СветЕУ со нов пакет санкции против Русија – забрана за увоз на руски гас од 2027 годинаЗемјите-членки на ЕУ го усвоија 19-тиот пакет санции против Русија кој предвидува бројни економски рестриктивни мерки, меѓу кои забрана за увоз на руски течен пророден гас од јануари 2027 година.Земјите-членки на ЕУ го усвоија 19-тиот пакет санции против Русија кој предвидува бројни економски рестриктивни мерки, меѓу кои забрана за увоз на руски течен пророден гас од јануари 2027 година, рестрикции кон руските банки и крипто берзите, како и органичување на движењето на руските дипломати. Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на денешниот Самит на ЕУ во Брисел придружуван од украинскиот претседател Володомир Зеленски нарекувајки ја Украина идна членка на Унијата нагласи дека ваквата одлука претставува јасна порака до Русија дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина во борбата за како што рече праведен и траен мир. Зеленски пак се заблагодари за одобрувањето на пакетот сакции, додавајки дека примирје во Украина е можно, но дека за таа цел Киев нема да се согласи на територијални отстапки.. -Најважна е политичката одлука и јасната порака што ја испраќаме до Русија. Ним не им е гајле и не смеат да мислат дека сме уморни. Ние не сме уморни и сме желни да ја поддржиме Украина, дипломатски, политички, воено и финансиски,- Антонио Кошта – претседател на Европски совет. -Го чекавме ова, дај Боже да успее и ова е многу важно. Целосно се согласувам со Кошта дека Русија не покажува дека сака да ја запре оваа војна, како што може да видите тие повторно не напаѓаат, градинки, училишта, цивили,- Володимир Зеленски – претседател на Украина. Усвојувањето на новиот пакет сакции од ЕУ доаѓа откако и американскиот претседател Доналд Трамп воведе санции против двете најголеми руски нафтени компании Лукоил и Роснефт..Сакциите беа објавени ден откако Трамп и официјално потврди дека планираната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта е откажана и откако при голем воздушен руски папад врз Украина загинаа најмалку седум лица.. Сепак Трамп додаде дека во иднина планира да се сретне со својот руски колега и дека останува посветен на решавање на конфликтот во Украина. -Ја откажавме средбата со претседателот Путин, едноставно не ми се чинеше како што треба, не чувствував дека ќе стигнеме онаму каде што треба да стигнеме, па ја откажав, но ќе ја одржиме во иднина. Ова се огромни санцкии, многу големи. Тие се против нивните две големи нафтени компании и се надеваме дека нема да траат долго. Се надеваме дека војната ќе се реши,- Доналд Трамп – претседател на САД. Претходно, Советот на ЕУ дополнително воведе и забрана за транзит на руски гас низ Европската унија до трети земји, мерка која ќе стапи на сила на 1 јануари. Според новите правила купувачите од ЕУ нема да можат да потпишуваат нови договори за увоз на руски гас по Нова година, а сите постоечки договори ќе мора да бидат раскинати најдоцна до крајот на 2027-ма без оглед на роковите предвидени во нив. Тагови: ЕУ русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %. Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа. Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter