Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
1Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ФудбалЕвра си замина од Марсеј по суспензија на УЕФА Францускиот фудбалер Патрис Евра го раскина договорот со Олимпик Марсеј, само неколку часа откако Европската фудбалска унија (УЕФА) му изрече седуммесечна суспензија од натпревари под нејзино покровителство.Евра е казнет поради физички напад врз навивач на дуело од четврто коло во Лигата на Европа со Виторија Гимараеш. Суспензијата ќе му истече во јуни следната година, истиот месец кога неговиот договор со францускиот клуб ќе завршеше. Покрај суспензијата, Евра е казнет и со 10.000 евра. Фудбалерите на Олимпик Марсеј беа исвиркани од своите навивачи на загревањето пред натпреварот со португалскиот клуб пред една недела. Францускиот играч потоа им пристапи, а потоа имаше конфликт со еден гледач, така што беше суспендиран пред да почне натпреварот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВнатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегствоОдделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи ги испитува околностите под кои битолчанецот приведен за физичко и психичко насилство врз 21-годишната партнерка, избегал низ прозорец од СВР Битола и веќе пет дена е во бегство.Девојката на 10 ноември пријавила дека била физички нападната од партнерот, кој ја давел и ја удирал, по што побарала лекарска помош. По пријавата, насилникот дошол во СВР Битола во придружба на родител, но, кога му било соопштено дека ќе биде задржан, скокнал низ прозорецот и избегал од полициската станица. Бидејќи пријавениот сè уште не е пронајден, девојката е сместена во шелтер-центар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилствоДенеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола. Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина и САД разговараа за царините и трговијатаКина и Соединетите Држави (САД) одржаа прв состанок на трговски совет во рамките на нивниот билатерален механизам за економски и трговски консултации, соопшти кинеското Министерство за трговија. Двете страни преку видео-врска разговараа за аранжман за взаемно намалување на царините – кој опфаќа стоки во вредност од 30 милијарди долари од секоја страна – како и за трговијата со земјоделски производи и други прашања, објави весникот *Global Times*. Во своето соопштение, кинеското Министерство наведе дека разговорите биле искрени и конструктивни. „Двете страни ќе продолжат да го користат овој совет за решавање на трговските прашања, проширување на соработката и намалување на преостанатите проблеми“, се додава во соопштението. Хе Јадонг, портпарол на кинеското Министерство за трговија, претходно изјави дека взаемното намалување на царините би можело да помогне во стабилизирање и проширување на вкупната трговија меѓу Кина и Соединетите Држави. Тој нагласи дека двете страни остануваат во близок контакт во врска со спроведувањето на договорот и го повика Вашингтон да соработува со Пекинг за да се осигура дека оваа трговска рамка наскоро ќе стапи на сила, со што ќе се олесни трговијата со земјоделски производи, пренесува Танјуг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook