ЗдравјеЕве колку калории има вашиот омилен алкохолен пијалак Освен што се висококалорични, алкохолните пијалаци немаат ниту нутритивна вредност. Со своите лесни, слатки и овошни вкусови, коктелите лесно ќе ве намамат да порачате уште еден, па уште еден… Но, размислете за состојките на еден просечен коктел. Само вотка, рум, џин и виски содржат повеќе калории отколку пиво или вино. А во коктелите се мешаат по два или повеќе видови алкохол. Калориската бобма станува се’ поголема кога во коктелот се додаваат слатки сирупи и сокови, а со некои коктели оди и шеќер. Еве колку калории содржат некои од најпознатите и најкалоричните коктели: 1 Long Island Ice Tea – 780 калории 2. Margarita – 740 калории 3. Pina Colada – 644 калории 4. White Russian – 425 калории 5. Mai Tai – 350 калории 6. Gin / vodka & Tonic – 200 калории 7. Mojito – 160 калории 8. Cosmopolitan – 150 калории 9. Sex on the beach – 270 калории 10. Screaming Orgasm – 309 калории А еве каква е ситуацијата со другите пијалаци – тука е истакната бројот на калории во 100мл: Пиво – 45 калории Шампањско – 85 калории Бело вино – 85 калории Црвено вино – 80 калории Коњак 38 вол % алкохол – 230 калории Коњак 50 вол % алкохол – 375 калории Ликери – 250 калории Ракија 25 вол % алкохол – 175 калории Ракија 33 вол % алкохол – – 195 калории Ракија 50 вол % алкохол – – 350 калории Рум 40 вол % алкохол – – 280 калории Бренди – 40 вол % алкохол – – 230 калории Вињак – 250 калории Виски – 250 калории Водка – 230 калорииКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДали ова е најдобрата Панда досега? Познатиот водител го даде својот суд (ВИДЕО)Фиат Гранде Панда под лупата на Џејмс Меј: Наследник на легендата или чекор назад?Познатиот британски автомобилски новинар и ТВ водител Џејмс Меј детално ја претстави Гранде Панда, модел на Фиат произведен во Крагуевац, истражувајќи ги нејзините клучни карактеристики, дизајнот и местото што го зазема во историјата на овој легендарен модел. Меј, кој е познат како голем обожавател на Фиат Панда и кој долго време поседува копија од втората генерација на овој модел, ја спореди новата Гранде Панда со претходните верзии што одбележаа повеќе од четири децении од историјата на италијанскиот производител. Тој посвети посебно внимание на промените во дизајнот, но и на начинот на кој филозофијата на брендот се прилагоди на барањата на современиот пазар. По тест возењето на блага хибридна верзија, Меј разговараше со гостите за тоа колку новата Гранде Панда останала верна на оригиналната идеја за прифатлив и практичен автомобил за широките маси. Гранде Панда носи посовремен изглед, поголеми димензии, повеќе технологија и електрифицирани опции за погон, но во исто време се обидува да ја задржи едноставноста и функционалноста што ја направија Панда еден од најпрепознатливите европски автомобили. Како што наведува Џејмс Меј, Фиат успеа да ги спои носталгијата и модерната технологија, создавајќи модел што би можел да привлече и долгогодишни фанови на Панда и сосема нова генерација купувачи. Извор: Б92Тагови: Фиат Гранде Панда Џејмс Меј Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПотпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музејСите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата.Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината. Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на учениците. Дополнително, соработката предвидува организирање стручни водства низ постојаните музејски поставки, тематски работилници согласно интересот на училиштата, како и предавања, презентации и практична настава со стручни лица и експерти од различни области во училиштата. Сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата, со цел теоретското знаење стекнато во училниците да добие своја практична примена. Овој Меморандум е важен чекор кон создавање современ и поквалитетен образовен процес кој овозможува учење преку директно искуство, истражување и практична работа. Ваквите партнерства во Општина Кисела Вода дава поддршка на проекти кои ги поттикнуваат младите да го истражуваат светот околу себе и да градат знаење како темел за нивната иднинаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаТренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами - следува криза и уште поскапа хранаЦените на дизелот надминаа 100 денари за литар. За 43% се покачени во изминатите 6 месеци.Што значи цените на храната повторно ќе растат. А Владата на Мицкоски не презема ништо. Ценовниот бран сега ќе биде уште потежок затоа што половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци. Потрошувачката кошничка веќе достигна речиси 70.000 денари а платите не мрдаат. Сега секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето директно удира врз семејната трпеза. Директно се засегнати и македонските зeмјоделци. Поскапо гориво значи поскапа обработка на нивите, поскап транспорт, поскапо производство и на крај – поскапа храна. Поради неспособноста на Мицкоски и неговата Влада Македонија веќе го живее почетокот на кризата. Земјоделците гледаме дека денеска повторно протестираат за откупни цени на пиперката кои владата на Мицкоски им ги вети ама не ги испорача. Ги излажа. Откупот на пиперката не се „решава“ со лаги и манипулации туку со конкретни мерки. СДСМ ги поддржува барањата на земјоделците. Во време на СДСМ откупната цена беше 50 денари по килограм. Сега Владата треба да обезбеди и повеќе од 50 денари заради зголемени трошоци за производство во целокупниот сектор за земјоделство. Земјоделецот не живее од прес-конференциите на Мицкоски и лажните ветувања. Живее од цената на својот производ. Од сигурен откуп, навремена исплата. Од тоа дали може да купи гориво, семе и ѓубриво за следната сезона. А токму тие трошоци растат. Субвенциите доцнат или се намалуваат. Горивото поскапува. Ѓубривото поскапува. Наводнувањето е проблем. А уште сакаат да градат и дата центри. Ова е систематско уништување на домашното производство и губење на прехранбената сигурност на државата. Македонија има земја, вода, сонце, традиција и вредни земјоделци, може да произведува храна и за себе и за регионот. Цел свет се подготвува за глобален проблем со поскапа храна само Владата на Мицкоски не презема ништо. Со ваквата политика на ВМРО-ОКГ, земјоделците едвај преживуваат, домашното производство се намалува, зависноста од увоз расте, а храната ќе станува сè поскапа. Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателкаТагови: Јована Тренчевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30