ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии
2ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии
3ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела
Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
АвтомобилизамЕвропската автоиндустрија згаснува, над 13 милиони луѓе се засегнати Во европската автомобилска индустрија се вработени над 13 милиони луѓе и повеќето фабрики се принудени да престанат со производството.Трите најголеми европски производители на автомобили ги затвораат своите погони низ целиот континент, а ширењето на пандемијата на коронавирус се заканува дека дополнително ќе ја загрози индустријата која трета година по ред опаѓа. Во текот на изминатата година, трите компании остварија вкупна продажба на околу 12 милиони возила. Автомобилскиот сектор е срцето на европската производствена индустрија, која според Асоцијацијата на европски производители на автомобили, директно или индиректно обезбедува работни места за околу 14 милиони луѓе. Италијанско-американскиот производител на автомобили Фиат Крајслер објави дека ќе го прекине производството во повеќето свои европски погони до 27 март, шест во Италија и по еден во Србија и Полска, како одговор на „прекинување на побарувачката на пазарот“ за нивното производи. Групата ПСА, составена од „Пежо“, „Ситроен“ и „Опел“, која е во процес на спојување со „Фиат Крајслер“, го стори истото со соопштение дека до крајот на март ќе затвори 15 фабрики во седум држави вклучувајќи ги Франција, Шпанија, Германија и Велика Британија. Француската компанија ја објасни својата одлука да го прекине производството со проширување на случаите на коронавируси во близина на производствените капацитети, испади во ланецот на снабдување и остар пад на побарувачката за автомобили. Рено објави оглас дека ќе го прекине производството на сите 12 постројки во Франција, „за да се заштитат вработените пред заканата за пандемија на „ Ковид-19 “, во согласност со мерките наложени од француската влада“. Одлуките на овие компании веднаш влијаеја на состојбата на берзата, при што паднаа акциите на Фиат Крајслер на берзата во Милано за 19%, акциите на ПСА Групацијата во берзата во Париз опаднаа за 15%, додека акциите на Рено изгубија 12% од претходната вредност . Производството на луксузни марки на автомобили не е поштедено од општата криза што влијае на автомобилската индустрија. Масерати, сопственост на Фиат Крајслер, беше директно засегнат од одлуката на сопственикот да ги затвори своите погони, додека Ферари, поради тешкотии во набавката на делови за продолжување на производството, најави привремено затворање на два свои погони во Италија. Исклучувањето на погоните за автомобили низ цела Европа го илустрира влијанието што го има коронавирусот врз автомобилската индустрија на глобално ниво, при што пандемијата веќе резултираше во бројни затворања на фабрики во Кина и зачудувачки пад на продажбата на возила на овој пазар, јавува Си-Ен-Ен. Секако, најпогодена е Италија. Економистите веруваат дека преземените мерки за спречување на ширењето на пандемијата, веќе кревката италијанска економија, лесно може да ја втурне во уште подлабока рецесија, што доведува до зголемен притисок врз важните сектори како туризам и угостителство. Бидејќи и Германија и Франција воведоа слични мерки за борба против пандемијата, пошироката рецесија на европско ниво се чини неизбежна. Затворањето на фабриките, прекинатите ланци на снабдување и пад на довербата на клиентите како резултат на коронавирусот се околностите што ја водат автомобилската индустрија во подлабока рецесија. Продажбата на возила на најголемите светски пазари падна за 4% во текот на 2019 година на 90,3 милиони возила, што е намалување од 95,2 милиони во 2017 година, според LMC Automotive. Падот на продажбата на возила им отежнува на веќе тешката индустрија да генерира ресурси потребни за да се излезе во пресрет на предизвиците на технолошкото напредување на моторите со внатрешно согорување, неопходно за справување со кризата на климатските промени. Продажбата на возила во Кина, како најголем пазар во светот, падна за 80% во текот на февруари, во однос на истиот период лани. Одговарајќи на вестите дека Фолксваген е на работ да го затвори својот гигантски погон во Волфсбург поради недостиг на делови, компанијата соопшти дека континуираното производство е „засегнато“. „Ние внимателно ја следиме ситуацијата, особено одлуките на властите, како и синџирите за снабдување преку европските граници“, се вели во соопштението. Денес, меѓутоа, тие најавија дека наскоро ќе тргнат по стапките на ривалите и ќе започнат со затворање на фабриките. Ќе се затвораат во две фази. Фиат Крајслер соопшти дека тие „работат на создавање на залихи на делови за да бидат подготвени да ги испорачаат претходно планираните количини на возила кога ќе се поврати побарувачката на пазарот“. Компанијата има значителни производствени капацитети во Америка, како и други погони во Латинска Америка и Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички составиЗдружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective) го најавува второто издание на музичкиот фестивал „Нарвал рок фест 2“, кој ќе се одржи на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во „Биртија паб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.На второто издание на фестивалот ќе настапат три домашни музички состави и изведувачи: „Ширшаја „Тантрум“ и „Флукс“, кои претставуваат различни музички жанрови, вклучувајќи готик-рок, панк-рок и современ рок. „Нарвал рок фест“ е музички настан посветен на промоцијата и поддршката на домашната независна музичка сцена, со посебен акцент на алтернативната и рок-музиката. Фестивалот има цел да обезбеди дополнителен простор за концертни настапи на домашните автори и изведувачи, да ја поттикне нивната видливост и да придонесе кон развојот на независната музичка продукција во Македонија. По одржувањето на првото издание, организаторите го продолжуваат фестивалскиот концепт со програмска содржина која обединува изведувачи од различни музички правци. Со ваквиот пристап, фестивалот настојува да ја претстави жанровската разновидност на домашната алтернативна сцена и да овозможи непосредна комуникација меѓу музичарите и публиката. Во рамките на фестивалската програма, групата „Ширшаја“ ќе настапи со својот препознатлив готик-рок звук, кој се карактеризира со меланхолична атмосфера и специфичен музички израз. Групата „Тантрум“ ќе настапи со современ рок-репертоар и сопствени авторски материјали, додека „Флукс“ ќе го претстави панк-рок правецот, со динамичен и енергичен музички израз. Организатор на фестивалот е Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective), чија активност е насочена кон поддршка, промоција и афирмација на домашната независна музичка сцена. Преку организирање концертни настани и поврзување на изведувачи од различни музички жанрови, здружението настојува да придонесе кон создавање континуирани можности за јавна презентација на домашното авторско музичко творештво. Второто издание на „Нарвал рок фест“ ќе се одржи на 13 ноември, со почеток во 20:30 часот, во „Биртија паб“ во ГТЦ во Скопје. Цената на влезниците изнесува 400 денари во претпродажба, додека на денот на настанот, на влезот, ќе изнесува 500 денари. Влезинците во предпродажба може да се купат во Олд Скул рок кафе. Организаторите ги покануваат љубителите на рок и алтернативната музика да присуствуваат на фестивалот и да ја поддржат домашната независна музичка сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од ВенецуелаЕдинствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра. Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати. Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка. И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија. Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале. Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев. Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06