Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
СветЕУ подготви контрамерки на американските царини, на удар стока вредна 95 милијарди евра Европската комисија започна јавна консултација за список на производи што ги увезува од Соединетите Американски Држави за кои би можела да воведе контрамерки како одговор на американските царини.Европската комисија започна јавна консултација за список на производи што ги увезува од Соединетите Американски Држави за кои би можела да воведе контрамерки како одговор на американските царини, доколку преговорите што се водат меѓу двете страни не доведат до заемно корисен исход и отстранување на американските царини. Во исто време, Комисијата покрена спор пред Светската трговска организација (СТО) во врска со реципрочните царини и царини на САД за автомобили и автоделови. Комисијата официјално поднесе барање за консултации, со што се отвора спор пред СТО. Истакнува дека американската царина очигледно ги крши фундаменталните правила на СТО и со започнувањето на спорот сака да покаже колку е важно да се почитуваат меѓународните правила што членовите не можат еднострано да ги игнорираат. Листи на производи во јавна консултација Листата ставена на консултација се однесува на увоз од САД во вредност од 95 милијарди евра, што вклучува широк спектар на индустриски и земјоделски производи. Меѓу другото, околу 6,4 милијарди евра се однесуваат на увоз на земјоделски и прехранбени производи, 10,5 милијарди на авиони, 10,3 милијарди на делови за моторни возила, 12,9 милијарди на хемиски производи и пластика, 7,2 милијарди на електрична опрема, речиси 12 милијарди на машини. Предмет на јавната консултација, која ќе биде отворена до 10 јуни, ќе бидат и можните ограничувања за извоз на одредени производи од ЕУ во САД, како што се отпад од челик и хемиски производи во вредност од 4,4 милијарди евра. Врз основа на резултатите од јавната дебата, Комисијата ќе подготви нацрт-одлука и ќе ја започне постапката за усвојување во случај преговорите да не доведат до посакуваниот исход. Хронологија на воведувањето на американските царини Американскиот претседател Доналд Трамп на 2 април, на таканаречениот Ден на ослободувањето, објави воведување на реципрочни царини од 20 проценти за увоз на стоки од ЕУ. Претходно, САД воведоа царини од 25 проценти за увоз на сите возила и автоделови, како и за увоз на челик и алуминиум. На 9 април, Трамп објави дека ги паузира реципрочните тарифи од 20 проценти за увоз од ЕУ во период од 90 дена и наместо тоа воведе тарифи од 10 проценти, кои сè уште се во сила денес. Царините за челик и алуминиум, како и за автомобили и автомобилски делови, исто така, останаа на сила. Во меѓувреме, ЕУ се согласи за контраодговор на царините за челик и алуминиум, а потоа ги суспендираше на 14 април со цел да им даде шанса на преговорите. Моментално, 70 проценти од европскиот извоз во САД, 379 милијарди евра, е предмет на нови тарифи откако новата американска администрација стапи на власт, вклучувајќи ги и оние што моментално се во мирување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИталија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи. Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми. Several schools in Rome were evacuated on Wednesday following emailed bomb threats. Primary schools and nurseries in the Appio-Tuscolano area were among those affected. Security checks were underway. #Rome #Italy #BreakingNews #SchoolEvacuation https://t.co/a4hKQpjjBM — ChinaLensOnEurope (@CHNLensOnEurope) November 11, 2026 Пораки до родителите и необичен потпис „Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки. Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара. Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани. Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија. Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаЃорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубреГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат. - Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот КавадарциДенеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот. По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач. Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен. Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter