АвтомобилизамФ1 болидот на Мерцедес се продава утре на аукција за најмалку 15 милиони долари (ВИДЕО)За оние кои имаат најмалку 15 милиони долари, а ја сакаат Формула 1, еве идеална можност за инвестирање.Аукциската куќа Сотби го продава болидот на Mercedes-AMG Petronas F1 W04 од 2013 година со кој Луис Хамилтон, еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња, победи на трката за ГН на Унгарија. Болидот со сериски број 04, очигледно, беше омилен и примарен избор на британскиот возач бидејќи со него возеше на 14 од вкупно 19 трки таа година и ја постигна првата победа како возач на „сребрената стрела“. Да потсетиме: по доаѓањето во Мекларен, Мерцедес како голема млада ѕвезда во 2007 година, Луис Хамилтон истата година го воодушеви светот со титулата вицешампион на светот, зад Кими Раиконен и со дури 4 победи таа сезона. Веќе следната година ја освои првата титула светски шампион, а логичното продолжение на неговата кариера беше местото на Михаел Шумахер, кој на крајот на 2012 година (повторно) се повлече од фабричкиот тим на Мерцедес. Во првата сезона Луис Хамилтон стигна до 4-та позиција во конечниот пласман, за потоа да следи доминација која му донесе уште шест титули светски шампиони (вкупно 7) и соборување на бројни рекорди. Така, Хамилтон има најмногу победи (103), најмногу први стартни позиции (104) и најмногу подиуми (197) во историјата на спортот, а по бројот на шампионски титули е изедначен со Михаел Шумахер. Денес Луис Хамилтон има место во историјата на спортот меѓу најголемите, како Мајкл Џордан, Лео Меси или Том Брејди. Автомобилот за продажба беше претставен во Херез во февруари 2013 година и е од сезоната кога се возеле „обични“ агрегати. Тоа беа V8 мотори со волумен од 2,4 литри, кои ротираа до 18 илјади вртежи и развиваа повеќе од 750 коњски сили плус уште 80 КС преку KERS. Веќе следната година беа воведени хибридни погонски единици, а громогласниот период на болидите на Формула 1 беше, за жал, неповратен. Реткоста на оваа понуда е доволно нагласена со фактот што овој автомобил е единствениот сличен во својата историја и важност кој не е во сопственост на Mercedes. Проценката за неговата вредност е некаде помеѓу 14 и 19 милиони евра, а не би чудело доколку конечната цена е значително повисока. Аукцијата ќе се одржи утре во Лас Вегас како само еден од придружните настани на првата Гран При на Лас Вегас. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Тимчо Муцунски води тајни разговори за иднината на МакедонијаНе постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води разговори за судбината на државата - но тие се тајна.Како може иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани? Муцунски вели дека за разлика од претходната влада „тие не се попустливи“. Да потсетиме: • Христијан Мицкоски го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“. • Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека националниот идентитет, јазикот и културата се целосно заштитени и апсолвирани. • Истиот Тимчо Муцунски изјави дека НАТО е одлична работа - не само за безбедноста на граѓаните, туку и за странските инвеститори (кои ги избркаа - инвестициите паднаа за 60% откако ВМРО-ОКГ ја превзеде власта). Значи сите тројца го потврдија успехот на претходната влада и ја пофалија нејзината дипломатија. За какви „попуштања“ зборува Муцунски? Нивните лаги повеќе не се ни креативни. Нема веќе материјал за креативност. Граѓаните ги прочитаа. И уште нешто важно: претходната влада на СДСМ, покрај дипломатските успеси (НАТО и почеток на преговорите со ЕУ), беше пред сѐ транспарентна. Не работеше зад затворени врати и далеку од очите на јавноста. Единствена „тајна“ беше лажната пропаганда на ВМРО и Латас - истата што продолжува и денес. Прашањето до граѓаните на Македонија е едноставно: После сите лаги со кои ВМРО дојде на власт, после сите лаги со кои Мицкоски и ВМРО-ОКГ владеат - Дали му верувате на Тимчо Муцунски и на неговите тајни разговори што ги води во име на граѓаните и нивната иднина? Дали му верувате на Мицкоски? Скопје, 03.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Новите разговори со Иран ќе започнат денескаАмериканскиот претседател Трамп изјави дека новите разговори со Иран ќе започнат денеска , откако ги откажа, како што ги нарече, „масовните“ напади врз земјата.„Тие знаеја за обемот на нападот “, изјави Трамп вчера.. „ “Во претходен пост на truth social, Трамп рече дека Иран и сојузниците на САД на Блискиот Исток го замолиле да се „одложи“ нападот бидејќи се договорени „периметрите“ на договорот. Иран сè уште не одговорил на забелешките на Трамп. Американскиот претседател постојано ветува дека е близу до договорен крај на војната. Глобалните цени на нафтата утринава паднаа по објавата на Трамп.Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Против пожарната единица Кавадарци уште еднаш покажа како се работи пожртвувано и тимскиСо 4 пинцгауери, 1 џип со пумпа, 2 унимога, 12 пожарникари и 1 цивил, цела ноќ се водеше тешка битка со огнената стихија на исклучително непристапен терен, објави на Фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Голем пожар избувна во атарот на кавадаречкото село Раец, каде што доцна синоќа огнот бил активен на пет различни локации. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, оцени дека состојбата е исклучително сериозна и соопшти дека пожарникарите и другите надлежни служби вложуваат максимални напори за локализирање на пожарот. -Teritorijalna Protiv Pozarna Edinica-Kavadarci уште еднаш покажаа како се работи пожртвувано и тимски. На терен и во постојана координација со пожарникарите беше и градоначалникот Митко Јанчев, до раните утрински часови, се додека огнот не се локализира. Со 4 пинцгауери, 1 џип со пумпа, 2 унимога, 12 пожарникари и 1 цивил, цела ноќ се водеше тешка битка со огнената стихија на исклучително непристапен терен. Пожарникарите презедоа огромен ризик, работејќи без престан во многу тешки услови за да ги стават под контрола петте подметнати пожари. Нивната пожртвуваност, професионалност и несебична борба заслужуваат најголема почит. Голема благодарност и до Васко механичарот од Дреново, кој одлично го познава теренот и цела ноќ беше рамо до рамо со пожарникарите, помагајќи им во оваа исклучително тешка акција. Вака се сака Македонија, со дела, со храброст и со пожртвуваност. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи работи на откривање на сторителот или сторителите кои стојат зад подметнувањето на пожарите, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35