3Данскиот парламент го ратификува договорот со кој се прошируваат надлежностите на војската на САД на Гренланд
Се сеќавате ли на победничката на Евросонг, Кончита Вурст- сега тврди дека е хетеросексуален маж (ВИДЕО)
1Се сеќавате ли на победничката на Евросонг, Кончита Вурст- сега тврди дека е хетеросексуален маж (ВИДЕО)
СветЕвропските лидери ќе решаваат за избор на врвните функционери на ЕУ Изборот на носителите на водечките раководни позиции во ЕУ, Стратешката агенда 2024-2029 година, состојбите во Украина и на Блискиот Исток, безбедноста и одбраната, конкурентноста, миграцијата, хибридните напади..... Изборот на носителите на водечките раководни позиции во ЕУ, Стратешката агенда 2024-2029 година, состојбите во Украина и на Блискиот Исток, безбедноста и одбраната, конкурентноста, миграцијата, хибридните напади и прашања од надворешната политика, ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на Унијата што почнува попладнево во Брисел. Во поканата упатена до шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ за учество на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел посочува дека тоа ќе биде особено значаен состанок, бидејќи има суштинска агенда и со критични одлуки кои ќе го обликуваат патот на Унијата во следниот период. - Меѓу овие одлуки, особено се издвојуваат три. Прво, ќе ја донесеме Стратешката агенда. Почитувајќи ја својата улога согласно договорите, Европскиот совет ќе ги обликува приоритетите на ЕУ и ќе ги постави стратешките ориентации на Унијата за следните пет години, кои ќе ја насочуваат работата во текот следниот институционален циклус. Второ, ќе го одредиме патот за внатрешните реформи и трето, ќе се договориме за институционалните назначувања, наведува Мишел во поканата. Всушност, најважна точка на ова заседание на лидерите на ЕУ ќе биде носењето одлуки за избор на претседател на Европскиот совет, номинирање на претседателот на Европската комисија и именување на висок претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изборот на носителите на овие функции се врши согласно процедури пропишани во Договорот на Европската унија (ТЕУ), при што мора да се води сметка дека избраните лидери мора да ја одразува различноста на ЕУ во однос на географското потекло, големината на земјата, полот и политичката припадност. [„Треба да признаеме дека и покрај постојаната посветеност кон интеграцијата во ЕУ ... луѓето во регионот доживуваат чувство на длабоко разочарување во процесот на проширување“, се вели во до] Согласно одредбите од Договорот на ЕУ, претседателот на Европскиот совет се избира со квалификувано мнозинство од страна на шефовите на држави или влади на земјите членки на Унијата со мандат од 2,5 години, со право на реизбор. Кандидат за оваа функција е поранешниот португалски премиер Антонио Кошта од Социјалистичката партија (ПС), која е дел од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД). Врз основа на резултатите од Евроизборите, Европскиот совет го предлага кандидатот за функцијата претседател на Европската комисија, кој го избира Европскиот парламент со мнозинство гласови од вкупниот број европратеници. Доколку предложениот кандидат не го добие потребното мнозинство гласови во ЕП, Европскиот совет во рок од еден месец мора да предложи нов кандидат. По ова истата процедура продолжува во Европарламентот со додека предложениот кандидат не биде избран со потребното мнозинство. Актуелната претседателка на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен е кандидатка за реизбор на функцијата. Таа доаѓа од редовите на германската Христијанско демократска унија (ЦДУ), која е членка на Европската народна партија (ЕПП). Според одредбите од ТЕУ, Европскиот совет го назначува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност со мандат од пет години. Одлуката за назначување на „првиот дипломат на Унијата“ се носи со квалификувано мнозинство на членовите на Советот и во договор со претседателот на Европската комисија. Кандидат за наследник на Жосеп Борел на оваа функција е естонската премиерка Каја Калас, која членка на Реформската партија (РЕ), која пак е дел од либералната група во ЕП, „Да ја обновиме Европа“. Согласно ТЕУ, Советот на ЕУ официјално ја именува целата Европска комисија, откако таа претходно ќе добие поддршка од Европскиот парламент со мнозинство гласови од пратениците што гласале. Одлуката за именување на ЕК, Европскиот совет ја носи со квалификувано мнозинство. [Европратениците денеска ги одобрија плановите за зголемување на производството на муниција и ракети во ЕУ и побрзо снабдување на Украина со муниција, објави Европскиот парламент] Се очекува Советот да ја усвои и Стратешката агенда на ЕУ за периодот 2024-2029 година, која претставува политички план што ги поставува правците и целите на Унијата за следниот период. Врз основа на дискусиите меѓу лидерите на ЕУ за предизвиците и идните приоритети на блокот, утврдено е Стратешката агенда да се заснова на три столба - слободна и демократска, силна и безбедна и просперитетна и конкурентна Европа. Исто така, се очекува лидерите да усвојат патоказ за идните активности поврзани со внатрешните реформи, што треба да ги преземе ЕУ за исполнување на долгорочните амбиции и за зајакнување на нејзините капацитети за справување со сè покомплексните предизвици, кои би се одвивале паралелно со процесот на проширување на Унијата. Инаку, заседанието на Советот ќе започне со размена на мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што ќе биде можност да се разговара за ситуацијата на теренот во Украина и, како што наведува Мишел во поканата, „да се забележат некои достигнувања од нашата последна средба“. Според најавите, лидерите на ЕУ ќе се осврнат на руската агресија врз Украина во сите нејзини димензии, во услови на ескалација и интензивирање на руските напади врз цивили и критична инфраструктура. Предвидено е тие да разговараат за сеопфатната помош на ЕУ за Украина, особено за воената поддршка и во тој контекст, тие ќе разговараат за иницијативите покренати од некои земји членки на Унијата за доставување муниција и ракети на земјата и за поддршка во рамките на Европскиот мировен фонд. - Императив е да ја интензивираме нашата воена поддршка за Украина, фокусирајќи се на противвоздушната одбрана, муницијата и ракетите. Дополнително, ние мора да продолжиме да обезбедуваме широка меѓународна поддршка за праведен мир во Украина врз основа на Повелбата на ОН, наведува Мишел во поканата. [ЕУ смета дека Русија се обидува „де факто да интегрира“ делови од источна Украина преку „нелегитимни избори“ и издавање пасоши на локалното население, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи] Се очекува лидерите да се осврнат и на напредокот во користењето на профитите од замрзнатите руски средства за поддршка на Украина и нејзината обнова, како и процесот на зачленување на земјата во ЕУ по одржувањето на првата Меѓувладина конференција во вторникот на која беше усвоена Преговарачката рамка. - Бевме амбициозни и храбри во насочувањето на вонредните приходи од блокираните руски средства за поддршка на Украина оваа година. За следните години заедно со партнерите ќе обезбедиме кредити за Украина за дополнителни 50 милијарди евра, додава Мишел, посочувајќи дека Европскиот совет ќе биде можност да го поздрави усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на Меѓувладината конференција со Украина, како историски чекори во поддршка на пат на земјата кон членство во ЕУ. На Европскиот совет ќе стане збор и за најновите случувања на Блискиот Исток и најважните приоритети, вклучително состојбата во Газа, дистрибуцијата на хуманитарната помош за Појасот, иницијативите за итен и одржлив прекин на огнот и безусловно ослободување на киднапираните цивили од страна на Хамас, како и за влијанието на конфликтот врз Западниот Брег и Либан. Се очекува лидерите на земјите членки на ЕУ да разговараат и за „катастрофалната криза на Блискиот Исток“ и да ја реафирмираат посветеноста на Унијата за ставање крај на конфликтот во Газа во соработка со нејзините меѓународни и регионални партнери, како и за избегнување на понатамошна ескалација на тензиите во регионот и за постигне траен и одржлив мир заснован на решението за две држави – Израел и Палестина. - Меѓународното право и меѓународното хуманитарно право мора да се почитуваат во сите околности. Во овој контекст, ќе повикаме на целосно спроведување на условите од предлогот за прекин на огнот утврдени во Резолуцијата 2735 на Советот за безбедност на ОН и за почитување и спроведување на наредбите на Меѓународниот суд на правдата, потенцира Мишел во поканата. [„Апелираме до меѓународната заедница и Египет веднаш да се вклучат во испораката на гориво и итни медицински материјали пред да бидат изгубени повеќе човечки животи во болниците“, се вели во] Според него, лидерите на ЕУ ќе го повторат повикот за итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници и зголемување на хуманитарната помош за да се задоволат потребите на цивилите на теренот. - Ќе ја повториме нашата непоколеблива определба за траен и одржлив мир врз основа на решението со две држави. Ќе продолжиме да ја поддржуваме палестинската управа и да работиме со сите наши партнери во регионот и пошироко за да го оживееме процесот за таа цел, додава Мишел. Лидерите на ЕУ ќе продолжат со дискусиите за зголемување на севкупната одбранбена готовност и способност на Унијата. Тие, исто така, ќе разговараат и за дополнително зајакнување на европската одбранбена технолошка и индустриска база и за опциите за мобилизирање повеќе средства за одбранбена индустрија во ЕУ. Дебата за пазарите на капитал, започната на Советот одржан на 17 и 18 април, ќе продолжи со разгледување на напредокот во подобрување на конкурентноста на ЕУ, зајакнување на економска отпорност и искористувањето на целосниот потенцијал на единствениот европски пазар. - Врз основа на нашата обемна размена за конкурентноста на состанок на Европскиот совет во април, ќе го разгледаме напредокот на сите наши иницијативи за подобрување на конкурентноста, фокусирајќи се особено на пазарите на капитал на Унијата, наведува Мишел. [Веб странците на албанската Влада и јавните онлајн сервиси во земјата се привремено затворени по кибер напад извршен надвор од земјата, јави дописничката на МИА од Тирана.] Европскиот совет ќе расправа и за миграцијата, како и за одговорот на ЕУ на зголемувањето на хибридните активности насочени кон Унијата и нејзините земји членки и држави партнери, кои вклучуваат заплашување, саботажи, манипулации и странско мешање, ширење дезинформации, злонамерни кибер напади и инструментализација на мигранти од трети земји. Во делот на прашањата од надворешната политика на заседанието ќе стане збор за позицијата на ЕУ во врска со случувањата во Грузија, поврзани со т.н. Закон за странски агенти, како и за изградба на стратешки пристап на Унијата кон регионот на Црното Море. Лидерите ќе разговараат и за поддршката на Молдавија за справување со предизвиците што произлегуваат од руската инвазија врз Украина и за процесот на зачленување на Кишињев во ЕУ по одржувањето на првата Меѓувладина конференција во вторникот на која беше усвоена Преговарачката рамка. - Сметам на вас да вложите максимални напори за да постигнете договор за овие важни прашања. Решителна и насочена Унија е од суштинско значење во овие времиња, заклучува Мишел во поканата до лидерите на ЕУ за учество на Самитот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Бизарно„Највалканиот човек на светот“ не се избањал над 50 години- неговата смрт останува мистерија (ВИДЕО)Аму Хаџи, ирански пустиник кој некогаш беше наречен „највалканиот човек на светот“ од страна на медиумите, одбивал да се бања со децении, верувајќи дека водата и сапунот можат да му наштетат на здравјето.Живеел во исклучително необични услови, а некои од неговите навики биле толку необични што го привлекле вниманието на лекарите и истражувачите, објавува Дејли Стар. Резултат од траумата од неговата младост И покрај сè, тој живеел до 94 години. Починал во октомври 2022 година, неколку месеци откако конечно се согласил да се бања по повеќе од половина век. Сепак, нема докази дека овој конкретен настан имал каква било врска со неговата смрт. Хаџи живеел во близина на селото Деџга, во покраината Фарс. Според неговите изјави, неговиот живот во изолација започнал по низа емоционални разочарувања што ги доживеал во младоста. Тој зборувал за овие искуства во интервју за Техеран Тајмс, објавено во јануари 2014 година. После тоа, се повлекол од општеството и почнал да живее како пустиник. На почетокот, спиел во дупка што ја ископал, а подоцна селаните му изградиле едноставно засолниште од тули. Селаните се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна, засолниште и хигиенски производи, но тој генерално одбивал таква помош. Според медиумските извештаи, Хаџи верувал дека може да се разболи од сапун и вода. Исто така, не му се допаѓало вниманието што го добивал поради неговиот начин на живот, а обидите на другите луѓе да го променат наводно го правеле тажен. За да преживее, главно се потпирал на она што можел да го најде во околината. Според неговите изјави и сведоштва објавени во медиумите, јадел месо од мртви животни, вклучувајќи ги и остатоците што ги нашол покрај патот. Особено сакал месо од еж. Се вели дека пиел вода од 'рѓосан сад што претходно се користел за складирање моторно масло, како и од барички што ги нашол во областа. Медиумските извештаи велат дека пиел до пет литри вода дневно, иако ова не е независно потврдено. Тој добил меѓународно внимание во 2014 година. Неговите навики за пушење биле исто така необични. Мештаните често му давале тутун како подароци, а некои видеа го прикажуваат како пуши по неколку цигари одеднаш. Кога немал тутун, наводно ставал сушен животински измет во лулето. Amou Haji, apodado como el "hombre más sucio del mundo", era un hombre iraní conocido por no bañarse durante más de 60 años a pesar de su estilo de vida antihigiénico. Vivió hasta los 94 años. Murió unos meses después de bañarse por primera vez en 6 décadas. https://t.co/zakVbwF9t2 — osoıɹnƆ 💀 (@RRcarlos24) May 2, 2024 Не ја сечел косата на вообичаен начин. Кога станала предолга и почнала да го мачи, ја скратувал со горење на вишокот на оган. Хаџи добил меѓународно внимание во 2014 година, кога „Техеран тајмс“ објавил сторија за неговиот живот. Деталите ги заинтересирале и експертите кои сакале да испитаат како неговото тело реагирало на децениите живот во екстремно нехигиенски услови. Според медиумските извештаи, тимот на лекари го водел д-р Голамреза Молави, паразитолог на Универзитетот за медицински науки во Техеран. Лекарите извршиле низа тестови, вклучувајќи тестови за различни видови хепатитис, ХИВ и паразитски инфекции. Резултатите, според истите извештаи, биле изненадувачки. Според извештаите, не се пронајдени посериозни инфекции што ги очекувале експертите, но е регистрирана трихиноза, паразитска инфекција што може да се пренесе со јадење сурово или недоволно зготвено месо. Д-р Молави, според истите извештаи, верувал дека живеењето во сурови услови со години можеби придонело за развој на силен имунолошки одговор. Сепак, ова не значи дека неговиот начин на живот бил здрав или дека избегнувањето на хигиената го зајакнало телото на Хаџи. Бројни шпекулации за смртта Со години, мештаните се обидувале да го убедат Хаџи да се избања, но тој упорно одбивал. Според еден медиумски извештај, за време на претходен обид да го однесат до реката, сфатил што прават и скокнал од возилото. Сепак, во одреден момент се предомислил. Медиумските извештаи наведуваат дека неколку месеци пред неговата смрт, селаните конечно го убедиле да оди во бањата и да се измие. Според извештаите, тоа било неговото прво капење по повеќе од половина век. По капењето, неговата кожа наводно била покриена со слоеви саѓи и гној што се насобрале поради многу години занемарување на хигиената. Кратко потоа, Хаџи се разболел, а неговото здравје се влошило во следниот период. Починал на 23 октомври 2022 година, на 94-годишна возраст, во селото Дежгах. Фактот дека Хаџи починал неколку месеци по првото капење предизвика многу шпекулации за можна поврзаност помеѓу двата настани. Некои медиуми и корисници на социјалните мрежи сугерираат дека отстранувањето на нечистотијата од неговата кожа можеби го нарушило неговиот имунолошки систем и така настанала мистеријата за неговата смрт. Сепак, нема сигурни медицински докази за таквото тврдење.Тагови: мистерија избањал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ЗабаваСе сеќавате ли на победничката на Евросонг, Кончита Вурст- сега тврди дека е хетеросексуален маж (ВИДЕО)„Јас сум хетеросексуален маж“, се пошегува Том Нојвирт, кој победи на Евросонг 2014 како Кончита Вурст. Во подкастот „Bussi Blabla“, кој го води со музичарот Џеј Џеј, тој зборуваше за тоа како се обидува да се искупи кога нешто тргнува наопаку во врската - купува подарок, објавува Heute. Нојвирт, како и Кончита Вурст, стана меѓународно препознатливо лице на ЛГБТК заедницата откако победи на Евровизискиот натпревар за песна. Неговиот победнички извик „Ние сме незапирливи“ многумина го протолкуваа како порака против хомофобијата и политичкиот прогон на квир луѓето во некои земји. „Еве, двајца сме“ Во подкастот, Нојвирт си поигра со стереотипот дека хетеросексуалните мажи купуваат подароци за своите партнерки кога ќе згрешат или кога сакаат да се поправат. Кога Нојвирт рече дека е стрејт маж, Џеј Џеј ја стави раката пред лицето и се пошегува: „Еве, двајца сме“. „Мислам дека е човечко, нели? Сакаш некако да го поправиш“, додаде Џеј Џеј. Во исто време, тој рече дека мажите во такви ситуации веројатно почесто посегнуваат по подарок. „Сега сум стрејт маж“, повтори Нојвирт на крајот од разговорот. Шегата ги насмеа и следбениците, кои оставија емотикони плачејќи од смеа под видеото на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Bussi Bla Bla (@bussiblabla) Тагови: Евросонг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПрв пат во историјата- Гутереш наскоро заминува, нема кој да застане на чело на Обединетите нации Обединетите нации се соочуваат со невидена ситуација - може да останат без генерален секретар, со помалку од два месеци до крајот на мандатот на Антонио Гутереш, а сè уште не е постигнат договор за неговиот наследник.Се очекува Советот за безбедност на Обединетите нации оваа недела да одржи уште едно гласање зад затворени врати за избор на нов шеф на ОН, но дури и по осум круга гласање, петте постојани членки со право на вето не успеаја да се договорат за наследник. Службениците се зафатени со подготовка на резервни планови во случај да нема никој да ја води светската организација на 31 декември, кога Гутереш ќе ја напушти функцијата. Неуспехот да се избере наследник, велат аналитичарите, е делумно последица на долгиот и нетранспарентен изборен процес, базиран на тајни гласања, што најдобро ја илустрира бавноста и блокадите што идниот генерален секретар треба да ги отстрани. На Советот за безбедност му беа потребни шест круга гласање за да го избере Гутереш во 2016 година. Уште поважно, велат набљудувачите, застојот покажува дека силите со право на вето се сè повеќе неподготвени за компромис, ситуација влошена од американската администрација што сè повеќе ја заобиколува ОН и е преокупирана со сопствените ангажмани во надворешната политика. „Загрижувачки е колку далеку сме во годината и што тоа значи за формирањето на тимот. Со оглед на тоа колку рано започна сè, не треба да бидеме во оваа ситуација“, изјави за Ројтерс Шамала Кандија Томпсон, извршен директор на Извештајот на Советот за безбедност, тинк-тенк што ја следи работата на Советот за безбедност. Гринспен и Нусибех меѓу кандидатите Кандидатите се претежно долгогодишни инсајдери во ОН и личности кои или немаат многу меѓународно признание, како што е фаворитот Ребека Гринспен, или се соочуваат со отпор поради контроверзии поврзани со нивните земји. Таков е случајот со високата дипломатка на Обединетите Арапски Емирати, Лана Нусибех, која беше критикувана за поддршката на нејзината земја за паравоените Сили за брза поддршка (RSF) во граѓанската војна во Судан. ОАЕ ги негира овие обвинувања. Кој и да победи ќе наследи организација која се соочува со огромни проблеми: војни во кои имаше ограничено влијание, пад на финансиските придонеси на САД, пад на политичкото значење поради повлекувањето на Вашингтон од десетици агенции на ОН и растечки притисок организацијата да се направи помала, поефикасна и поодговорна. Ричард Гован, експерт на ОН во Меѓународната кризна група, организација за спречување на конфликти, рече дека завршувањето на годината без избран генерален секретар за 2027 година би било „исклучително непријатно за овластувањата за вето“. Според него, таквото сценарио би им обезбедило дополнителни аргументи на многу земји-членки на ОН кои веруваат дека петте постојани членки на Советот за безбедност повеќе немаат легитимитет да управуваат со организацијата. Петте постојани членки, познати како П5, беа избрани како победници во Втората светска војна во 1945 година. Другите 10 членови на Советот за безбедност се избираат за двегодишен мандат, на регионална основа. Постојаните членки - Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД - долго време се спротивставуваа на промените во структурата на организацијата, за кои многу земји-членки веруваат дека повеќе не ја одразуваат реалната геополитичка ситуација во светот. Повелбата на Обединетите нации не предвидува како да се постапи во случај на слободно место на функцијата генерален секретар. Досега, мандатот на генералниот секретар никогаш не истекол без да се избере наследник. Во септемврискиот извештај, објавен од кампањата „1 за 8 милијарди“, која се залага за потранспарентен изборен процес, беа наведени можни опции, од назначување на вршител на должноста генерален секретар на Генералното собрание од страна на Советот за безбедност, независно продолжување на мандатот на сегашниот генерален секретар. Секоја од овие опции се соочува со пречки, се вели во извештајот, но оставањето на ОН без лидер би било „крајно неодговорно“. Портпаролот на ОН одби да коментира за ситуацијата. Тајно гласање Во ерата на вештачката интелигенција и социјалните медиуми, процесот на избор на генерален секретар стана реликт од минатото. Кандидатите со месеци лобираат кај членовите на Советот за безбедност за да ја добијат поддршката од нивните влади. Потоа тие поминуваат низ серија неформални тајни гласања, на кои членовите можат да гласаат „поддршка“, „неподдршка“ или „воздржано“. Резултатите не се објавуваат јавно, но брзо се објавуваат во јавноста. Членовите исто така можат да организираат гласачки ливчиња со различни обоени ливчиња, при што постојаните членови гласаат со црвени ливчиња, откривајќи ја позицијата на земјите што навистина имаат најголема моќ во Советот. Откако ќе се идентификува фаворит, Советот за безбедност гласа за резолуција со која се препорачува тој кандидат до Генералното собрание на ОН. За да се усвои резолуција, потребни се најмалку девет од 15 гласови, под услов ниедна постојана членка да не стави вето. Генералното собрание, кое има 193 земји-членки, потоа формално го назначува генералниот секретар. Никогаш не отфрлило кандидат номиниран од Советот за безбедност. Советот за безбедност не ги објавува причините за одлучување за времето и форматот на гласањето, ниту пак открива како гласале поединечните држави, иако јавноста ја финансира работата на Обединетите нации. „Дали е ова рационален начин да се избере врвен дипломат во светот? Апсолутно не“, рече Гован. Сепак, тој верува дека неуредниот и нетранспарентен процес може да биде цената што мора да се плати за да се добие лице кое ќе ја води организацијата и кое големите сили всушност ќе го слушаат. Критичарите веруваат дека Гутереш нема такво влијание, бидејќи ја изгубил довербата и на Вашингтон и на Москва. ОН без никого на чело Русија е една од ретките членки што јавно коментираше за рокот за избор на нов генерален секретар. „Исто така, не е јасно што ќе се случи по 31 декември“, рече Кирил Логинов, висок функционер во руското Министерство за надворешни работи. Тој рече дека опциите што се разгледуваат вклучуваат привремено продолжување на мандатот на Гутереш или назначување на друг функционер. „Колку што можам да видам, на 1 јануари, ако нема генерален секретар, нема да има никој надлежен“, рече Даниел Сафран-Хон, поранешен функционер на ОН. Тој објасни дека основното функционирање на организацијата ќе продолжи, дека светлата ќе останат вклучени и дека Советот за безбедност и Генералното собрание би можеле да продолжат да се состануваат, барем за некое време. „Но, малку е како капетанот да умре на супертанкер: првиот офицер може да направи многу, но има одредени работи што не може да ги направи. Не можете да назначувате на највисоките позиции. Не можете да го усвоите буџетот“, објасни тој.Тагови: Антонио Гутереш Обединетите нации Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter