ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата
1ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата
ФудбалФабрегас потенцијален наследник на Гвардиола во СитиПремиерлигашот Манчестер Сити во актуелниот тренер на италијански прволигаш Комо, Цеск Фабрегас, гледа потенцијален наследник на Пеп Гвардиола, објави денеска „FootballTransfers“.Според истиот извор, раководството на Сити е импресионирано не само од тренерската визија на 37-годишниот Шпанец, туку и од неговата самоконтрола, комуникациски вештини и лидерски квалитети. Размислувањата на раководството на англискиот клуб се во насока дека назначувањето на Фабрегас може да биде природно продолжение на работата на Гвардиола. Фабрегас би можел да го замени сегашниот тренер на Сити во 2027 година, кога ќе истече тековниот договор на Гвардиола. Фабрегас седи на клупата на Комо од летото 2024 година. Под негово водство, дебитантот во Серија А го освои десеттото место во сезоната 2024/25. Тагови: Гвардиола Манчестер сити Фабрегас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водатаПо Гостивар забренета за пиење и водата во Валандово. Од јавниот комунален сервис соопштуват дека лабораториските анализи покажале зголемено присуство на арсен и упатија итно предупредување до жителите на овој град да не ја пијат водат, туку да ја корситат само за технички потреби. Според градоначалникот на општината Ѓоко Камчев можно е да настанала печатна грешка при објавувањето на резултатите. – тврди дека се прават нови анализиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛионел Меси најавил повлекување?Аргентински новинар близок до фудбалерот предизвика хаос со својата изјава! Тој повторно се огласи.Многу светски медиуми ја пренесоа ексклузивната изјава на Кастиљо дека Меси, по финалето, во соблекувалната им кажал на соиграчите оти тоа бил неговиот последен натпревар за Аргентина. Фудбалскиот свет сè уште ја очекува одлуката на Лионел Меси, кој размислува дали да продолжи да игра за Аргентина. Меси го напушти финалето на Светското првенство во солзи, што многумина го протолкуваа не само како пораз, туку и како збогување. Во таква ситуација, информацијата на познатиот аргентински новинар Ернан Кастиљо, кој е многу близок до самиот Меси, одекна како гром од ведро небо. Многу светски медиуми ги пренесоа зборовите на Кастиљо, кои беа ексклузивни, дека Меси им рекол на своите соиграчи во соблекувалната по финалето дека тоа е неговиот последен натпревар за Аргентина. Меси одржа емотивен говор во кој објави дека се збогува со националниот дрес. Веста се прошири со брзината на светлината на социјалните мрежи, а токму кога сите веќе го сумираа учинокот на Меси во националниот тим, повторно се огласи Ернан Кастиљо. Кастиљо изјави дека Меси им рекол на соиграчите во соблекувалната: „Ова може да биде мојот последен натпревар“, ублажувајќи ја првичната категорична изјава.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЗабаваПапагали ги пцуеја посетителите на зоолошката градина, а потоа се смееја на нивните шегиБили, Ерик, Тајсон, Џејд и Елси – пет палави африкански сиви папагали од зоолошката градина „Линколншир вајлдлајф парк“ во Британија – мораа да бидат раздвоени откако почнаа да им пцујат на посетителите. Според извештајот на АП, пренесен од „Политикин магазин“, птиците станаа интернет-сензација поради тоа што изговараа пцости пред посетителите, а потоа гласно се смееја секогаш кога некој од нив ќе кажеше нешто непристојно. Нивното однесување набрзо стана голема атракција. Посетителите се собираа пред нивната кафез-нагодба за да ја слушнат најновата „изведба“, додека папагалите како да уживаа во вниманието што го добиваа. Проблемот настана кога вработените сфатија дека папагалите не само што ги повторуваат зборовите што ги слушаат, туку и меѓусебно се охрабруваат да го прават тоа. Секоја нова пцовка предизвикуваше смеа кај другите птици и реакции кај публиката, што ги правеше папагалите уште погласни и поупорни. „Беа како група пријатели кои меѓусебно се охрабруваат да бидат уште понемирни“, објаснија вработените во зоолошката градина. Тие додадоа дека птиците брзо научиле оти пцовките привлекуваат најголемо внимание кај посетителите. Иако многумина го сметаа нивното однесување за забавно, раководството на зоолошката градина се загрижи за семејствата со мали деца кои доаѓаат на гости секој ден. Постоеше и страв дека другите птици би можеле да го усвојат истиот „уличен речник“. Поради ова, беше одлучено папагалите да бидат одвоени и сместени во различни делови од зоолошката градина, каде што ќе престојуваат со птици кои не користат таков речник.Тагови: папагали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter