БалканФајон: Ќе ги предупредам сојузниците на НАТО за ситуацијата на Западниот Балкан„Ќе се фокусирам и на Западниот Балкан, кој е непосреден сосед на Словенија. Ги следиме случувањата во Србија и Босна и Херцеговина, како и на Косово по изборите“, рече Фајон.Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон денеска во Брисел изјави дека на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО ќе ги предупреди сојузниците за ситуацијата на Западниот Балкан, наведувајќи дека внимателно ги следи случувањата во Босна и Херцеговина, Србија и на Косово. По пристигнувањето на дводневниот министерски состанок во седиштето на НАТО, Фајон им рече на новинарите дека Алијансата не смее да го занемари Западниот Балкан, туку треба да продолжи да биде ангажирана во тој политички нестабилен регион. „Ќе се фокусирам и на Западниот Балкан, кој е непосреден сосед на Словенија. Ги следиме случувањата во Србија и Босна и Херцеговина, како и на Косово по изборите“, рече Фајон. Таа изјави дека Словенија „многу внимателно“ ја следи ситуацијата во БиХ и додаде дека сака таа земја да остане на европскиот пат и да биде земја без тензии. „Сакаме да видиме земја која е стабилна и чие раководство е посветено на европските реформи. Словенија нуди поддршка на БиХ и сака таа да остане на европскиот пат, да остане една земја без тензии, бидејќи живееме во време кога треба да видиме силно лидерство посветено на безбедноста и благосостојбата на граѓаните“, додаде Фајон. Тагови: НАТО Западниот Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во СребреницаМеѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, во Собранието се одржа комеморативен настан со кој беше оддадена почит на жртвите и беше испратена порака за зачувување на историската меморија, мирот и соживотот.На настанот се обратија претседателот на Собранието, Африм Гаши, проф. Ферид Мухиќ, претставникот на Бошњачкиот национален сојуз, Џевад Хот, и претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан Азизи. Во своето обраќање, претседателот Гаши истакна дека геноцидот во Сребреница претставува еден од најголемите неуспеси што оставил траен и темен белег врз човештвото. Тој нагласи дека геноцидот не започнува со звукот на оружјето, туку со рамнодушноста кон насилството, додавајќи дека токму затоа улогата на институциите е од суштинско значење. „Институциите ја добиваат својата вистинска смисла само тогаш кога ги штитат основните човекови вредности и достоинството на секој човек“, порача Гаши. Проф. Ферид Мухиќ направи историски осврт на настаните што довеле до геноцидот во Сребреница, оценувајќи дека претставува пораз за целиот Балкан. Тој истакна дека геноцидот не е случаен настан и повика да се надминат омразата и поделбите преку негување на хуманоста. Џевад Хот истакна дека Сребреница не е само географско место, туку симбол на тоа до каде може да доведе човечката омраза кога пропагандата ќе ја замени вистината. Тој нагласи дека овој ден треба да биде потсетник за образовните институции да говорат за опасностите од дискриминацијата, да ја негуваат културата на сеќавање и да ги охрабруваат младите да ги препознаваат првите знаци на нетолеранција и да го штитат достоинството на секој човек, без разлика на неговата вера, пол или етничка припадност. Аднан Азизи, истакна дека Сребреница претставува рана што не заздравува и потсети дека зад бројките стојат човечки животи. Во Сребреница не било нападнато само едно население, туку самото човештво. Осврнувајќи се на мултиетничкиот карактер на нашата држава, Азизи нагласи дека соживотот и меѓусебната почит се чуваат преку силни и одговорни институции, упатувајќи порака дека споменот на жртвите никогаш нема да биде заборавен. Тагови: Сребреница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
ЕкономијаПоголема заштита за корисниците и строг филтер за лизинг компаниите со новите законски измениИзмените носат и потранспарентни договори, кои доколку се исполнети законските услови ќе може да се склучуваат и електронски.Предметот земен на лизинг повеќе нема да може да биде заложен без писмена согласност на корисникот заверена на нотар, а обврските ќе може да се исплаќаат и предвреме без дополнителни трошоци – ова се само дел од новините опфатени со измените на Законот за финансиски лизинг, со кои како што објаснуваат од Министерството за финансии се воведува поголема заштита за корисниците, но и засилен надзор врз лизинг компаниите. Измените носат и потранспарентни договори, кои доколку се исполнети законските услови ќе може да се склучуваат и електронски. Воедно, се зајакнува и контролата врз компаниите, кои ќе мора да добијат дозвола за работа од Министерството за финансии и да имаат повисока основна главнина, од досегашните 6 на 30 милиони денари. -Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда. Претседателот на Асоцијацијата на лизинг друштвата во Македонија Марјан Манчев ги поздравува овие законските измени, но смета дека има простор за дополнително развивање на лизинг-секторот, особено во делот на недвижностите. Иако законската рамка и сега дозволува финансиски лизинг и за недвижности, во пракса овој модел кај нас најчесто се користи за движни предмети како автомобили и опрема. Манчев смета дека за поголема примена и кај недвижностите се потребни дополнителни промени, особено во даночната регулатива, за што најави дека ќе се разговара со Министерството за финансии. -Ќе се направат одредени измени да се отстрани т.н. двојно оданочување при финансирање на недвижности, како и да се укине ДДВ на каматата кај лизинг-трансакциите. Тоа се некои следни чекори што дополнително ќе го направат лизингот подостапен и поконкурентен, не само за финансирање подвижни средства, каде што лизингот де факто веќе е водечки инструмент, особено за возила, туку би го примовирал и во делот на финансирање недвижности.- Марјан Манчев – претседател на Асоцијација на лизинг друштва во Македонија Инаку, за непочитување на новите правила, лизинг-компаниите можат да бидат казнети со глоби од 500 па се до 50 илјади евра, а казни се предвидени и за одговорните лица во компаниите, нотарите, резиворските друштва, но и за корисниците кои нема да ги исполнат законските обврски. Постојните лизинг-комании ќе имаат рокови од три, шест и дванаесет месеци за да се усогласат со новите правила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлиу со отчет за сработеното како министер за здравствоАлиу на заминување кажа дека успеал да реализира многу за кратки 13 месеци.Отворени 15 закони поврзани со здравство, вкучувајќи ги и донесените измени за секој што сака да може да стане потенцијален органодарител, медицински факултет да овозможи студии за парамедицинари и тие лекари да бидат постојано вработени во Итната медицинска помош, старт за дигитализација, а и здравството да има пристап до пари и искуство од ЕУ. Ова е само дел од тоа што, Азир Алиу, министерот во заминување вели дека го остава зад себе за 13 месеци работа, по најавената реконструкција на владата со која го отстапува секторот на Сашо Клековски. Еден од законите кој формално се уште ги нема минато сите „филтри“ за да стапи на сила е оној за заштита од пушење, и не е донесен поради 8 амандмани или забелешки. Во однос на проблемот со недостатокот на кадар за Итната медицинска помош, Алиу вели дека она што било до него, завршил во однос на процесот за да има студии за парамедици, а околу два месеци чекал сенатот на УКИМ да се произнесе. Со ова на долг рок би се решиле проблемите недостаток на кадар во оваа служба. Во однос на тоа што сакал, а не успеал да направи како Министер тој посочи дека жали што немал време како фукционер да издејствува „парите да го следат пациентот“, односно секој граѓанин да може да си ги искористи финансиите што ги плаќа секој месец за здравствено и во приватна болницва, односно каде што сака. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook