Еуроимпекс во партнерството со меѓународниот проект во рамките на Програмата „Еразмус +“ - Канал 5

Еуроимпекс во партнерството со меѓународниот проект во рамките на Програмата „Еразмус +“

Компанијата Еуроимпекс, го продолжува партнерството со меѓународниот проект во рамките на Програмата „Еразмус+“ која се случи во февруари месец тековнава 2020та година.

Еуроимпекс во партнерството со меѓународниот проект во рамките на Програмата  „Еразмус +“

Продолжувајќи ја традицијата на взаемна соработка, Еуроимпекс и оваа година соработуваше со АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, во процесот на реализирањето на проект од Програмата „Еразмус+“, под името: „Развивање на професионалните и меките вештини за полесно вклучување на пазарот на труд“.

Учениците реализираа практична обука во времетраење од 14 дена, во февруари месец оваа година, во сервисните центри за возила во Вилниус, а исто така, реализираа и часови по практична настава во партнерското стручно училиште ”Vilniaus automechanikos ir verslo mokykla”.

*Сите фотографии објавени во горенаведениот текст се креирани во февруари месец 2020та година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски.

Со цел учениците да можат полесно да се вклучат и да се адаптираат на работните услови во сервисните центри за возила во Вилниус, Еуроимпекс ДОО овозможи професионална подготовка на тој начин што учениците беа директно вклучени во сервисниот работен процес во Еуроимпекс, реализирајќи различни задачи во областа на автомобилската мехатроника, користејќи најразличен алат и опрема, со несебична поддршка и менторство од страна на одговорните лица на компанијата. Во процесот на подготовка, учениците учествуваа во тимската работа на компанијата, го подигнаа квалитетот на своите комуникациски способности и сл.

*Сите фотографии објавени во горенаведениот текст се креирани во февруари месец 2020та година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски.

Поддршката од страна на компанијата Еуроимекс беше од големо значење и придонесе за зголемувањето на успешноста на реализирањето на обуката, со оглед на тоа што учениците за време на практичната обука во Вилниус, вршеа комплетен сервис на различни видови возила, дијагностика, користеа современ алат и уреди, ги усовршија и своите меки вештини (комуникација, однос со вработени, тимска работа и сл.), се запознаа со најсовремени системи на возила, тестери, макети, симулатори и сл. Добиените меѓународни сертификати за секој ученик поединечно, ја потврдуваат успешноста на реализираната практична обука во Литванија.

Во проектот, беа вклучени и 6 наставници, кои разменија искуства со наставниците од партнерското училиште во Вилниус, чиишто искуства можат да се применат во иднина во АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, а, исто така, и во процесот на соработка со долгогодишниот социјален партнер Еуроимпекс ДОО.

„Отворањето на вратите на нашите сервисни центри и пружање на професионални обуки на студентите и учениците, секогаш било добредојдено во нашата компанија. Еуроимпекс како општествено одговорна компанија има за цел да им овозможи на идните генерации можност одблиску да се запознаат со работењето и да стекнат искуство повеќе при соочување со реален проблем и сервис на некое возило. На тој начин во иднина истите тие студенти ќе можат да дадат свој придонес во општеството и подобрување на работниот кадар на автомобилските компании.“ – Изјави, Зоран Серафимовски – извршен директор на Еуроимпекс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш

Сега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите  мора да се испитаат веднаш

Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто.

Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ.

Што договарале со Мацура?

Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија.

Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на

правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните.

Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија.

Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува.

Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка.

Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди.

Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност.

Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните.

Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, и наводна кинеска шпионка.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Трамп откри дека лично разговарал со Хуанг, кој му рекол дека немал сознанија оти жената била шпионка.

Американскиот претседател изјави дека му верува.според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки служби веруваат дека Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, работела за Пекинг.

Весникот објави дека државниот секретар Марко Рубио уште минатата пролет испратил предупредување до високи американски функционери за наводните блиски врски меѓу жената и Хуанг.

Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“, која имала деловни зделки со „Нвидиа“.Компанијата веќе нарачала независна истрага и тврди дека нема индикации дека се компромитирани нејзините деловни тајни или националната безбедност на САД.

Пекинг ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и шпекулативни.аферата се одрази и врз берзата. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од четири проценти, а пазарната вредност на компанијата се намали за околу 250 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

„Вориорс“ победија со 51 поен разлика!

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 .

Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава.

Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма.

Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата.

Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени.

Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции.

Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени.

Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“.

Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер