Кралицата Елизабета напишала писмо кое што не смее да се отвори до 2085.- ниту семејството не знае што напишала
1Кралицата Елизабета напишала писмо кое што не смее да се отвори до 2085.- ниту семејството не знае што напишала
ЗдравјеЕвропратеници го тужат Европскиот парламент поради блокада на истрага за набавката на антиковид вакцини во ЕУ Според иницијаторите на тужбата, раководството на ЕП ги прекршило правилата со тоа што го отфрлило предлогот на седница зад затворени врати, наместо да го стави на пленарно гласање пред европратениците. Група европратеници од редовите на десничарските и екстремно десничарските партии поднеле тужба против Европскиот парламент до Општиот суд при Судот на правдата на ЕУ, со тврдење дека не било почитувано нивното право за покренување истрага околу начинот на набавка на антиковид вакцини од страна на ЕУ. Во тужбата се оценува дека одлуката на Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола и лидерите на пратеничките групи, со која се отфрла барањето за формирање на Анкетен комитет за проверка на овие набавки, била противзаконска. Според иницијаторите на тужбата, раководството на ЕП ги прекршило правилата со тоа што го отфрлило предлогот на седница зад затворени врати, наместо да го стави на пленарно гласање пред европратениците. Станува збор за иницијатива потпишана од над 180 пратеници од редовите на групите Патриоти за Европа (ПФЕ), Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Европа на суверени нации (ЕСН) со која се предлага покренување парламентарна истрага за „наводите за корупција, перење пари, злоупотреба на моќта и прекумерно мешање во законодавните процеси“ при набавката на вакцини за време на корона пандемијата. - Повеќе од 180 пратеници побараа истрага за тоа како ЕУ потрошила милијарди долари за договорите за вакцини и слични зделки. Раководството на Парламентот нема право да го спречи ова барање, изјави германската европратеничка Кристин Андерсон од редовите на ЕСН. Со нејзиното мислење се согласува и холандската европратеничка Марике Елерс од редовите на Патриотите, која ја обвини Конференцијата на претседатели дека ја блокира истрагата, со тоа што не дозволила европратениците да се изјаснат за иницијативата. - Лидерите на групите немаат надлежност да блокираат иницијатива чие предлагање е право на секој член (на ЕП), изјави Елерс. Според судските документи, во кои увид имал бриселскиот портал „Политико“, тужбата е поднесена на 31 октомври, по што Судот му дал рок на Европскиот парламент да одговори на барањето на европратениците најдоцна до 20 ноември, пред да донесе одлука за постапување по предметот. Доколку ЕП не го прифати барањето, Судот може да покрене судска постапка, која би можела да трае со години. На барање на „Политико“ за коментара на тужбата, Прес-службата на Европскиот парламент одговорила дека „не коментира поднесени или тековни судски постапки“. [Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, преку формално писмо соопшти дека во наредните три недели институцијата ќе работи забавено во обид да се намали ширењето на Ковид-19.] Согласно процедурите на ЕП, европратениците можат да предлагаат формирање на анкетни комитети за оценка на транспарентност или утврдување на одговорност за некои постапки. Доколку иницијативата биде поддржана од пропишаниот број европратеници, таа се доставува до Конференцијата на претседатели. Според толкувањата на мнозинството во Конференцијата, таа решава дали предлогот ќе го стави на гласање на пленарна седница, додека според иницијаторите на тужбата, таа само треба да ја констатира иницијативата и да ја предложи како точка за гласање пред пратениците. Според Андерсон, која е членка на партијата Алтернатива за Германија, цел на предлагачите на тужбата е Судот да ја поништи одлуката на Конференцијата на претседателите и да ја поттикне претседателката на ЕП, Мецола да ја стави иницијативата на гласање на пленарна седница. Шведскиот европратеник Чарли Вајмерс од редовите на ЕЦР, смета дека во овој случај не станува збор за „политичко прашање“ што треба да го разгледува Судот, туку за „процедурално и правно прашање“ околу непочитување на правилата. - Ние сме прилично оптимисти дека одлуката (на Судот) ќе оди во наш прилог, изјави Вајмерс. Германскиот европратеник Даниел Фројнд од групата на Зелените оцени дека правно гледано барањето на десничарските групи „можеби имаат поента“ и по него „веројатно требало да се одлучи на пленарна седница“. Тој рече дека не поддржува Европарламентот да биде „малтретиран“ со предлози за формирање на разни комитети, но истакна дека анкетните комисии се законски инструменти кои им овозможуваат на европратениците да иницираа истражување на некои постапки. Според Фројнд, можноста мнозинството пратенички групи да не поддржат изјаснување по иницијатива на пленарна седница, ја поништува целта поради која постои инструментот анкетна комисија. Инаку, главно осомничена за неправилности и злоупотреби при набавките на вакцините е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа беше обвинета за непочитување на процедурите при договарање на набавките на вакцини од американската компанија „Фајзер“. Ова обвинување беше повод за покренување иницијатива во Европарламентот за изгласување на недоверба на Европската комисија, која беше отфрлена во јули годинава, како и за судска постапка против Фон дер Лајен пред Суд во Белгија, кој ја одби како неоснована. Тагови: вакцина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисОпериран е Јаник СинерИталијанскиот тенисер Јаник Синер беше успешно опериран во Финска. До неодамна, тенисерот број еден во светот, утрово беше опериран за да му се ослободи илиотибијалниот појас. Овој вид третман беше избран како најмалку оптоварувачка опција за неговото тело, со очекување дека ќе ги отстрани постојните здравствени проблеми. Операцијата следеше по четиримесечна пауза. Јаник Синер ќе може да се врати на теренот за три месеци, што значи дека неговата вкупна пауза ќе биде околу осум месеци... Италијанецот последен пат играше на Вимблдон, кој го освои, откако го победи Александар Зверев во финалето. Беше број еден во светот до пред само неколку недели, а сега ќе доживее пад. Стигна до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија што се одржува оваа година, каде што беше запрен од Новак Ѓоковиќ. Нема да игра на претстојниот турнир во Мелбурн и неговите поени ќе бидат избришани. Јавноста се прашува дали италијанскиот тенисер ќе може да се врати во својата препознатлива форма за краток временски период, формата во која беше сè додека не направи принудна пауза поради повреда на коленото.Тагови: Јаник Синер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСе урна воен хеликоптер во Турција, има загинати (ВИДЕО)Пет лица загинаа во несреќата на хеликоптер на турските воздухопловни сили, откако полета од Ескишехир на тренинг лет, соопшти турското Министерство за одбрана. Операциите за пребарување и спасување продолжуваат на местото на настанот, објави „Туркие Тудеј“. Во соопштението се вели дека хеликоптерот AS-532, кој припаѓал на воздухопловните сили, се урнал по полетувањето од Ескишехир, каде што требало да изврши тренинг лет. Властите стигнале до остатоците, а спасувачките екипи продолжуваат со својата работа на терен. Причината за несреќата сè уште не е позната. Локалните медиуми почнаа да известуваат за несреќата кратко пред 20 часот по локално време, велејќи дека леталото се урнало во близина на автопатот Ескишехир-Ќутахја во областа на селото Јорукакчајир во округот Тепебаши. На местото на настанот беа испратени голем број жандармериски и полицајци, како и екипи на брза помош и противпожарна служба. Хеликоптерот AS-532 припаѓа на семејството хеликоптери со среден погон со двоен мотор „Кугар“, произведени од „Ербас Хеликоптерс“, порано познати како „Еурокоптер“. Воениот хеликоптер го користат воздухопловните сили на неколку земји за транспортни мисии, како и за операции за пребарување и спасување. BREAKING - Turkish military helicopter crashes during exercise: defence ministry https://t.co/pERZTFpnRa — Insider Paper (@TheInsiderPaper) November 24, 2026 Втора несреќа на воен хеликоптер во Турција овој месец Несреќата се случи помалку од две недели откако друг воен хеликоптер се урна во Турција. Министерството за одбрана на 12 ноември соопшти дека хеликоптерот С-70 се урна во округот Јешилурт во покраината Малатија, при што загинаа четворица војници. Причината за несреќата исто така не е утврдена. Делови од остатоците паднале врз куќа, а две лица се здобиле со полесни повреди, според извештаите од тоа време. Ескишехир се наоѓа во западна централна Анадолија и е една од важните локации за турските воздухопловни сили, поради што воените летови се чести во областа. Тепебаши е еден од двата централни градски окрузи на Ескишехир.Тагови: турција воен хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБугарија се соочува со казна до 25 милиони евра од ЕУ и замрзување на дел од европските фондови Европската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската Унија.. Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската Комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата. Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската Комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто.. Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември.. Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии.. Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската Унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00