Евтина нега што ја фалат и холивудските ѕвезди - Канал 5

Евтина нега што ја фалат и холивудските ѕвезди

Ова масло го користиме сите, но една категорија дами не смее да го користи

Евтина нега што ја фалат и холивудските ѕвезди

Негата на кожата е приоритет на повеќето жени. Иако денес постојат многу третмани за разубавување, сè повеќе дами применуваат природни препарати кои докажано не предизвикуваат алергиска реакција.

Еден од природните производи во чија ефикасност се колнат дури и холивудските ѕвезди е кокосовото масло. Иако порано главно се користеше исклучиво за нега на косата, кокосовото масло се покажа како одличен препарат за кожата. Ова масло има антибактериски и антивоспалителни својства, што го прави одличен избор за нега на кожата на лицето и телото, пишува „Ју-Ес -Тудеј“.

Што треба да знаете за кокосовото масло?

Кокосовото масло се цеди од свежо или суво кокосово месо, белиот дел од плодот. Билното масло се произведува како рафинирано и нерафинирано, или девствено масло. Маслото што се цеди од кокосовото месо доколку не е подложено на понатамошна обработка, ги задржува своите својства.

Од друга страна, рафинираното кокосово масло се подложува на обработка за да се неутрализира и избели, ова има бела боја и текстура на путер. Според стручните лица, рафинираната верзија е подобра за готвење, дерматолозите препорачуваат девствено или нерафинирано кокосово масло за нега на кожата.

Се верува дека редовната употреба на кокосово масло ги намалува знаците на стареење и ги омекнува постоечките брчки. Ова магично масло позитивно влијае на темните дамки, ги смирува благите кожни лезии, го поттикнува зараснувањето на раничките и гребнатинките на кожата, и е незаменливо за изгореници, вклучително и оние предизвикани од прекумерно сончање. Истражувањата покажале дека кокосовото масло може да помогне да се спречи губењето на влажноста на кожата и во заштитата од надворешните фактори, како хемикалии и алергени.

Како влијае на кожата?

Состојбата на кожата е еден од најважните показатели за добро здравје. Многу истражувања покажаа дека секое нарушување поврзано со најголемиот орган на човечкото тело може да влијае дури и на менталното здравје.

Кокосовото масло, како што истакнуваат експертите за „Инсајдер“, може да помогне и кај одредени кожни болести како атопичен дерматитис или егзема.

Ума Наидо, авторката на книгата „Ова е мозокот на храната“ ги фали антивоспалителните придобивки од кокосовото масло и додава дека ова масло може да помогне и при други дерматолошки нарушувања бидејќи „ја подмачкува и смирува кожата“. Кокосовото масло обезбедува и заштитна бариера од иритации на околината и штетни микроорганизми, но не обезбедува заштита од сончева светлина и нема да ве заштити од УВ зраците при сончање, но ја смирува кожата по претерано изложување на сонце, особено кога сте на море.

Дали треба да користите кокосово масло за вашето лице?

Кокосовото масло има бројни придобивки и е добро за многу типови на кожа, но има луѓе на кои им пречи неговата мрсна структура, па затоа треба да го избегнуваат, особено за лицето. Ова особено важи за луѓето со мрсна кожа и склони кон акни, бидејќи голема е веројатноста тоа да ги зачепи порите на лицето и дополнително да ја влоши состојбата на кожата.

За да видите дали кокосовото масло е добро за вашата кожа, стручните лица препорачуваат да почнете со мала количина за да видите како таа реагира на него. Сепак, иако многумина го користат и за кожата и за косата, треба да се знае дека кокосовото масло не е на водена база и не треба да се нанесува секаде.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. 

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“.

Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе.

YouTube video

Од mukbang до Холивуд

Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи.

Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми.

За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“.

Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа.

Семејство и нови мемоари

Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година.

Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда.

Споредба со Виетнам

Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина.

„Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте.

Напади врз цивили и хибридна војна

Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата.

„Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој.

Проценки за вкупните загуби

Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар.

Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема.

Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец.

Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер