Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
2Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
МакедонијаЗападниот Балкан ќе биде приоритет за Франција, но неизвесно во која формаФранција го презема кормилото на Европската Унија денеска и за следните шест месеци, и иако проширувањето на ЕУ останува табу тема за западноевропската јавност.За Македонија и Албанија познавачите не исклучуваат напредок во процесот, јавува дописничката на МИА од Брисел. Приоритетите на Франција беа презентирани пред помалку од еден месец од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес конференција во Париз. Зборот „проширување" очекувано не беше споменат, но шефот на државата го смести Западниот Балкан заедно со Африка во неговите приоритети. -Нема да можеме да изградиме Европа на мирот во следните 50 години ако го оставиме Западниот Балкан како што е денеска, изјави на 9 декември Макрон и истакна дека во јуни ќе организира Конференција за регионот. Иако деталите за конференцијата не се познати, познавачите на политиката на проширување на ЕУ сметаат дека оваа изјава е сепак знак на смелост со оглед на општиот отпор на француската јавност кон проширувањето. Како што објаснува за МИА француската новинарка специјализирана во политиката на проширување и заменик уредник на Агенција Европа, , говорот на Макрон за француското претседателство во делот за Западен Балкан е помалку амбициозен во споредба со почетокот на неговиот мандат, но е чекор напред. -Тој сепак го спомена Западниот Балкан во своите приоритети, сметам дека е ова е добар знак, и дека со оглед на ситуацијата во регионот не смее ништо да не се направи, но ќе треба да се види што ќе биде и со внатрешната политика во Франција бидејќи има избори, објаснува Жесан. Претседателските избори во Франција треба да се одржат во април, што значи дека голем дел од енергијата на земјата ќе биде насочена кон политичката кампања, а проширувањето е посебно чувствителна тема која би можела да им служи како оружје на ривалите на Емануел Макрон. Валери Пекрес, кандидатката на десната партија „Републиканци" и за сега најголема „опасност" за Макрон според анкетите, отворено се изјасни против секакво проширување на ЕУ. Таа пред еден месец изјави дека не само што ќе го стопира проширувањето на ЕУ, но додаде и дека ќе ги замрзне и фондовите за земјите од проширувањето. Иако таа ја спомена само Турција, според експертите е јасно дека употреба на „земји" во множина јасно укажува дека таквата одлука би ја применила и на шесте земји од Западен Балкан. Впрочем, процесот со Турција е веќе замрзнат. Жесан вели дека почеток на преговорите за време на француското претседателство, пред изборите, ќе биде веднаш злоупотребено од страна на другите кандидати во Франција, посебно доколку преговорите започнат со Албанија. -Во француската имагинација има поголем проблем со Албанија, со неоправданите барања за азил, идеите за „албанска мафија", во колективната имагинација во Франција, Албанија претставува поголем проблем, за Македонија не толку, објаснува новинарката за МИА. Ова би требало од една страна да значи дека барањата на Бугарија за одвојување на Македонија и Албанија немаат речиси никаква шанса да поминат, и не само поради отпорот на Французите кон Албанија, но и поради тоа што министрите на ЕУ се свесни дека таква одлука би се косела со принципот на заслуга на кој ЕУ постојано инсистира. Жесан, која од блиску ги следи министерските совети за проширувањето, вели дека многумина се изморени од бугарската блокада и загрижени за кредибилитетот на ЕУ посебно во однос на Македонија од која се бараа огромни напори и сите се исполнети. -Но оваа блокада овозможува да се блокира и Албанија и мислам дека Франција не е меѓу најразочараните што Албанија не напредува. Франција нема проблем со Македонија, таа секогаш имала отпор кон Албанија, сепак не верувам дека би блокирала. Проблемот е што Бугарија толку долго сега блокира што е тешко да се знае што мислат точно другите земји, вели Жесан за МИА. Блокада од Франција би била лошо перципирана и малку веројатна сепак, сега кога е усвоена новата методологија за преговори по барање на Франција и по модел на нејзиниот предлог речиси збор до збор. Дополнително, објаснува новинарката, во ЕУ постои растечка свест дека влијанието на Унијата опаѓа во регионот, освестување кое станало акутно во моментот на дистрибуцијата на вакцините против Ковид-19 кога повеќето земји од Западен Балкан се свртеа кон Кина во недостиг на дози и неисполнети ветувања од ЕУ. -Ми се чини дека во тој миг Европејците се освестија дека не се незаменливи, секогаш се враќа зборот „кредибилитет" во разговорите и иако велат дека нема подобра алтернатива од ЕУ, има свест дека на луѓето може да им се смачи. А проевропското расположение паѓа и во самите земји членки на ЕУ, така што кога се игра со оган секогаш има ризик да се изгорите, и Балканот е сѐ уште регион под тензија, предупредува Жесан. Чувствителноста на политичкиот момент во кој започнува француското претседателство е веројатно и главното објаснување зашто Макрон за време на презентацијата на приоритетите не го спомена зборот проширување. Според Жесан со оглед на реалноста на терен со разните блокади, во случајот на Македонија од страна на Грција, потоа на Франција и Холандија, а сега Бугарија, Европската Унија бара начин да го задржи регионот вкотвен за ЕУ за да не изгуби целосно влијание во контекст на битка со Кина, Русија и Турција. -Не сум слушнала да се размислува за алтернативен модел на интеграција, но Французите се секогаш многу внимателни, и секогаш е лесно за земјите да се кријат зад други земји. Ако утре Бугарија деблокира, не велам дека Франција ќе блокира, но лесно кога се криеш зад некого. И ако добро разбрав за време на ноемвриската дебата за проширувањето во Советот, Франција не кажа ништо, или затоа што други го кажале тоа што го мисли или поради претстојното претседателство, но сите добро знаеме дека Франција не е таа што ќе настапи со знаме за поддршка на проширувањето, иронизира новинарката која со години ја следи оваа политика. Меѓутоа, додава таа, Макрон е свесен и дека други светски сили имаат претензии кон регионот, и дека ситуацијата во регионот е под голема тензија, од Босна до Косово. Во овој контекст најверојатно треба и да се сфати најавена Конференција за Западен Балкан за која за сега нема никакви детали ниту за содржината ниту за форматот. Дали ќе бидат поканети лидерите од регионот, кои ќе бидат темите, која ќе биде целта на оваа конференција, ништо не е познато во овој момент освен дека ќе се одржи во јуни, односно после претседателските избори. Доколку Макрон остане претседател. Доколку ги изгуби изборите може да се очекуваат промени во француската програма, сметаат многумина познавачи. Најверојатно е дека оваа конференција повторно ќе биде посветена на економски проекти за регионот. Освен Македонија, Франција и ЕУ во наредните месеци ќе се соочат и со главоболки во Босна и Херцеговина, каде лидерот на Република Српска сѐ посмело настапува со запалива реторика, а поддршка има барем од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Како Франција ќе се справи со оваа ситуација останува неизвесно за многумина. -Досега Макрон не се покажа многу присутен на оваа тема, Советот е целосно поделен на оваа тема, од една страна Орбан се шета во Република Српска, а Германија бара санкции. Мислам дека од Франција може повеќе да се очекува некаква „неутралност", не верувам дека ќе оди кон санкции како што сака Германија, повеќе шанси има да ги искористи добрите односи меѓу Франција и Србија за да се обиде да ја смири ситуацијата доколку работите се влошат, смета уредничката на Агенција Европа./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПремиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресииПремиерната изведба на „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, заврши со долготрајни аплаузи и топли реакции од публиката. Силната драмска приказна, интензивната сценска игра и емоциите што ги донесе претставата оставија впечаток кај присутните, кои по завршувањето на изведбата ја напуштија салата понесени од своите импресии. Премиерата на 10.ноември беше дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот даде свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова.Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски, гардеробер Лилјана Китановска. Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост? Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете. Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва? „Задоволството беше и наше. Нема поголема радост од непосредната реакција на публиката и чувството дека она што го споделуваме од сцената допира до оние за кои го создаваме. Ви благодариме за аплаузот, довербата и заедничката театарска вечер“, истакнуваат од НТБ. Активностите на НУ Народен театар Битола продолжуваат на 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа.Тагови: битола НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЕвропаМелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“. Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата. Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери. Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација. Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Утре наместа ќе дува силен јуженСпоред УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.Тагови: ветер УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter