Европските држави со нови препораки за граѓаните кои патуваат во САД - Канал 5

Европските држави со нови препораки за граѓаните кои патуваат во САД

Франција, како и неколку други европски земји, со препораки до француските граѓани кои патуваат во САД. 

Европските држави со нови препораки за граѓаните кои патуваат во САД

Одлуката уследи по указот на американскиот претседател Доналд Трамп од 20 јануари дека во САД се признаваат само два пола – машки и женски, дефинирани при раѓање.

Германија, Данска, Финска, Холандија и Велика Британија минатата недела издадоа слични препораки до своите граѓани. Тие ги потсетуваат своите граѓани кои патуваат во САД строго да ги следат правилата за влез во таа земја за да избегнат да бидат вратени назад, па дури и да бидат уапсени.

Во препораката на Франција експлицитно не се спомнуваат француските трансродови лица, кои би можеле да бидат вратени назад на границата доколку во нивните пасоши е назначен полот „Х“ или ако го смениле полот.

- На патниците им се препорачува редовно да ја проверуваат веб-страницата на Амбасадата на САД во Франција и да контактираат со авиокомпанијата со која патуваат за да проверат дали има какви било промени и новоусвоени мерки“, се вели во препораката издадена од француското Министерство за надворешни работи.

Минатата недела Министерство за надворешни работи на Финска објави дека ако полот на пасошот на барателите за виза или електронско овластување за патување не се совпаѓа со нивниот пол при раѓањето, нивното овластување за патување или виза може да биде одбиено.

Додека Данска им препорача на граѓаните дека ако во пасошот имаат ознака „Х“ за полот или пак го смениле полот да ја контактираат амбасадата на САД пред да патувате за да ги потврдите важечките правила.

И МНР на Холандија ги предупреди ЛГБТ луѓето кои патуваат во САД дека треба да бидат свесни дека таму различни закони. Минатата недела и Германија им препорача на патниците, чиј пол е означен како „X“ во нивните лични документи, или чиј сегашен пол се разликува од нивниот пол при раѓање, да го контактираат со надлежното претставништво на САД во Германија.

Велика Британија ги предупреди своите граѓани да ги почитуваат сите правила за влез во САД или ризикуваат апсење. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер