3Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
3Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
ТехнологијаЕвропската унија постави официјален рок за преминување кон „USB-C“ стандардотРегулативата им дава на потрошувачите избор да купат нов уред со или без полнач.Часовникот почна да отчукува. Откако Европската унија донесе регулатива со која сите електронски уреди ќе мора да користат ист стандард за полначи (USB-C), беше усвоен и конечниот официјален рок по кој стапува на сила регулативата. Така, сите уреди кои се на пазарот во ЕУ по 28 декември 2024 година ќе мора да бидат опремени со „USB-C“ приклучок за полнење. Регулативата е објавена во слижбениот весник на ЕУ и ќе стапи на сила за 20 дена, а земјите-членки ќе имаат најмногу 24 месеци да го прилагодат своето национално законодавство на оваа регулатива. Иако веќе беше познато дека „USB-C“ ќе треба да биде прифатен како стандард во следните две години, не беше јасно кога точно ќе биде тоа. Првите информации зборуваа за есента 2024 година, додека по прифаќањето на директивата се споменуваше крајот на 2024 година. Регулативата, како што посочуваат од ЕУ, е донесена со цел да се намали количината на електронски отпад што се јавува поради отфрлањето на полначите од постарата генерација, чии слотови не одговараат на оние на новите уреди. Според официјалните податоци, во ЕУ секоја година се фрлаат речиси 11.000 тони електронски отпад. Регулативата, исто така, им дава на потрошувачите избор да купат нов уред со или без полнач, со што се заштедуваат пари и во исто време се намалува количината на електронски отпад поврзан со производството, транспортот и отстранувањето на полначите. 🔌The Directive (EU) 2022/2380 related to the #CommonCharger for mobile devices is published in the #OfficialJournal It will enter into force on 27/12/2022 📱 https://t.co/BeZS5J2tYc #ThisIsTheEU #Sustainability #IMCO #SingleMarket pic.twitter.com/3IuTarhkVs — EUR-Lex (@EURLex) December 8, 2022 Одлуката за стандардот за полнач „USB-C“ се однесува на паметните телефони, но и на другите мали електронски уреди како таблети, безжични слушалки, дигитални камери и рачни конзоли за видео игри. Истиот стандард ќе се применува и за преносни компјутери, но само од април 2026 година. Треба да се напомене дека овој стандард се однесува само на уреди кои поддржуваат полнење со кабел. Уредите што поддржуваат само безжично полнење (како што се некои паметни часовници, некои слушалки итн.) не треба да бидат опремени со слот за „USB-C“. Регулативата за воведување единствен стандард ќе значи најголема промена за „Apple“, кој се уште одбива да ги користи „USB“-стандардите што ги користат другите производители на паметни телефони и други мали електронски уреди. Сепак, „Apple“ потврди дека планираат да ги усогласат своите производи со регулативата на ЕУ. Засега не е познато кој ќе биде првиот уред на „Apple“ кој ќе го поддржува „USB-C“ стандардот, но се шпекулира дека тоа би можело да се случи веќе во 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГермански брод цел на напад во Црното Море: Екипажот евакуиран, бродот онеспособенГерманскиот товарен брод „ЕМИЛ“ наводно бил погоден во напад со беспилотни летала во Црното Море во близина на Одеса, предизвикувајќи пожар и оставајќи го бродот без дел од своите технички системи, објавија германските медиуми.Германскиот товарен брод „ЕМИЛ“ наводно бил цел на напад со беспилотни летала во Црното Море, објави германскиот весник „Билд“. Според извештаите, бродот бил погоден неколку пати, предизвикувајќи пожар и прекин на работата на неколку технички системи, со што бродот не можел да маневрира. Додека екипажот бил евакуиран на безбедно место, бродот повторно бил нападнат, според германскиот весник. Во моментот на нападот на бродот имало 11 членови на екипажот, од кои ниту еден не бил германски државјанин. Според достапните информации, нема повредени. The German cargo ship "EMIL" was reportedly repeatedly targeted by Russian drones in the Black Sea. A fire broke out on board, leaving it unable to manoeuvre. All 11 crew members are said to be unharmed. #EuropeNews ➡️ https://t.co/HD77htHTyI pic.twitter.com/bbGIUjS9Jr — euronews (@euronews) August 6, 2026 Бродот „ЕМИЛ“ наводно бил погоден во Црното Море, на околу 21 наутички милји од украинското пристаниште Одеса. Бродот моментално плови под знамето на Либерија и е во сопственост на германската бродска компанија „Johann M. K. Blumenthal GmbH & Co. KG“, со седиште во Хамбург. Руското Министерство за одбрана ги потврди нападите на својот Телеграм канал. Москва соопшти дека нејзините беспилотни летала погодиле два товарни брода во Црното Море, јужно и источно од Одеса, преку ноќ, тврдејќи дека превезуваат воен товар. Другиот брод за кој се тврди дека е погоден е товарниот брод „Мера Квин“, кој плови под знамето на Гвинеја-Бисао. Според германскиот весник, еден член на екипажот е убиен во нападот. Извор: Б92Тагови: брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПогребан руски генерал– загина во експлозија во Москва?Рускиот генерал-мајор Валериј Плохотњук, кој наводно загинал во експлозија во Москва на 1 август, е погребан денес, објави рускиот независен медиум Медиазона, повикувајќи се на податоци од отворени државни бази на податоци.Претходно, каналот Чека-ОГПУ на Телеграм објави дека погребот на генерал-мајор Валериј Плохотњук се одржа вчера на гробиштата Троекуровски во Москва. Според каналот, тој загинал во експлозија во ресторанот „Балзи Роси“ на 1 август. Во 2022 година, Плохотњук бил заменик-командант на 49-та комбинирана вооружена армија на Руската Федерација. Медиазона забележува дека, според податоците од државните регистри, Плохотњук починал на 1 август. Експлозијата на терасата на ресторанот „Балзи Роси“ во центарот на Москва се случила на 1 август. Руските канали на Телеграм првично објавија дека експлозијата е предизвикана од истекување на гас, но рускиот Национален антитерористички комитет подоцна соопшти дека е детонирана рачно изработена експлозивна направа донесена од жена. Таа, обезбедувањето на ресторанот кое одбило да ја пушти внатре, и еден од гостите починале на самото место, а 21 лице биле повредени. Утрото на 2 август, медиумите објавија дека бројот на жртви се искачил на пет, а најмалку шестмина се во сериозна состојба. Russian media have reported details of the attack near Moscow's Balzi Rossi restaurant, where an improvised explosive device detonated yesterday: ▪️ At around 7:50 p.m. Moscow time, a woman attempted to enter the Balzi Rossi restaurant, where a celebration was taking place. A… https://t.co/33lGq0TPgb pic.twitter.com/zC4uCfjtyF — Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 2, 2026 Руските медиуми објавија дека целта на експлозијата во елитниот московски ресторан можеби бил врховниот командант на руските воздухопловни сили, Александар Чајко, кој е на судење во Украина за воени злосторства, особено во Буча. Фактот дека Чајко бил цел на експлозијата го објавија и рускиот воен командант Кирил Федоров и каналот на Телеграм „Записки ветеринар“. Прорускиот пропагандист Анатолиј Шариј објави видео од подготовките за прославата во објектот. На ѕидот зад сцената пишувало „Александар 55“ – толку години Чајко наполнил на 27 јули. Извор: Б92Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ТехнологијаПодгответе се: Ќе имаме ли посебен „iPhone“ следната година?„Apple“ наводно тестира поголеми екрани за посебен „iPhone“ кој се очекува да биде претставен во 2027 година за да се одбележи 20-годишнината од првиот модел.Според познатиот кинески инсајдер „Digital Chat Station“, „Apple“ моментално тестира два нови екрани - едниот има дијагонала од околу 6,4 инчи, додека другиот достигнува речиси 7 инчи. Доколку информациите се покажат точни, новиот уред би можел да го донесе најголемиот екран во историјата на „iPhone“. За споредба, сегашниот „iPhone 17 Pro“ има екран од 6,3 инчи, додека „Pro Max“ користи панел од 6,9 инчи. Новите модели не би донеле драстично зголемување, но би го претставувале најголемиот екран на „Apple“ досега. Нов дизајн речиси без рамки Поголемиот екран би требало да биде придружен и со целосно освежен изглед на уредот. Гласините зборуваат за екран со екстремно тенки рамки и закривеност на сите четири страни. Според извештаите, „Apple“ веќе тестира слична технологија на овогодишната генерација на „iPhone“, што би можело да значи дека развојот на оваа технологија е при крај. Се очекува соодносот на ширина и висина да остане ист како кај сегашните модели, па уредот би изгледал како зголемена верзија на денешниот дизајн, а не како сосема нов концепт. Засега само гласини Треба да се напомене дека оваа информација е базирана на објава од извор на кинеската социјална мрежа „Weibo“. „Apple“ официјално не потврди ништо, а плановите на компанијата може значително да се променат до моментот кога ќе биде претставен уредот. Моделот за 20-годишнината не се очекува до 2027 година, па затоа оваа информација треба да се смета за рана шпекулација, а не за потврден факт. Во меѓувреме, се очекува „Apple“ да ја претстави генерацијата „iPhone 2026“ следниот месец, која, според сегашните информации, треба да ги задржи истите дијагонали на екранот како и претходните модели. Извор: Б92 Фото: ВИТагови: iPhone Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04