Еуфорија на улиците на Истанбул, масовно се слави поразот на Ердоган на локалните избори

Истанбул доби нов градоначалник – опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу на прегласувањето од изборите во март ја зацврсти победата над против кандидатот и екс премиер Бинали Јилдирим. 

Имамоглу кој пред 3 месеци победи со 13 илјади гласови разлика, сега доби 800 илјади гласа повеќе од Јилдирим. Десетици илјади граѓани низ улиците на Истанбул до доцна во ноќта ја прославуваа победата на Имамоглу, а многумина од нив во него веќе гледаат човек кој би можел да го победи Ердоган.

Имамоглу пак веднаш по победата го повика претседателот Ердоган на заедничка соработка, а на приврзаниците им порача дека го осветлиле образот на Турција.

-Сакам да се заблагодарам на секој граѓанин на Истанбул. Вие ја заштитивте репутацијата на турската демократија во очите на светот. Подготвен сум да работам со турскиот претседател во хармонија, и се стремам кон тоа. Објавувам пред сите жители на Истанбул, дека веднаш откако ќе стапам во функција сакам да го посетам за да му ги презентирам моите планови и мислења, но и да ги слушнам неговите, Екрем Имамоглу – Градоначалник на Истанбул.

Победата на опозициската републиканска народна партија во Анкара, а сега и во Истанбул се смета за силен пораз врз Ердоган, кој во минатото има кажано дека победникот во Истанбул ја држи цела Турција. Тој доцна синоќа на социјалните мрежи ги призна резултатите од прегласувањето.

-Би сакал резултатите од изборите да бидат од корист за нашиот Истанбул. Народната волја денеска се оствари. Му честитам за Екрем Имомоглу, кој победи на изборите според неофицијалните резултати- Реџеп Тајип Ердоган – Претседател на Турција.

Tурските аналитичари за дел од странските медиуми велат дека поразот во Истанбул може и да го собори Ердоган.

Може да е почетокот на крајот за Ердоган, ако не направи две работи: Прво, тој треба да ја сопре турската рецесија и да стави крај на острите мерки против рецесијата и угнетување на народот. Силната тактика со откажувањето на резултатот од изборите во Истанбул во март не помина добро ниту кај гласачите на владејачката партија. Турците можеби немаат целосно разбирање за тоа што значи демократијата, но се грижат многу за фер избори.

Изборите за градоначалник на Истанбул беа повторени откако беа поништени резултатите од гласањето во март на барање на владејачката партија која се пожали на нерегуларности. Имамоглу во таа прилика победи со тесна разлика и беше градоначалник само 18 дена. Повторените избори за многумина се сметаа и како своевиден тест за власта на Ердоган.

Санкционирани 125 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење..

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари

Еден од добитниците на минатомесечниот историски џекпот на Пауербол (Powerball) од 1,3 милијарди долари е имигрант од Лаос кој боледувал од рак осум години, а минатата недела го имал последниот круг на хемотерапија.

Ченг Чарли Сифан од Портланд на прес-конференција одржана од Лотаријата во Орегон рече дека тој и неговата сопруга Дуанпен ќе ја поделат наградата подеднакво со пријателката Лаиза Чао, која дала 100 долари за да купи неколку билети со нив.

Тие ќе добијат 422 милиони долари по оданочувањето.

Видео: Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот

Лос Анџелес лејкерс утрово загубија од Денвер во петтиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот со резултат 106:108. 

Денвер ги победи Лејкерс со 4-1 во серијата и се пласираше во втората рунда од разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј, кој постигна 30 поени. Кај гостите од Лос Анџелес се истакна Леброн Џејмс со постигнати 30 поени и 11 асистенции.

Во четвртфиналето Денвер нагетс ќе се соочи со Минесота тимбервулвс. Ова ќе биде пресметка на второ и третопласираните екипи во основниот дел од Западната конференција.

Пласман во четвртфиналето ноќеска обезбеди и Оклахома со победата над Њу Орлеанс 97:89 (вкупно 4:0 во серијата).

притисни ентер