ЗдравјеЕвропа со највисока стапка на пушење во светот - Балканот предводи со двојно повисоки бројки од западноевропските земјиЗемјите од Балканот се меѓу европските држави со највисоки стапки на пушење. Најголем број активни пушачи е регистриран во Бугарија и во Србија, каде што 39,5 отсто од возрасното население користи тутун. Европа е регион со највисока стапка на пушење во светот, каде што просечно 25,9 отсто од возрасното население над 15 години користи тутунски производи, покажуваат податоците на платформата „Брилијант мапс“ (Brilliant Maps) врз основа на глобалниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за трендовите во употребата на тутун и никотин од 2000 до 2022 година, со проекции до 2030 година. Земјите од Балканот се меѓу европските држави со највисоки стапки на пушење. Најголем број активни пушачи е регистриран во Бугарија и во Србија, каде што 39,5 отсто од возрасното население користи тутун. Следуваат Хрватска со 37 отсто, Грција со 32,8 проценти, Словачка со 32,4 проценти, Унгарија со 32,2 процента и Романија со 30 проценти, што е значително над европскиот просек. Во Западна Европа стапките на пушење се пониски, но со значителни разлики меѓу земјите. Највисок процент е забележан во Франција, со 34,6 проценти, што е над европскиот просек и блиску до нивото на балканските држави. Загрижувачки е трендот кај младите, особено во однос на електронските цигари и новите никотински производи. Повеќе од 100 милиони луѓе во светот користат електронски цигари, а во некои европски земји стапките кај адолесцентите од 13 до 15 години се повисоки отколку кај возрасните. Извештајот на СЗО покажува дека и покрај глобалното намалување на бројот на корисници на тутун, од 1,38 милијарда во 2000 година на речиси 1,2 милијарда во 2024 година, употребата на тутун останува сериозна закана за јавното здравје. Европскиот регион е единствениот што не се очекува да ја постигне целта од 30 отсто предвидена во глобалниот акциски план на СЗО и се проектира дека до 2030 година Европа ќе остане со највисока преваленција на тутун, со над 23 проценти. Податоците укажуваат дека 18 отсто од смртните случаи од незаразни болести во Европа во 2019 година биле поврзани со употребата на тутун, што значи дека речиси секој петти предвремен смртен случај би можел да се избегне доколку тутунот се елиминира. Во Република Македонија, податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Светскиот ден против употребата на тутун, минатата година покажуваат дека 45,4 отсто од населението се активни пушачи, што е значително над просекот на Европската Унија и ја става земјата меѓу државите со највисоки стапки на пушење во светот. Според ИЈЗ, посетеноста на советувалиштата за откажување од пушење, кои функционираат во склоп на вентрите за јавно здравје, е многу мала, односно во 2023 година само 43 лица се јавиле за помош. Од Институтот посочуваат дека употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата нагласувајќи дека како последица на редовна употреба на тутун може да се јават кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања. Тутунската индустрија, како што наведуваат од Институтот, со сите свои ресурси успешно се бори против напорите за зајакнување на законската легислатива, која всушност е еден од условите за пристап кон Европската Унија, па така потреба од приспособување на законите со оние од ЕУ е неопходна за напредокот на земјата. - Иако Република Македонија во 2006 година ја ратификува Рамковната конвенција за контрола на тутунот на СЗО и во текот на годините имало напори за да се зајакне здравствената регулатива поврзана со употребата на тутун, во последните години има застој на ова поле со укинување на забраните за пушење на терасите од угостителските локали, а дополнително се дозволи употреба на електронските уреди што го загреваат, а не го горат тутунот во јавни затворени локали - беше посочено од страна на Институтот по повод минатогодишниот Светски ден против употребата на тутун. СЗО и други меѓународни здравствени институции апелираат за зајакнување на националните и регионалните политики за контрола на тутунот преку зголемување на даноците, строго спроведување на забраните за пушење на јавни места, ограничување на рекламирањето и проширување на програмите за поддршка за откажување од пушење.Тагови: пушење цигари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Малешевска прженицаВо среда (18.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Горан Симевски.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. свинско месо (или џимиринки) 1 - 2 страка праз 3 суви пиперки 1 парче сирење малку буковка масло сол и др. зачини по избор За украсување: 2 лажици кисела павлака магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМал авион се урна во САД, меѓу загинатите има и децаШест лица, меѓу кои и две деца, загинаа во авионска несреќа што се случи вчера во близина на брегот на Мисисипи, потврди Крајбрежната стража на САД. Авионот паднал во Мексиканскиот Залив, пренесува Би-Би-Си. Се урнал во морето, нема преживеани. Според сервисот за следење летови „ФлајтАвер“ (FlightAware), станува збор за мал авион од типот „Цесна 210“ (Cessna 210), кој летал од Њу Орлеанс кон Форт Мајерс, Флорида. Контролата на летање изгубила контакт со леталото околу 15:45 часот по локално време, а надлежните соопштија дека несреќата се случила во областа помеѓу градот Паскагула и островот Хорн. Портпаролот на Крајбрежната стража, Хуан Рос, изјави дека спасувачите со часови трагале по патниците. Првично, на површината на морето пронашле само три појаси за спасување, сплав и делови од кабината. Подоцна, нуркачи ги откриле телата на четворица возрасни и две момчиња – на возраст од осум и десет години – во трупот на леталото. 🇺🇸 UPDATE: LIFE JACKETS, LIFE RAFT, and CABIN located after Mississippi plane crash A Cessna 210 flying from New Orleans to Fort Myers suddenly lost altitude about 30 minutes after takeoff. Flight data shows the aircraft descending from 8,800 feet at a staggering 18,000 FEET PER MINUTE. It was just south of Pascagoula, Mississippi, before its signal disappeared. The Coast Guard was alerted around 3:45 p.m. local time today after the FAA lost contact with the aircraft. Search crews have since recovered 3 LIFE JACKETS, a LIFE RAFT, and the PLANE CABIN near Horn Island, a remote island off Mississippi's coast. Four adults and 2 children were reportedly aboard. Source: CNN, Flightradar24 / Writer: Marie https://t.co/Vm1xmFK6tM — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 25, 2026 Командантот Тревор Блаунт, координатор на спасувачката операција на Крајбрежната стража, го коментираше исходот од потрагата. „Иако ова не е исходот на кој сите се надевавме, благодарни сме за одличната соработка меѓу сите вклучени служби. Тоа ни овозможи брзо да ги лоцираме патниците и на семејствата да им пружиме барем некаков мир“, рече Блаунт.Тагови: авионска несреќа САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаБерокал нема дилеми: „Македонија оди по нова победа и чекор кон Евробаскетот“!Селекторот на Македонија Жозеп Марија Берокал бара максимална сериозност и дисциплина, а секоја победа е чекор поблиску до следната рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029.Македонската сениорска репрезентација ја очекува важен натпревар против Кипар, втор во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. По победите над Австрија на стартот од овој циклус, двете селекции влегуваат во меѓусебниот дуел со дополнителен мотив, свесни за значењето на бодовите во трката за пласман во следната фаза. Селекторот Жозеп Марија Берокал е свесен дека нема простор за опуштање и бара максимална сериозност и дисциплина од своите избраници. Шпанскиот стратег нагласува дека секоја победа ја приближува Македонија до поставената цел, но предупредува дека Кипар е квалитетен противник кој заслужува максимален респект. „Ништо не е готово во оваа фаза од претквалификациите. Секоја победа секако нè носи поблиску до целта, па затоа сме фокусирани на тренинзите и подготовките за следниот меч. Го анализираме тимот, опциите што ги имаме, работиме на деталите, а истовремено ги следиме и играчите кои имаат ситни повреди. Кога ќе се комплетира ростерот со Димитријевиќ и Мозес, ќе биде подобро за подготовка и ќе можеме сите да работиме заедно. Мора да бидеме паметни, секој да даде сè од себе на теренот, затоа што овој меч со Кипар ни е многу важен. Тоа е шанса да бидеме поблиску до целта, а тоа е пласман во следната рунда. Мора да одиграме сериозен натпревар“, истакна Берокал. Селекторот се осврна и на предизвиците во работата со националниот тим, потенцирајќи дека неговата обврска е да го извлече максимумот од играчите кои му се на располагање. „Мора да се адаптирам како тренер на сите играчи и да си ја вршам работата со оние што ги имам на располагање. Сега ги имам играчите кои ги имам и мора да се приспособиме на тоа. Лично, само си ја работам работата и го давам најдоброто од себе за да имаме резултат. Можам само да ветам максимална професионалност од сите што се дел од националниот тим, почнувајќи од мене“, порача селекторот на Македонија. Говорејќи за противникот, Берокал издвојува неколку квалитети на кипарската селекција, особено разновидноста во играта и можноста на кошаркарите да покриваат повеќе позиции. „Кипар е добар тим, има шутери, играчи кои можат да играат на повеќе позиции и да се ротираат. Имаат талент во тактичкиот дел и ги гледаат работите на различен начин. Не го знаеме нивниот конечен ростер, затоа што често се менуваат работите во овие ФИБА-прозорци. Она што го посакувам и го барам е максимално сериозен и дисциплиниран натпревар од мојот тим“, заклучи Берокал. Натпреварот Македонија – Кипар се игра во четврток (26 ноември), со почеток во 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за нашите кошаркари во обидот да стигнат до нова победа и да направат важен чекор кон следната рунда - квалификациите за Евробаскетот 2029.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00