Експлодира пиротехника во училиште во Франција- во стампедото повредени се ученици , кои во паника скокале од прозорци
1Експлодира пиротехника во училиште во Франција- во стампедото повредени се ученици , кои во паника скокале од прозорци
СветЕвропарламентот усвои Резолуцијата за потребата од континуирана поддршка на ЕУ за Украина Ова се наведува во Резолуцијата за потребата од континуирана поддршка на ЕУ за Украина, што беше усвоена со 495 гласа „за“, 137 „против“ и 47 „воздржани“ на попладневното продолжение на денешното заседание на Европскиот парламент во Стразбур. Европскиот парламент ги реафирмира своите позиции за континуираната поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и непоколебливата посветеност на ЕУ за обезбедување политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка се додека таа презема за да ја обезбеди победата на Украина и ги повикува ЕУ и нејзините земји членки да работат активно кон одржување и постигнување на најширока можна меѓународна поддршка за Украина. Ова се наведува во Резолуцијата за потребата од континуирана поддршка на ЕУ за Украина, што беше усвоена со 495 гласа „за“, 137 „против“ и 47 „воздржани“ на попладневното продолжение на денешното заседание на Европскиот парламент во Стразбур. Предлагачи на резолуцијата беа 60-тина европратеници од редовите на Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР), либералната група Да ја обновиме Европа (РЕ) и Зелените. - Повторуваме дека Украина, како жртва на агресија, има легитимно право на самоодбрана во согласност со членот 51 од Повелбата на ОН. Потсетуваме дека значајната, иако се уште недоволна, воена помош обезбедена од ЕУ, САД и партнерите е дизајнирана да и овозможи на Украина ефикасно да се брани од државата агресор и повторно да воспостави целосна контрола врз целата нејзина меѓународно призната територија, се нагласува во документот. Европратениците ги поздравуваат неодамна започнатите преговори за членство на Украина и Молдавија во ЕУ, чија интеграција претставува „геостратешка и демократска можност и инвестиција во обединета и силна Европа“. - Потсетуваме дека пристапувањето кон ЕУ е процес строго заснован на заслуги, кој бара исполнување на критериумите за членство, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на демократијата, владеењето на правото, основните вредности и борбата против корупцијата, се вели во Резолуцијата, при што се нагласува и дека процесот на пристапување „бара соодветна финансиска и техничка помош од ЕУ“. Во документот се осудува неодамнешната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Русија и се нагласува дека за време на овој престој тој не ја претставувал ЕУ. - Сметаме дека посетата е очигледно кршење на договорите на ЕУ и заедничката надворешна политика, вклучувајќи го и принципот на искрена соработка. Потенцираме дека унгарскиот премиер не може да тврди дека ја претставува ЕУ кога ги прекршува заедничките позиции на ЕУ. Сметаме дека ова прекршување треба да има реперкусии за Унгарија, се наведува во Резолуцијата. Во текстот натаму се изразува жалење поради тоа што Унгарија го „злоупотреби правото на вето во Советот за да спречи да и се додели суштинска помош на Украина“ и се упатива повик до Будимпешта да ја прекине блокадата на финансирањето на поддршката за Киев од Европскиот мировен фонд. Во Резолуцијата се додава и дека посетата на Орбан на Москва, како и онаа на Пекинг, биле „некоординирани и изненадувачки“ и не биле одобрени од ниту една институција на ЕУ или од земјите членки. Европратениците ја реафирмираат поддршката за мировната формула презентирана од украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи при тоа дека руската агресија врз Украина е дел од поширок сет на цели на Русија против Западот, демократијата и европските вредности. - Го поздравуваме исходот од Самитот на НАТО и го повторуваме своето уверување дека Украина е на неповратен пат кон членство во НАТО. Ги повикува ЕУ и нејзините земји членки да ја зголемат својата воена поддршка за Украина онолку долго колку што е потребно и во која било форма. Ја реафирмираме својата претходна позиција дека сите земји членки на ЕУ и сојузници во НАТО треба колективно и поединечно да се обврзат на воена поддршка на Украина со не помалку од 0,25 отсто од нивниот БДП годишно, се додава во документот. Со Резолуцијата се осудува неодамнешниот „варварски напад“ врз детската болница во Киев, се изразуваат „целосна солидарност и сочувство“ со семејствата на жртвите и се потсетува дека сите појави на тортура, силување и киднапирање деца од страна на руските сили се документирани. - Ги повикуваме ЕУ и нејзините земји членки активно да ги поддржат напорите за одговорност за воените злосторства во постојните меѓународни судови и институции, како и за формирање на специјален меѓународен трибунал за кривичното дело агресија. Го повторуваме своето цврсто уверување дека Русија мора да обезбеди финансиска компензација за огромната штета што ја предизвика во Украина, се наведува во Резолуцијата. Европратениците ја поздравуваат неодамнешната одлука на Советот на ЕУ да ги насочи приходите од каматите од блокираните руски средства за поддршка на украинските воени напори, како и одлуката на Г7 да и понуди на Украина заем од 50 милијарди американски долари и ја повикуваат Унијата да воспостави правен режим за конфискација на замрзнатите руски државни средства. Во резолуцијата се посочува и дека ЕУ и нејзините земји членки досега придонесоа со околу 95 милијарди евра во финансиска, хуманитарна, бегалска и воена помош за Украина и за обука на над 52 000 припадници на украинските Вооружени сили, со цел да се поддржи земјата во одбрана од „незаконска, неиспровоцирана и неоправдана целосна агресивна војна“ поттикната од Русија, како продолжение на „она што го започна во 2014 година со анексијата на Крим и подоцнежната окупација на делови од регионите Доњецк и Луганск“. - Го осудуваме зголемениот број хибридни напади извршени од Русија против ЕУ и нејзините земји членки со цел да се ослабне европската поддршка за Украина преку манипулации со информации, прикриени обиди за дестабилизација и корупција на политички субјекти. Згрозени сме од извештаите дека Русија планирала обид за атентат против извршниот директор на европска одбранбена компанија, се нагласува во документот. Истовремено, се повикува Европската комисијата да предложи долгорочна финансиска помош за обнова на Украина, а Советот на ЕУ да ја задржи и прошири својата политика на санкции против Русија и Белорусија, како и да го разгледа прашањето за нивно заобиколување од страна на компании со седиште во ЕУ и трети страни и држави и да воведе рестриктивни мерки против сите субјекти кои го олеснуваат заобиколувањето на санкциите и кои го снабдуваат рускиот воен комплекс со технологии и опрема за двојна намена. - И наложуваме на нашата претседателка да ја достави оваа резолуција до Советот, Комисијата, високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, владите и парламентите на земјите членки, до претседателот, Владата и Врховната Рада на Украина, до претседателот, Владата и Парламентот на Молдавија, до генералниот секретар на Обединетите нации и до руските власти, се додава во Резолуцијата во која се нагласуваат покажаната „непоколеблива решителност“ на украинските граѓани во успешната одбрана на својата земја, како и „нехумано однесување“ на руските сили и нивните соработници, кои извршуваат „големи и систематски злосторства на окупираните територии“ што претставуваат воени злосторства и злосторства против човештвото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ЕвропаЕксплодира пиротехника во училиште во Франција- во стампедото повредени се ученици , кои во паника скокале од прозорци Осум ученици денеска биле згрижени од пожарникари, откако биле цел на огномет во средно училиште во Сен-Клу, Франција. Двајца од учениците биле однесени во болница, но нивните животи не биле во опасност. Училиштето било затворено до крајот на денот. Според BFMTV, еден ученик излегол од тоалетот со пиротехничка направа кратко пред 11 часот наутро и ја активирал во просторијата за одмор, насочувајќи ја кон другите ученици. Експлозиите предизвикале стампедо. Во паника, неколку ученици се обиделе да го напуштат училишниот простор кршејќи врати и прозорци. Двајца ученици однесени во болница Вкупно осум ученици биле згрижени од страна на Париската противпожарна и спасувачка бригада (BSPP), соопшти полициската префектура. Двајца од нив биле однесени во болница со полесни повреди, вклучувајќи болка во колената и рацете. Останатите шест повредени ученици биле згрижени на местото на настанот без потреба од транспорт во болница. Повредите вклучуваат исеченици од скршено стакло и зуење во ушите. Училиштето затворено до крајот на денот По инцидентот, директорот на училиштето одлучи да го затвори училиштето до крајот на денот. Тој планира да поднесе пријава во полиција. Точните околности околу пукањето на огнометите и идентитетот на сторителите сè уште не се познати.Тагови: ученици Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАлбанец од Косово доби доживотен затвор во Австрија- на ужасен начин си ја убил поранешната сопругаМаж од албанско потекло (47) од Косово е осуден на доживотен затвор во Австрија за бруталното убиство на неговата сопруга (38).Покраинскиот суд во Винер Нојштат, исто така, нареди негово сместување во психијатриска установа под посебно обезбедување, додека нивните четири деца имаат право на отштета од 75.000 евра секое, објавува Klina.info. Пресудата беше донесена вчера, по завршувањето на судењето за убиството што се случи на 5 април годинава, на Велигден, во градот Сос во округот Баден. Вториот маж (45), кој беше обвинет за помагање и поттикнување на злосторството, беше ослободен од обвиненијата. Сепак, пресудата против 47-годишникот сè уште не е конечна, бидејќи тој поднел барање за поништување на пресудата и поднел жалба, објавува Der Standard. Според обвинителството, жената се разделила од својот сопруг во 2019 година, по неколку случаи на насилство. По разделбата, таа презела чекори за да се заштити себеси и нивните четири деца, вклучително и забрана за пристап. На 5 април, Албанецот дошол во куќата во Сос, каде што 38-годишната живеела со нејзините деца, на возраст од девет до 18 години. Според обвинението, прво ги оставил велигденските подароци што ги донел, а потоа ја застрелал сопругата три пати. Потоа ја удрил околу 40 пати со шрафцигер. Der Mordprozess gegen einen 47-Jährigen, der in Sooß seine Ehefrau getötet haben soll, hat mit lebenslanger Haft und einer Einweisung für den Angeklagten geendet. Das Urteil ist nicht rechtskräftig. Der betrieb vor Gericht Victimblaming. https://t.co/4YEk3n64TW #Femizid — Barbara Streusand (@BarbaraStreusa1) November 17, 2026 Се обидел да ја исчисти куќата по убиството По злосторството, 47-годишникот почнал да ја чисти куќата, но бил изненаден од својот син кој се враќал дома. Потоа мажот ја повикал полицијата и се предал без отпор. Во текот на првиот ден од судењето, обвинетиот се обидел да ја префрли вината на жртвата, тврдејќи дека дејствувал во самоодбрана. Тој изјавил дека жената имала „лоша енергија или демонска енергија“. Психијатрискиот експерт Манфред Валцл утврдил дека 47-годишникот страдал од тешко растројство на личноста, но проценил дека е здраворазумен и претставува опасност. Според проценката на вештакот, „повредената суета“ одиграла значајна улога во извршувањето на кривичното дело, додека омразата со текот на времето се развила и кај обвинетиот. Вештакот проценил дека постои ризик човекот да изврши друго сериозно кривично дело во блиска иднина, вклучително и убиство. Затоа, тој силно препорача да биде сместен во установа за психијатриско лекување под посебно обезбедување. Осумчлената порота едногласно гласаше дека 47-годишникот е виновен. Во својот завршен збор, обвинителот го опиша случајот како „апсолутно гнасен злостор“, наведувајќи дека мајката на четири деца била „практично погубена“. Од друга страна, адвокатот на одбраната Рудолф Мајер, кој го застапуваше главниот обвинет заедно со Манфред Арбахер-Штегер, побара временски ограничена затворска казна, заедно со сместување во психијатриска установа. Адвокатот Мирсад Муслиу, кој го застапуваше 45-годишникот обвинет за соучество, побара ослободителна пресуда за својот клиент. Осумчлената порота едногласно го прогласи 47-годишникот за виновен за убиство. Тој беше осуден и за кршење на законот за оружје. Судот, согласно член 21, став 2 од Кривичниот законик, нареди негово сместување во установа за психијатриско лекување под посебно обезбедување, поради опасноста што ја претставува, утврдена од страна на вештак. Претседавачкиот судија изјави дека при одредувањето на казната биле земени предвид неколку отежнувачки околности, вклучувајќи ја „екстремно бруталната природа на кривичното дело“, како и фактот дека 47-годишникот извршил уште едно тешко кривично дело релативно брзо по неговото условно ослободување, во февруари 2025 година. Неговото нарушено расудување беше земено предвид како олеснителна околност. Судијата, осврнувајќи се и на зголемувањето на бројот на убиства на жени, оцени дека доживотната казна е оправдана поради потребата да се испрати јасна порака за одвраќање од слични кривични дела. По изрекувањето на пресудата, 47-годишникот поднесе барање за нејзино поништување и поднесе жалба. Обвинителството не сакаше да коментира за случајот, а пресудата сè уште не е конечна. Тагови: Албанец затвор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамНовото електрично Поло чини 25.000 евра, но има проблем- купувачите го чекаат речиси две години Со новото електрично Поло, Фолксваген очигледно ја погоди целта за она што европските купувачи го чекаа. Малиот автомобил со познато име, практичен ентериер и почетна цена под 25.000 евра привлече огромен интерес. Сепак, побарувачката досега ги надмина очекувањата, така што купувачите на најевтината верзија сега можат да чекаат и до 21 месец за испорака. Според информациите од германскиот автомобилски портал Едисон, Фолксваген имал околу 30.000 нарачки за ID. Polo кон средината на септември, додека нивниот број речиси се дуплирал за околу два месеци. Најдолго време на чекање имаат купувачите на основната верзија на ID. Polo Trend, која чини 24.995 евра во Германија. Оние кои ќе го нарачаат автомобилот во ноември 2026 година, би можеле да го добијат дури во летото 2028 година. Уште поинтересно е што купувачите на поскапата спортска верзија на ID. Polo GTI, чија цена започнува од 39.995 евра, можат да очекуваат испорака за околу седум месеци. Разликата во времето на чекање може да достигне дури 14 месеци. Причината не е само големата побарувачка, туку и начинот на кој Фолксваген го организира производството. Според Едисон, предност им се дава на подобро опремените и поскапи верзии, кои на производителот му носат поголем профит по автомобил, додека основниот Тренд се поместува на крајот од распоредот за производство. Еден од менаџерите на Фолксваген призна за германскиот портал дека компанијата била премногу конзервативна во планирањето на производството. Производителот бил изненаден и од навиките на клиентите. Се очекувало дека помеѓу 90 и 95 проценти од нив ќе изберат лизинг, но се покажало дека приближно половина од нив го купуваат автомобилот веднаш. Исто така, голем интерес постои за помоќни верзии со поголема батерија, како и дополнителна кука за влечење. Основниот ID. Polo е напојуван од електричен мотор со 116 КС и батерија со капацитет од 37 kWh, што, според фабричките податоци, овозможува опсег од околу 323 километри според WLTP стандардот. Поскапите верзии нудат батерија од 52 kWh, моќност до 211 КС и домет од околу 454 километри, додека спортскиот GTI развива 226 КС. Иако е долг нешто повеќе од четири метри, ID. Polo нуди багажник од 435 литри, а Volkswagen исто така ги врати физичките контроли за некои функции во ентериерот, што е одговор на долгогодишните критики за прекумерна зависност од екраните на допир. Автомобилот се произведува во фабриката Марторел во Шпанија, каде што се склопува и електричниот Cupra Raval. Високата побарувачка за двата модели дополнително ги оптоварува производствените капацитети, па затоа Volkswagen ја разгледува можноста за нивно проширување. Сепак, рокот од 21 месец не важи за сите верзии или за сите европски пазари. Достапноста зависи од конфигурацијата, земјата и специфичниот дилер, а некои претходно произведени автомобили може да бидат достапни многу порано. За Volkswagen, високиот интерес е потврда дека постои сериозен пазар за попристапни електрични автомобили. Сепак, купувачите кои сакаат најевтин ID. Поло останува пред непријатен избор: да платат повеќе за побрза испорака или да чекаат речиси две години за автомобил вреден 25.000 евра.Тагови: Поло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter