Еврото на историски минимум во размена со албанскиот лек - Канал 5

Еврото на историски минимум во размена со албанскиот лек

Заедничката европска валута, еврото, денеска го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лекот.

Еврото на историски минимум во размена со албанскиот лек

Според официјалниот курс на Централна банка на Албанија, еврото се разменува за 104,85 лека со што е соборен рекордот поставен на 9 јуни од 105,6 лека.

-Централната банка планира операција во четврток за откуп на валути од 5 до 9 милиони евра од пазарот. Останува да видиме дали ќе има влијание, наведуваат медиумите.

Додаваат дека туристичките текови, но и „илегално внесените пари континуирано ја девалвираат европската валута, погодувајќи ги извозниците, но и резервациите во евра за летување“.

Според банката пак купувањето имот од странски државјани ја зголемува понудата на европската валута во земјава, што влијае на нејзината девалвација.

Во првите месеци од годинава еврото се разменуваше со 122 лека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Обновување на сообраќајната сигнализација пред училиштата и градинките во Карпош

Општина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред училиштата и градинките со цел да ја подобри безбедноста во сообрачајот.

О. Карпош: Обновување на сообраќајната сигнализација пред училиштата и градинките во Карпош

Активоста која се реализира во рамки на годишната програма на Секторот за комунални работи, опфаќа пребојадисувањето на пешачките премини и уличните училишни ознаки, пред десетте основни училишта во Карпош.

Во рамки на акцијата ќе бидат ќе бидат обновени и пешачките премини пред десетте објекти на четирите детски градинки во Карпош.

Со обновување на сигнализацијата се обезбедува поголема видливост на пешачките премини и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Апелираме за внимателно и одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра, сега нека ги достави доказите до ЈО а не да молчи и да се крие

Филипче не смее и не може да си поигрува и да си прави внатрепартиски пресметки кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреби.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра, сега нека ги достави доказите до ЈО а не да молчи и да се крие

Венко Филипче излезе во јавност со обвинувања и сомнежи и директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Филипче расфрла пердуви за криминал од 37 милиони евра и сега молчи и се крие.

Не може сериозни обвинувања за злоупотреба на десетици милиони евра да се користат како оружје во внатрепартиски конфликти. Ако постојат докази, Филипче треба да ги достави до надлежните институции и целосно да се истражат.

Граѓаните имаат право да знаат кој носел одлуки, кој ги одобрил набавките и дали државниот буџет бил оштетен.

Наместо партиски пресметки на Филипче, очекуваме институционална постапка и одговорност. Секој сомнеж за злоупотреба на јавни средства мора да биде расчистен. Правдата не смее да зависи од тоа кој со кого е скаран.

Филипче треба да знае дека непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Дете извлечено живо од урнатини по делумно уривање на зграда во Истанбул

Пет преживеани лица се извлечени од урнатините за време на операцијата за пребарување и спасување во седумкатна зграда во истанбулската општина Малтепе, каде што се урнале неколку ката.

Видео-Фото: Дете извлечено живо од урнатини по делумно уривање на зграда во Истанбул

По пријавувањето на инцидентот, на местото на настанот биле испратени екипи од противпожарната служба, AFAD, UMKE, полицијата и итните медицински служби.

Пет преживеани лица се извлечени од урнатините за време на операцијата за пребарување и спасување во седумкатна зграда во истанбулската општина Малтепе, каде што се урнале неколку ката.

Првите три ката од седумкатната зграда во населбата Џевизли се урнаа од причини што допрва треба да се утврдат. По добиените информации за инцидентот, на местото на настанот беа испратени екипи од противпожарната служба, AFAD, UMKE, полицијата и итните медицински служби.

Екипите за итни интервенции ги евакуираа луѓето заробени на горните катови од зградата, а меѓу урнатините започна операција за пребарување и спасување.

Утврдено е дека текстилната работилница во приземјето на зградата била празна. Тимовите за пребарување, со помош на кучиња трагачи, извлекле пет лица – меѓу кои и две деца – од урнатините и ги предале на медицинските екипи, кои ги пренеле во блиските болници.

Противпожарните екипи продолжуваат со потрагата по лица за кои се претпоставува дека сè уште се заробени под урнатините.

За време на операцијата за пребарување и спасување, еден пожарникар изгубил свест и бил пренесен во болница. Во меѓувреме, патиштата што водат кон улицата каде што се наоѓа зградата се затворени за сообраќај од претпазливост, а во поширокиот реон е воспоставен безбедносен периметар за да им се овозможи на тимовите непречено да работат.

Поради ризикот од уривање на преостанатите катови, тимовите влегуваат во зградата на контролиран начин.

Голем број градежни машини од соседните општини се исто така испратени во областа за да ја поддржат операцијата. Во соопштението од Канцеларијата на гувернерот на Истанбул се наведува дека три ката од седумкатна зграда во населбата Џевизли се урнале околу 5:40 часот наутро.

Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, и началникот на полицијата во Истанбул, Селами Јилдиз, пристигнаа на местото на настанот и извршија увид.

Во изјавата за новинарите, Ѓул рече дека зградата била изградена во 1987 година и се состоела од приземје и шест ката; во приземјето имало деловни простории, додека на преостанатите шест ката имало станови. „Досега утврдивме дека две од лицата што живеат во овие четири стана моментално се во своите родни места.

Од преостанатите 12 лица, пет се спасени, воспоставен е контакт со четворица од останатите седум, а потрагата по три лица е во тек“, рече тој.

На прашањето од новинарите за состојбата на лицата извлечени од урнатините, Ѓул изјави дека никој не е во животно загрозувачка состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер