Европксата вселенска агенција објави дека 5,72 милијарди евра им се недоволни - Канал 5

Европксата вселенска агенција објави дека 5,72 милијарди евра им се недоволни

Европската вселенска агенција (ЕСА) побара повеќе пари од 22 земји-членки на ЕУ за финансирање на заеднички проекти за вселенско истражување.

Европксата вселенска агенција објави дека 5,72 милијарди евра им се недоволни

„Иако многумина не мислат така, патувањето во вселената е клучно за животот на Земјата“, изјави шефот на агенцијата ,Јан Вернер на состаникот на министерско ниво во Севилја.

Тој сака да го зголеми буџетот на ЕСА за најмалку десет проценти во текот на следните три години.

ЕСА има буџет од 5,72 милијарди евра оваа година, со 73 отсто финансирање од земјите-членки. Најголем придонес добива од Франција 1,2 милијарди евра, а потоа следува Германија со 927 милиони евра. Дел од парите ги плаќаат институционалните партнери, како што е ЕУ.

Меѓу новите проекти што ги разгледува ЕСА се и новата ракета Ариана 6, за вселенско истражување и астероидна заштита.

Важна тема е учеството во програмата „Артемис“ на НАСА, која има за цел да ги врати американските астронаути на Месечината во 2024 година. ЕСА треба да развие сервисен модул што ќе даде поттик на вселенската капсула Орион. Вернер сака и европските астронаути да учествуваат во слетувањето на Месечината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата во вторник на седница ќе ја донесе мерката „училишна кошничка“

Во вторник на владина седница ќе се донесе одлуката за  воведување на така наречената уличишна кошничка – најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Владата во вторник на седница ќе ја донесе мерката „училишна кошничка“

Мерката доаѓа на предлог на министерстовто за економија, од каде брифираат дека по денешниот состанок со трговците на големо и мало кои продаваат училишни материјали, ќе биде донесена конечната одлука за што би содржела мерата. Училишни кошнички имаше и во изминативе две години, според пресметките на надлежните примената на кошничите во тој период придонела за заштеда на семејствата од најмалку 1 500 денари...

„Да ќе има и во вторник на владина седница ќе донесеме одлука...“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада .

Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања, по потшишувањето на меморандумот за соработка со Државниот завод за ревизија, рече дека буџетот е во добра кондиција, но големи бафери и простор за идни интервенции нема. Прашана колку досегашните мерки поврзани со намалените акцизи кај дериватите, мерка која и во моментов е активна, но и онаа за намалено ДДВ кај горивата влијаеле врз буџетот – Кочоска вели тешко е се направи прецизна проценка.

„Да видиме како ќе одат состојбите понатаму гледате дека инфлацијата се стабилизира што беше една од главните цели преку овие мерки да не направиме дополнително да влијаеме на инфлацијата. Да видиме сега министерстовто за економија со какви пресметки и предлози ќе излезе па ќе зборувмае. Но јас многу пати повторувам големи бафери и простор во буџетот нема тоа е многу оддамна е потрошено и тоа сите го знаеме. Далеку сме ние од тоа дека немаме пари и од банкрот. Ние зборуваме тука за одредени мерки кои може да се дадат во таа насока. Јас не би рекал дека буџетот е во лоша кондиција само нема за се исто како и дома што нема за се...“ - Гордана Димитриевска Кочоска – министер за финаснии.

Во меѓувреме по три месеци намалување– минималната синдикална кошничка која ја пресметува Сојузот на синдикати во август бележи раст, и тоа од 177 денари. На едно четири члено семејство месечно според синдикатот за основите потреби му се потребни 68 675 денари, од кои само за храна и пијалаци месечно се трошат над 25 илјади денари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски и Мицкоски ги пренесоа државните приоритети на Амбасадорскиот совет во Скопје

Разговори за изнаоѓање на решение постојано се во тек, но во рамки на веќе извесните црвени линии, изјави премиерот Христијан Мицкоски во однос на дипломатските напори за деблокада на македонските евроинтеграции.

Муцунски и Мицкоски ги пренесоа државните приоритети на Амбасадорскиот совет во Скопје

Тој истакна дека додека македонскиот устав нуди заштита на правата на сите заедници во државава, вклучително и бугарската, соседна Бугарија се уште не ги спровела пресудите од ЕСЧП кои се во корист на тамошната македонска заедница. Мицкоски рече дека е подготвен да се сретне со неговиот бугарски колега Румен Радев доколку претходно дипломатските напори успеат да ги приближат македонските и бугарските позиции.

-Јас сум подготвен во било кој момент да седнам и да разговарам, но средба колку да биде само средба а притоа да нема никаков ефект, не сум љубител на губење нити на своето ниту на неговото време. Очекувам дека дипломатските обиди да се изнајде решение претходно ќе ги доближат позициите на двете страни, па ако има можност за такво доближување тогаш апсолутно сум подготвен да седнам да разговарам,- - Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова присуствуваа на Амбасадорскиот совет кој денеска се оддржа во Скопје, прв пат по 2019та година. Пред почетокот, шефот на дипломатијата Муцунски, ги предочи стратешките насоки за амбасадорите и ги определи ЕУ членките, САД, но и Индија и земјите од Арапскиот залив како приоритетни трговски партнери за државава.

-Прво е заштитата на македонските национални интереси, второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија и третото е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници, независно дали се тоа македонци кои што живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани кои патуваат заради различни причини,- -Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија.

На отворањето на Амбасадорскиот совет денеска се обрати и шефот на чешката дипломатија Петр Мацинка кој е во официјална посета на државава. Иако Муцунски не ја адресираше вчерашната изјава на неговиот чешки колега според кој Македонија и Бугарија немаат билатерален спор туку мултилатерално прашање на сите земји на ЕУ, како што вели Муцунски, Чешка испратила јасна поддршка за македонското членство во ЕУ и понудила помош во изнаоѓање на соодветно решение во спорот со Бугарија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема нови потврдени случаи на западнонилска треска, но петмина пациенти се во критична состојба

Нема нови потврдени на западно нилска треска, ама има неколку нови приеми на пациенти за кои има сомнеж дека воспаление на мозокот имаат поради вирус, кои спаѓаат во ризичната група и се над 50 годишна возраст, потврдуваат за Канал 5 од Инфективна.

Нема нови потврдени случаи на западнонилска треска, но петмина пациенти се во критична состојба

Нема нови потврдени на западно нилска треска, ама има неколку нови приеми на пациенти за кои има сомнеж дека воспаление на мозокот имаат поради вирус, кои спаѓаат во ризичната група и се над 50 годишна возраст, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клиника. Дваесет и четиригодишното момче од Центар кој се води како досега најмладиот хоспитализиран со симптоми на западно нилска трескаб е во добра општа состојба и нема компликации, а 25 годишната девојка се уште е со одредени тегоби како силни главоболни и зашеметеност, но надвор од животна опасност, а за жал, нема подобрување на состојбата кај петмината повозрасни пациенти кои веќе со денови се во критична состојба и остануваат на апарати за дишење, брифираат од Клиниката.

Со оглед на тоа дека се намалува возрасната граница, и се почесто и помлади бараат помош по убод од комарец, лекарите апелираат на внимателност, особено кај повозрасните кои имаат придружни хронични болести и кај децата. Во минатото имало случаи на западно нилска треска кај деца и кај нас, но тогаш инфекцијата ја добиле во странство, а сега 37 од 38 случаи се водат како автохтони, односно заразата ја добиле во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер