Светски ден на ерадикација на карциномот на грло на матка: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2Светски ден на ерадикација на карциномот на грло на матка: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
3БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
СветЕУ воведе санкции кон уште 28 лица за поврзаност со репресијата во Белорусија Советот на ЕУ денеска донесе одлука да воведе рестриктивни мерки за уште 28 лица поради нивната улога во внатрешната репресија и кршењето на човековите права во Белорусија. Со новите санкции се опфатени двајца заменици началници на Главниот сектор за борба против организиран криминал и корупција (ХУБАЗИК) при белоруското Министерство за внатрешни работи, повеќе судии и обвинители, раководители на затвори, како и неколкумина истакнати поддржувачи на режимот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Според ЕУ, ХУБАЗИК е едно од главните тела одговорни за политички прогон во Белорусија, вклучително и за произволни и незаконски апсења, за малтретирања и за тортура на опозициски активисти и претставници на граѓанското општество. Судиите и обвинителите додадени на листата на санкционирани биле дел од судски процеси во кои се изречени политички мотивирани казни, вклучително и против учесници во протестите поради недемократските претседателски избори во 2020 година или против лица кои само едноставно го искажале своето мислење против режимот на Лукашенко. Понатаму, рестриктивни мерки се воведени и кон раководителите на неколку воспитно-поправни установи, вклучително и на еден истражен затвор. На листата на санкционирани се вклучени и генералната директорка на најголемата државна новинска агенција Белоруската телеграфска агенција (БелТА), Ирина Акулович, водителот на емисијата „Сенат“ на телевизијата СТВ и претседател на Младинскиот совет во Националното собрание на Белорусија, Микита Рахилуски, како и поранешниот шеф на Прес-службата на Лукашенко и долгогодишен генерален директор на БелТА, Дмитри Жук. Тројцата се сметаат за долгогодишни поддржувачи на Лукашенко, за што имале и лична корист од режимот. - Овие режимски пропагандисти на белоруската јавност доброволно и даваат лажни информации за репресијата вршена од државните власти, шират дезинформации фабрикувани од белоруските и од руските власти и промовираат омраза кон демократската опозиција и граѓанското општество, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. Со новододадените на листата на ЕУ на оние кон кои се воведени рестриктивните мерки поради состојбата во Белорусија сега се наоѓаат 261 поединец и 37 ентитети. На санкционираните им е замрзнат имотот во ЕУ, а на граѓани и правни субјекти од Унијата им е забрането да им ставаат на располагање финансиски или други средства. Дополнително, на физичките лица опфатени со режимот на санкции им е забранет влез или транзит низ територијата на ЕУ. Денешните санкции се воведени во пресрет на четвртата годишнина од белоруските претседателски избори во август 2020 година. Европскиот совет во своите заклучоци усвоени на 19 февруари годинава изрази „длабока загриженост“ за влошената состојба со почитувањето на човековите права во Белорусија и „остро ги осуди континуираните кампањи за прогон и заплашување на сите сегменти на белоруското општество од страна на режимот“. Советот изрази и жалење што политичките затвореници остануваат затворени во ужасни услови, изложени на тортура и малтретирање, без пристап до основните здравствени услуги и што многу од нив се држени во затвор долг временски период без контакт со нивните адвокати и роднини. - ЕУ ги повикува белоруските власти веднаш и безусловно да ги ослободат сите политички затвореници и да ја укинат смртната казна. Советот, исто така, остро го осуди невиденото ниво на репресија и ограничувањата на политичкото учество пред парламентарните и локалните избори што се одржаа на 25 февруари 2024 година, се истакнува во соопштението. Ден по овие избори, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ги осуди, како што рече, „невиденото ниво на репресија, кршењето на човековите права, ограничувањата на политичкото учество и пристапот до независни медиуми“ во Белорусија. Тој додаде и дека функционерите избрани на овие избори во Белорусија немаат демократски легитимитет, бидејќи не се исполнети условите за слободен и фер изборен процес. - ЕУ стои зад народот на Белорусија и непоколебливо го поддржува стремежот на белорускиот народ за слободна, демократска, суверена и независна Белорусија, како дел од мирна Европа, се додава во соопштението. Од изборите во август 2020 година, ЕУ воведе неколку последователни пакети на санкции против одговорните за внатрешната репресија и кршењето на човековите права во Белорусија, како и поради вмешаноста на Минск во руската агресија против Украина. - Со овие мерки, ЕУ им сигнализира на одговорните политички и економски актери дека нивните постапки и поддршка за режимот и за Русија имаат цена, се заклучува во соопштението на Советот на ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на СрбијаМегапопуларната српска актерка Лидија Вукичевиќ пред да влезе во Собранието на Србија е полеана со јогурт.Една од идните пратенички од листата собрана околу СНС, Лидија Вукиќевиќ, е полиена со јогурт на скалите пред Собранието на Србија. Лидија Вукичевиќ утрово беше полиена со јогурт од страна на Марија Радовановиќ, поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, во моментот кога пристигнала пред Собранието на Србија. Пратеничката од редовите на СНС дојде на конститутивната седница на Собранието на Србија во црно-бела комбинација, а носеше и капут со интересен крзнен детаљ околу вратот. Посебно внимание привлече нејзиниот избор на модни додатоци – таа се одлучи за чанта и очила од брендот „Гучи“. Станува збор за црн кожен часовник во „винтиџ“ стил, чија цена изнесува околу 3.000 евра, додека очилата од истиот бренд чинат околу 800 долари. View this post on Instagram A post shared by Mihajilo Popovic Jr. (@jr_superstar_) Откако беше полиена и влезе во Собранието, видно вознемирената актерка им се обрати на присутните медиуми, веднаш по лидерот на СНС, Александар Вучиќ. Актерката одлучи да не ги извади очилата, а бидејќи гласот ѝ трепереше, се претпоставува дека таа се расплакала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет децаХаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, десет деца завршија во Ургентниот центар, тројца мораа да бидат оперираниДесет деца, на возраст од осум години, денес биле пренесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград, откако се здобиле со повреди – некои од нив и сериозни – во инцидент што се случи околу 14:35 часот во трговскиот центар „Галерија“. Според очевидци, инцидентот наводно се случил на подвижните скали. Сите деца се подложени на дијагностика, а на три од примените деца им е потребна хируршка интервенција, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Србија. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Како што претходно објави Танјуг, неколку деца се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници и повреди на главата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЅвезда на Ливерпул: Целосно ќе се изолирам поради GTA 6. Ќе биде тешко некој да ме добиеСкапоплатениот шведски репрезенативец, напаѓачот на Ливерпул Александар Исак ,откри дека со нетрпение го очекува излегувањето на видеоиграта „Grand Theft Auto VI“ (GTA 6), која пристигнува на пазарот во четврток, 19 ноември. Шведскиот фудбалер најави дека планира целосно да ѝ се посвети на играта и дека ќе биде тешко да се стапи во контакт со него откако таа ќе биде објавена, пренесува германскиот медиум „Билд“ (Bild). Исак зборуваше за своите планови додека беше со шведската репрезентација. За време на прес-конференција, тој беше прашан за излегувањето на долгоочекуваното ново продолжение од популарниот серијал видеоигри. „Мислам дека од 19 ноември, кога ќе излезе играта, ќе биде тешко да се дојде до мене. Целосно ќе се изолирам“, рече Исак. Кога еден новинар го праша дали планира да си го ослободи распоредот за излегувањето на играта, тој едноставно одговори: „Тоа е планот“. Сепак, Исак нема да има многу слободно време за играње видеоигри. Во недела, на 22 ноември, Ливерпул ќе го пречека Манчестер Јунајтед на „Енфилд“ во едно од најголемите дербија во англискиот фудбал – натпревар што се игра само три дена по излегувањето на GTA 6. Во интервју за емисијата *Football Daily* на BBC, чиј водител е поранешниот англиски репрезентативец Алан Ширер, 27- годишниот Исак откри дека претпочита слободното време да го поминува дома, играјќи видеоигри и гледајќи телевизија. GTA 6 пристигнува по 13-годишно чекање GTA 6 е еден од најочекуваните наслови во историјата на индустријата за видеоигри. Претходниот дел, GTA 5, беше објавен уште во септември 2013 година – кога Исак имал 13 години. Дејството на новата игра се одвива во измислената американска држава Леонида, при што голем дел од настаните се случуваат во Вајс Сити (Vice City) – локација што се појавувала и во претходните делови од серијалот. „Рокстар гејмс“ (Rockstar Games) неколку пати го одложуваше излегувањето на играта; моментално закажаниот датум за објавување е 19 ноември 2026 година. GTA 6 ќе биде достапна за PlayStation 5 и Xbox Series X/S.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook