Еуромакс Ресоурцес за повлекувањето на одлуката за спојување на концесиите - Канал 5

Еуромакс Ресоурцес за повлекувањето на одлуката за спојување на концесиите

Најавената одлука за повлекување на донесената одлука за спојување на концесиите би бил преседан кој воведува правна несигурност кај инвеститорите и недоверба во владеењето на правото.

Еуромакс Ресоурцес за повлекувањето на одлуката за спојување на концесиите

По однос на најавата за повлекување на одлуката за спојување на двете концесии, треба прво да почекаме истата да биде објавена, за да се види правната аргументација за нејзиното донесување, а дури потоа во координација со нашите правни тимови ќе ги преземеме сите конкретните чекори за заштита на нашите права како инвеститор.

Наша обврска и должност е да ги заштитиме правата на сите акционери во Еуромакс Ресоурцес Лтд, и поради тоа ќе бидат искористени сите правни лекови во државата. Тука не се исклучува опцијата за покренување на меѓународна арбитража во Вашингтон, САД, базирано на билатералниот „Договор за поттикнување и взаемна заштита на инвестициите“ склучен помеѓу Федералниот совет на Швајцарија и Владата на Република Македонија. Со оглед на фактот дека „Формално известување“ за иницирање на процес на активни консултации е поднесено до Владата во март 2020 година, поминат е предвидениот рок од шест месеци пред покренување на меѓународна арбитражна постапка, и истата може да се покрене на барање на инвеститорите и/или Бордот на Еуромакс Ресоурцес Лтд во секое време без одолговлекување.

Во секој случај, најавената одлука за повлекување на веќе донесената одлука за спојување на концесиите бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, би бил преседан кој воведува правна несигурност кај меѓународните и домашните инвеститори и недоверба во владеењето на правото како основен инструмент за заштита на инвестициите во државата.

Дополнително, со оглед на фактот што матичната компанија Еуромакс Ресоурцес Лтд е компанија што котира на берзата во Торонто, секоја сензитивна информација или одлука може да влијае на лажно наведување на инвеститорите, за кое може да се сноси колективна или индивидуална одговорност пред судовите во Канада и САД, доколку поединечни инвеститори го побараат тоа поради претрпена штета. Самиот факт дека одлуката за спојување, бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, беше објавена на берзата во Торонто, евентуалната дополнителна објава за повлекување на претходната одлука, сериозно ќе одекне во меѓународните инвестициски кругови и ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер