Фајон: Очекувам Советот на ЕУ да ја промени одлуката за Македонија и Албанија

Европскиот парламент ќе продолжи да ја поддржува политиката на проширување на ЕУ и ќе испрати позитивен сигнал до Македонија и Албанија пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб.

Ова денеска го најави претседателката на Делегацијата на Европарламентот во парламентарната Комисија за стабилизација и асоцијација на Србија и Европската унија, Тања Фајон на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

– Европскиот парламент ќе продолжи активно да ја поддржува политиката за проширување на ЕУ и да се залага за српскиот пристап како најдобар начин за напредок во европските интеграции, изјави Фајон, додавајќи дека очекува Европскиот совет да ја промени својата одлука за Северна Македонија и Албанија и да испрати позитивен сигнал до двете земји пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб.

Како што соопшти Кабинетот на српскиот претседател по средбата, Фајон изјавила дека Европскиот парламент се залага за проширување на ЕУ и дека Србија е меѓу најсериозните кандидати, честитајќи и „за економските успеси и за можноста Европскиот парламент да посредува во дијалогот меѓу власта и опозицијата".

Фајон, според соопштението, изразила загриженост за слободата на медиумите во Србија, но и честитала на земјата за изработката на медиумската стратегија.

Српскиот претседател на средбата рекол дека „Србија е посветена на мирот и стабилноста во регионот, а регионалната соработка, зајакнувањето на односите со соседите и континуираната политика за помирување се приоритети за надворешна политика", додавајќи дека Белград му придава големо значење на Берлинскиот процес, „чија важност се гледа во поддршката на европската интеграција на Западниот Балкан преку конкретни проекти и мерки". /MИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер