Еве како изгледа сопругата на Мирослав Илиќ - Канал 5

Еве како изгледа сопругата на Мирослав Илиќ

Според соседите таа е некултурна и вообразена, а тие се заедно веќе половина век

Еве како изгледа сопругата на Мирослав Илиќ

Гордана Илиќ, сопругата на Мирослав Илиќ, веќе половина век му е голема поддршка на пејачот, дури и во моментите кога се пишуваше дека ја изневерил и дека има вонбрачен син со друга жена, таа останала покрај него. Двајцата заедно имаат две деца - синот Марко и ќерката Марија.

Меѓутоа, во општина „Палилула“, каде што живее парот, некои од нивните соседи не биле благонаклонети кога ги коментирале.

-Тој има променливо расположение, ако е весел, знаеш дека ќе застане и ќе поразговара, ќе се насмее и ќе се пошегува, ако е намуртен, подобро да не му се јавуваш. Од друга страна, неговата сопруга е секогаш дрска, како таа да е ѕвезда, а не тој - изјави во една прилика за „Блиц“ еден нивни сосед.

„Не сакам да го сретнам ни него, ни неговата намќореста сопруга. Тој понекогаш и ќе се јави, а таа никогаш. Најчесто се мрачни, а лицата им се скаменети. Моето мислење за нив е дека се некултурни, а другите нека мислат што сакаат - малку налутено ни изјави тогаш еден постар господин, сосед на пејачот.

Соседите тогаш истакнаа дека пејачот најмногу престојува во Палилула во текот на есента и зимата, а кога ќе се стопли одат во родното Мрчаевци.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Атрактивната италијанска ТВ водителка  Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското  фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа.

Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал.

Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси.

Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Ѕвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар  го пропушта и дуелот од 2 коло  против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата.

Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство.

Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт.

Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. 

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ...

Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан .

Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер