од двојно ги зголемила приходите во однос на истиот период минатата година, пред регистрацијата на вакцината, на 24,1 милијарди долари.

Приходите од вакцината против Ковид-19 биле 13 милијарди долари помеѓу јули и септември.

Нето добивката скокнала на 8,1 милијарди долари во летниот квартал, од 1,46 милијарди долари во истиот период минатата година. Со исклучок на еднократните ставки, прилагодената добивка се зголемила повеќе од двојно, на 7,68 милијарди долари.

Трошоците за истражување и развој се зголемени за 50 отсто, на 3,44 милијарди долари, како дел од соработката со биофармацевтската компанија Арвинас за лек против рак на дојка.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер