Доналд Трамп за една недела на берзите загуби 1,7 милијарди долари - Канал 5

Доналд Трамп за една недела на берзите загуби 1,7 милијарди долари

Вредноста на акциите на социјалната мрежа Truth Social, во сопственост на компанијата Trump Media & Technology Group напоранешниот американски претседател Доналд Трамп падна на берзата во Њујорк во петокот за 12%

Доналд Трамп за една недела на берзите загуби 1,7 милијарди долари

Продажбата избриша речиси 2 милијарди долари од вредноста на уделот на поранешниот претседател Доналд Трамп во компанијата оваа недела. Акциите на Trump Media скокнаа до 79,38 долари на 26 март, кога започна тргувањето на Nasdaq под симболот „DJT“. Оттогаш, цената на акциите на сопственикот на Truth Social падна за 49%, за да се затвори на 40,49 долари во петокот.

Акциите на Trump Media изгубија околу една третина од нивната вредност оваа недела. Сепак, и покрај овонеделните загуби, акциите на Trump Media сè уште се зголемуваат за повеќе од 130% оваа година, јавува CNN.

Личниот удел на Трамп во компанијата сега се проценува на околу 3,2 милијарди долари. Тоа е помалку од 4,9 милијарди долари што вредеше на крајот на минатата недела.

Трамп Медиа неодамна објави загуба од 58 милиони долари минатата година со многу скромни приходи од само 4,1 милиони долари. Финансиските резултати ја истакнуваат загриженоста изразена од некои експерти дека компанијата е многу преценета од Вол Стрит.

Бери Дилер, милијардерот претседател на Expedia и сопственик на списанието People, IAC, во четвртокот за CNBC изјави дека Трамп Медиа е „измама“ и дека луѓето што купуваат акции се „будали“. „Мислам, тоа е смешно“, рече Дилер на CNBC. „Компанијата нема приходи.

„Не е изненадувачки да се видат фанатичните мразители на Трамп и левичарските провокатори како сега експлодираат бидејќи Truth Social стана јавна компанија која продолжува да одбива да го потисне политичкото изразување што се спротивставува на наративите што тие сакаат да ги наметнат“, изјави Шенон Девин, портпаролка на Трамп Медиа за Си-Ен-Ен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер