Еве зошто кралското семејство никогаш не го користи своето презиме - Канал 5

Еве зошто кралското семејство никогаш не го користи своето презиме

Пред 1917 година, благородниците не ги користеле своите презимиња, туку имињата и името на куќата или династијата која ја претставуваат.

Еве зошто кралското семејство никогаш не го користи своето презиме
За британското кралско семејство се знае многу, но за една работа многумина не знаат скоро ништо, а тоа е нивното презиме.

Кралското семејство е препознатливо и без презимето, но кога го користат имаат повеќе опции.

Пред 1917 година, благородниците не ги користеле презимињата, туку имињата и името на куќата или династијата која ја претставуваат, како што се Тудори или династијата Јорк.

Кралот Џорџ V бил на тронот седум години. Одлучил да го промени името на својата куќа Сакс-Кобург и Гота во Виндзор.

Го променил името поради одбојноста спрема Германија во почетокот на Првата светска војна. Името Виндзор настанало по истоимениот дворец, еден од кралските недвижнини.

Џорџ V нагласил дека тоа мора да стане и нивното службено презиме.

И денес кралското семејство е познато како House of Windsor.

Сепак, кога на власт дошла кралицата Елизабета II, таа направила неколку промени.

Принцезата Елизабета во 1947 година се омажила за поранешниот грчки принц Филип кој и се приклучил на британската кралска морнарица. Тој со смртта на таткото на Елизабета станал војвода од Единбург, додека ќерката станала кралицата Елизабета II.

Елизабета и Филип во 1960 одлучиле дека сакаат своето семејно стебло да го одвојат од останатите, па на своите потомци им го додале презимето Маунтбатен-Виндзор.

Постои исклучок. Имено, членот на семејството кој се ословува со „Неговото височество принц или принцеза“ не мораат да го користат презимето.

Некои членови на семејството користат и територијални одредници. Така принцевите Вилијам и Хари додека биле во војска го користеле презимето Велс, бидејќи нивниот татко е Чарлс принцот од Велс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Околу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“.

Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто.

Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Со најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење.

Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор.

Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси.

Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година.

Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

Фејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер