Европските либерали меѓу идеологијата и борбата за задржување на позицијата - Канал 5

Европските либерали меѓу идеологијата и борбата за задржување на позицијата

Европските либерали меѓу идеологијата и борбата за задржување на позицијата

Групата на либералните и центристички партии со децении беше трета политичка сила во Европскиот парламент, но според најновите анкети на јавното мислење по европските избори во јуни таа не само што ќе го загуби третото место од екстремно десничарската Идентитет и демократија (ИД), туку е можно да биде помалобројна и од групацијата на Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) и да биде петта по бројност.

Либералната група во ЕП, „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) веќе се соочува со внатрешни разидувања, особено околу прашања поврзана со зелена транзиција, пред се меѓу европратениците од германската Слободна демократска партија (ФДП) и Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон. Така, француските европратеници ја обвинуваат ФДП дека е „премногу конзервативна“ во однос на еколошките прашања, додека Германците сметаат дека некои членови на Ренесанса се „премногу зелени“.

Дополнителна причина за внатрешни несогласувања е и членството на Алијансата на незадоволни граѓани (АНО) на поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш, чии ставови се многу поблиски до оние на конзервативните партии, отколку на вредностите на либералите. Сепак, дел од членките на „ Да ја обновиме Европа“ се за задржување на АНО во групата, имајќи предвид дека таа би можела да и донесе „неколку важни мандати“ на претстојните европски избори. Според анкетите, АНО би можела да освои шест до седум европратеници и со тоа да биде една од побројните партии во рамките на РЕ.

Бабиш, кој е еден од најбогатите луѓе во Чешка и сопственик на фирми во агрохемискиот и медиумскиот сектор, се вклучи во политиката во 2011 година формирајќи ја популистичката партијата АНО, чија изборна програма се базираше на платформа за справување со корупцијата и која потоа се приклучи на Алијансата на либералите и демократите во Европа (АЛДЕ), која е дел од групата „Да ја обновиме Европа“ во ЕП. Во 2017 година Бабиш стана чешки премиер, а од редовите на неговата партија е и актуелната потпретседателка на Европската комисија за вредности и транспарентност Вера Јоурова.

Но, по напуштањето на премиерската функција во 2021 година, реториката на Бабиш стана поконзервативна, популистичка и антиевропска. Тој минатиот месец дури ја обвини Европската комисија дека ги користи фондовите на ЕУ за да влијае врз исходот од изборите во земјите членки на Унијата.

Лани во јануари чешки Суд го ослободи од обвинувањата за злоупотреба на субвенции од ЕУ, но тој и натаму е под истрага на француските власти за наводите за затајување данок и перење пари, што тој ги отфрла.

Ваквото „свртување на Бабиш в десно“ резултираше со преполовување на бројот на европратеници на АНО. Две европратенички на АНО избрани во 2019 година ја напуштија партијата и дејствуваат како независни во рамките на РЕ, додека трета премина во редовите на чешката партија Социјалдемократија (СД), членка на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи.

Дел од партијата на Бабиш остана само тројца европратеници, кои не ретко гласаа поинаку од ставот на РЕ. Тие тројца беа единствените европратеници од либералната група кои се изјаснија против Стратегија на ЕУ за еднаквост на припадниците на ЛГБТИК+ заедницата за периодот 2020-2025 година, а двајца од нив гласаа и против замрзнување на средствата од европските фондови за Унгарија, одлука која ја поддржа РЕ.

Извори на РЕ посочуваат дека групата е посветена на спротивставување на деструктивното однесување на популистите и екстремните националисти во Европа кои поттикнуваат поделби и отфрла соработка со сите политички актери и групи кои не ги почитуваат основните вредности на ЕУ и принципите на демократското владеење.

Според истите извори, исклучувањето на партија од групата е „чувствително прашање“, а во случајот на АНО за евентуална таква постапка прво треба да решава АЛДЕ, чија членка е партијата на Бабиш.

Извори од АЛДЕ, пак, велат дека во оваа европска политичка партија засега не се размислува за исклучување на АНО. Тие посочуваат дека немаат никаква проблеми со претставниците или европратениците од АНО, но некои изјави на Бабиш „се проблематични“, поради што „ситуацијата редовно се следи и проценува“.

АЛДЕ лани во мај во Прага испрати „мисија за утврдување на фактите“, со цел да провери дали АНО е доследна на основните либерални вредности, но таа беше прекината во септември поради, како што беше образложено, „протекување на информации во медиумите“.

Според правилата на РЕ, една партија би можела да биде исклучена од групата доколку „во каква било форма учествува во владини коалиции на национално ниво со екстремната десница“.

Поради ова правило, кон шведската партија Либерали беа воведени санкции од страна на РЕ, откако во октомври 2022 година формира малцинска Влада со конзервативците и демохристијаните со поддршка на екстремно десничарската партија Шведски демократи. Партијата не беше исклучена од РЕ и нејзината единствена европратеничка Карин Карлбро остана дел од либералната пратеничка група, но шведските либерали беа санкционирани со забрана за учество на настани во организација на „Да ја обновиме Европа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лионел Меси е понижен

Интер Мајами беше елиминиран во првиот натпревар од плејофот на МЛС, откако загуби со 1-0 од Колумбус Кру во реваншот. 

Лионел Меси е понижен

Вкупниот резултат во двата натпревари беше 4-0, но американското првенство се игра според серискиот систем, при што првиот ќе победи на два натпревари, па голот во реваншот го одлучи исходот.

И покрај второто место во конференцијата, тимот што го претставуваше големиот Лионел Меси беше бледа сенка од тимот од лигашкиот дел од кампањата, ремизирајќи два натпревари без примен гол, што претходно беше незамисливо за нив, а нивните соништа за титула беа разбиени на почетокот од плејофот.

Меси не успеа да настапи во двата натпревари, а одлучувачкиот гол во вториот го постигна Уругваецот Сантијаго Родригез во втората минута од судиското продолжение.

Ванкувер Вајткепс исто така се пласираа понатаму по два натпревари против Реал Солт Лејк, и по победата од 2-0 дома, славеа со 1-0 на гостински терен. Се чекаат преостанатите шест учесници во четвртфиналето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Шпанија е пронајдена плантажа за марихуана под детско игралиште- полицајците се фаќаат за глава (ВИДЕО)

Шпанската полиција откри огромна подземна плантажа со марихуана скриена под детско игралиште на приватен имот во Лас Габијас, недалеку од Гранада на југот на земјата. 

Во Шпанија е пронајдена плантажа за марихуана под детско игралиште- полицајците се фаќаат за глава (ВИДЕО)

1.954 растенија марихуана беа пронајдени во софистициран бункер со површина од околу 180 квадратни метри.

Шпанската Гвардија Цивил објави снимки и фотографии од полициската акција во која беа уапсени пет лица, додека уште три се под истрага. Осомничениот водач на криминална организација е осуден на притвор.

Лулашка и детска куќичка криеја огромен бункер

На прв поглед, просторот зад куќата изгледаше како обично детско игралиште со вештачка трева, лулашка, куќичка за играње и мала подлога. Сепак, под неа се наоѓаше подземен комплекс висок пет метри.

Полицајците открија голема врата со хидрауличен систем за отворање. Под нив имаше рампа доволно голема за автомобили да влезат во подземниот простор.

Во бункерот беа пронајдени две големи простории наменети за интензивно одгледување марихуана.

Полицијата откри и сомнителна врска со електричната мрежа преку која, според резултатите од истрагата, плантажата нелегално се снабдувала со електрична енергија. Потрошувачката на електрична енергија одговарала на потрошувачката на приближно сто домаќинства.

Според проценката на шпанската полиција, ова е најголемиот и технолошки најсофистициран подземен објект за нелегално одгледување марихуана откриен досега во покраината Гранада.

Тие имале и продавница вредна неколку милиони евра.

Истрагата траела повеќе од една година, а полициската акција била спроведена на 17 ноември. Полицијата претресла вкупно 13 имоти во Гранада и четири околни градови.

На трите плантажи биле пронајдени вкупно 2.479 растенија марихуана. Конфискувани се и 22.970 евра во готово, два автомобила, два комбиња, караван, приколка и електричен пиштол за зашеметување.

Полицијата, исто така, запечатила деловен простор специјализиран за продажба на опрема за одгледување канабис, чија вредност се проценува на неколку милиони евра.

Сопственикот на тој деловен простор наводно бил водач на криминална организација, за која полицијата се сомнева не само дека одгледува марихуана, туку и дека снабдува други криминални групи низ цела Шпанија со специјализирана опрема.

Осомничените се обвинети за кривични дела поврзани со производство на дрога, кражба на електрична енергија, нелегално поседување забрането оружје и припадност на криминална група.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Река однесе мост- возачот се спаси во последен момент, снимката е морничава (ВИДЕО)

Возач на автомобил во регионот Кемерово во Русија успеал да премине преку понтонски мост само неколку секунди пред да биде однесен од силна струја.

Река однесе мост- возачот се спаси во последен момент, снимката е морничава (ВИДЕО)

Драматични снимки го покажуваат моментот кога структурата се урива веднаш откако возилото преминало на другата страна.

Режим на висока тревога

Видео од инцидентот што се случил на 24 ноември во југозападен Сибир беше објавено од медиумот „Известија“.

Автомобилот успеал безбедно да премине, но силна струја веднаш ја одвоила структурата на понтонскиот мост во близина на селото Мајзас. Сообраќајот на мостот во моментов е прекинат.

Поради штетата, воведен е режим на висока тревога, објави шефот на регионот, Павел Камбалин.

Властите се на постојана дежурство

Тој рече дека општинските служби и одделенијата за цивилна заштита и вонредни ситуации организирале дежурство со чамци за да можат да интервенираат во случај на итна потреба за транспорт на луѓе.

Тој додаде дека во селата Мајзас и Ортон има клиники со служби за итна медицинска и акушерска нега, и дека на жителите не им недостасуваат лекови и храна. Обезбедени се и залихи со храна за училиштето во Ортон, додека надлежните служби се на терен за да проценат колку време ќе биде потребно за обнова на оштетениот мост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер