Евробаскет: Убедлив пораз од Грција - Канал 5

Евробаскет: Убедлив пораз од Грција

Македонската кошаркарска репрезентација претрпе убедлив пораз од 85:65 во првото коло од групата Ц од Евробаскет 2015. Нашите кошаркари го дадоа максимумот, но разликата во квалитет беше очигледна и Грците на крајот заслужено забележаа победа.

Евробаскет: Убедлив пораз од Грција
Првата четвртина ја загубивме убедливо со 16:23, во втората и третата бевме рамноправни со 15:15 односно 19:21, а нашата игра целосно се распадна во последната четвртина којашто ја загубивме со15:26. Македонија играше храбро и конечниот резултат не реална слика на силите на теренот, неколку пати во текот на мечот нашите опасно им се приближуваа на грците на само 3-4 поени разлика.

Најефикасен играч кај победниците беше Принцезис со 18 поени, а кај Македонија и на мечот воопшто Костовски со 20, Војдан Стојановски постигна 13 поени.

Наредниот меч на ЕП нашите кошаркари го играат утре попладне, кога за противник ја имаат Холандија која денес ја совлада Грузија. Мечот против „лалињата“ започнува од 15 часот.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најсексапилните мажи во светот низ децениите

Ова се најсексапилните мажи во светот низ децениите. Листа на најпосакуваните во последните 40 години .

Фото: Најсексапилните мажи во светот низ децениите

Веќе четири децении, списанието *People* го избира „Најсекси маж на годината“, а на оваа престижна листа се нашле бројни познати имиња од светот на филмот, музиката и спортот, пренесува *Express*.

Првиот што ја понел оваа титула бил славниот холивудски актер Мел Гибсон, уште во 1985 година.

Веќе следната година, на неговото место дојде колегата актер Марк Хармон, додека кон крајот на 1980-тите, оваа титула ја понесоа и Хари Хамлин и Шон Конери.

Особено впечатлив бил изборот на Џон Ф. Кенеди Помладиот, кој во 1988 година влезе во историјата како првиот маж надвор од актерскиот свет што се појавил на оваа листа.

Покрај својот изглед, тој привлече внимание и со својот опуштен стил на облекување.

Деведесеттите години започнаа со Том Круз, по кого следуваа Патрик Свејзи, Ник Нолти и Дензел Вашингтон.

Некои од добитниците успеаја да го повторат својот успе, како Ричард Гир, Бред Пит и Џорџ Клуни кој престижната титула на Пипл ја освојувале по двапати.

Во новиот милениум, листата продолжи со Харисон Форд, Пирс Броснан, Бен Афлек, Џуд Ло и Метју Меконахи.

Меѓу најпознатите имиња се Џони Деп, Мет Дејмон, Хју Џекман и Рајан Рејнолдс. Во последните години, внимание привлекоа и Бредли Купер, Ченинг Тејтум, Крис Хемсворт и Крис Еванс.

Сепак, титулата не е резервирана само за актери. На листата на добитници се наоѓаат и музичари како Адам Левин, Блејк Шелтон и Џон Леџенд, како и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.

На листата на неодамнешни добитници се наоѓаат Двејн Џонсон, Идрис Елба, Мајкл Б. Џордан, Пол Рад, Патрик Демпси, Џон Красински и Џонатан Бејли. Ноа Вајл ја понесе титулата „најсекси маж“ за 2026 година, продолжувајќи ја традицијата што го привлекува вниманието на јавноста веќе четири децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Врз основа на фотографиите, тројца пластични хирурзи – од кои ниту еден не ја третирал холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс – проценуваат дека актерката можеби имала операција на очните капаци и подигнување на веѓите.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Според еден од нив, ваквите зафати кај врвен хирург чинат повеќе од 30.000 долари.

Новите фотографии од добитничката на „Оскар“, направени неделава, поттикнаа шпекулации за направени естетски зафати.

Поради тоа, американскиот портал „Page Six“ побара мислење од тројца пластични хирурзи, при што сите нивни проценки се засноваат исклучиво на фотографиите.

Д-р Семјуел Голпанијан смета дека Лоренс можеби направила блефаропластика, односно корекција на горните очни капаци.

Според него, оваа процедура често се изведува заедно со подигнување на веѓите, па не ја исклучува ниту таа можност.

Тој наведува дека потесните образи може да се должат на губење тежина или на отстранување масно ткиво од образите, но нагласува дека тоа не може да се утврди само врз основа на фотографии.

Д-р Шон Мекнили од Портланд вели дека нејзиниот изглед е во согласност со двете процедури.

Тој исто така забележал дека нејзината лева веѓа е малку повисоко поставена од десната. Според негова проценка, двете процедури обично чинат околу 15.000 долари, додека цената кај врвен хирург во Лос Анџелес или Беверли Хилс надминува 30.000 долари.

Трет хирург, д-р Розбех Тораби, има поинакво мислење. Тој вели дека актерката можеби направила затегнување на веѓите, но нејзините очни капаци не изгледаат како да биле оперирани.

Според него, суптилните промени може да се резултат и на употреба на ботокс, помала количина филери и ласерски третмани. Лоренс нема потврдено дека извршила операција на очните капаци или затегнување на веѓите, а нејзините претставници не ги коментираа шпекулациите. Претходно оваа недела, во интервју за „The Cut“, таа откри дека направила затегнување на градите и се надева дека еден ден ќе направи затегнување на лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Во општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според Државната изборна комисија гласањето почнало навреме во седум часот а до 15 часот на изборите во Општина Брвеница гласале 6579 гласачи, што претставува 40,49 отсто од вкупниот број запишани гласачи.

Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 9,32 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава.

Во Брвеница е Михајло Видимлиски.

Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер