Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
1Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
БалканЕУ почнува изработка на пристапниот договор со Црна Гора Амбасадорите на земјите-членки денеска го поддржаа формирањето на ад хок работна група за да започне со работа на нацрт-договор за пристапување за Црна Гора, земјата најдалеку напред во процесот на пристапување.„Кипарското претседателство вложи големи напори за да обезбеди брзо формирање на работната група, особено со оглед на долгата техничка работа што треба да се заврши пред почетокот на изготвувањето на договорот за пристапување. Убедени сме дека ова ќе испрати силен сигнал дека пристапувањето е на дофат за партнерите за проширување“, изјави портпаролот на кипарското претседателство. Црна Гора ги отвори сите поглавја од преговорите и затвори 14, објави Индекс. Кос: Лекции од проширувањето од 2004 година Комесарот за проширување Марта Кос изјави на дебата во Европскиот парламент во понеделник дека Европската унија мора да учи од претходните проширувања за да избегне повторување на случајот со Унгарија, чиј долгогодишен премиер Виктор Орбан се сметаше за тројански коњ бидејќи систематски блокираше низа одлуки. „Лекцијата научена од проширувањето во 2004 година е дека мора да имаме заштитни мерки за да осигуриме дека новите членки се придржуваат до правилата и дека е обезбеден интегритетот на нашата Унија“, рече Кос, додавајќи дека пристапниот договор со Црна Гора ќе биде првиот што ќе содржи вакви заштитни клаузули. Таа истакна дека новите членки дури и нема да ги почувствуваат овие заштитни мерки ако ги почитуваат вредностите и принципите врз кои почива Унијата, но во спротивно треба да ги почувствуваат. „Не станува збор за создавање дополнителни критериуми за новите членки, туку за фактот дека ако земјите регресираат во однос на нашите фундаментални принципи како што се демократијата и владеењето на правото, заштитните мерки мора да „гризат“ и секогаш мора да бидеме во можност да ја заштитиме нашата Унија. Ни е потребно ова за да ја зачуваме довербата меѓу земјите-членки, довербата на нашите граѓани и довербата во самиот процес на проширување“, рече Кос. Таа, исто така, најави дека ќе презентира финансиски пакет за Црна Гора пред летото.Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
АвтомобилизамНајскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долариАвтомобил „Bugatti Veyron“ стана најскапиот примерок од овој модел некогаш продаден на јавна аукција.Наддавањето траело помалку од три минути. Аукциската куќа „RM Sotheby's“ го понудила на продажба моделот „Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse“ од 2014 година на аукцијата одржана на 26 септември во Цирих – автомобил што го носи името на личност позната на повеќето љубители на брендот „Bugatti“ главно по својата репутација: Жан-Пјер Вимил. Аукцискиот чекан удри на сума од 4.505.000 швајцарски франци (околу 4.910.000 американски долари), што според тековните девизни курсеви изнесува околу 5,44 милиони долари. Тоа не е само одличен резултат за половен хиперавтомобил, туку и нов рекорд за целата серија „Veyron“ на јавните аукции. Пред самата продажба, „RM Sotheby's“ ја процени вредноста на овој автомобил на износ меѓу 2,4 милиони (приближно 2.616.000 долари) и 2,8 милиони швајцарски франци (приближно 3.052.000 долари), што само по себе претставува значителна сума за „Veyron“. Сепак, понудувачите значително ја надминаа таа горна граница, па конечната цена беше дури 61 отсто повисока од највисоката проценета вредност, пренесува „Motor1“. Според RM Sotheby's, оваа продажба ја претставува највисоката цена што некогаш ја постигнал еден Veyron на јавна аукција. Со тоа е надминат уникатниот модел Veyron Grand Sport Sang Bleu, продаден во 2024 година за приближно 2,35 милиони долари. Овој конкретен автомобил има поминато само 3.766 километри откако ја напуштил фабриката во 2014 година, што претставува исклучително мала километража за возило старо повеќе од една деценија. Моделите „Veyron“ со мала километража не се реткост кај колекционерите кои купуваат возила за нивно чување, а не за возење. Сепак, тоа секако влијае на крајната цена. „Bugatti“ произведе точно три примероци од изданието „Grand Sport Vitesse Jean-Pierre Wimille“, а токму таа реткост ја сочинува суштината на приказната за овој автомобил. Името му оддава почит на фабричкиот возач на „Bugatti“, кој во 1937 година станал првиот човек што победил на трката „24 часа на Ле Ман“ зад воланот на „Bugatti“. Три автомобили е многу мала бројка дури и според стандардите на „Bugatti“, со оглед на тоа што вкупното производство на моделот „Veyron“, вклучувајќи ги сите варијанти, се броело во стотици примероци. Секој примерок од изданието „Wimille“ се одликува со дизајнерски елементи инспирирани од тркачката кариера на возачот по кого е именуван моделот. Тоа е една од причините зошто колекционерите го сметаат ова трио за класа над стандардниот модел „Grand Sport Vitesse“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН: Презентирани резултатите од проектот на ИСППИ Презентирани резултатите од проектот на ИСППИ - „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“.Со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука, Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања спроведе проект „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“, а резултатите од истиот беа презентирани денес на научна конференција, на која се обрати и државниот секретар во МОН, Елена Ивановска. Ивановска посочи дека станува збор за еден од 50те проекти кои беа поддржани од министерството минатата година со вкупен буџет од над 6 милиони евра, преку Конкурсот за финансирање на научно-истражувачки проекти на државните универзитети/факултети, научни институти и МАНУ. Нагласи дека истиот отвора значајни прашања за младите, образованието и општеството. „Проектот се спроведува во вистинско време, ера во која врсничкото насилство е голем општествен предизвик. Оваа негативна појава не е во подем по бројноста на сторените дела, туку по степенот на бруталноста која ја покажуваат дел од младите и апатијата која ја покажува друг дел од младата популација. Истражувањето ќе даде теоретски одговори на одредени аспекти на комплексниот предизвик. Но, резултатите ќе имаат вистинско значење само доколку помогнат да се развијат пристапи што ќе можат да се применуваат во реалниот образовен контекст, а јас верувам дека ќе биде така“, рече Ивановска, додавајќи дека овој проект е можност за понатамошно јакнење на врската меѓу науката и образовниот систем. Упати честитки до истражувачкиот тим и на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања за успешно реализираниот проект, порачувајќи дека инвестицијата во науката е инвестиција во знаењето, а инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на општеството. Кога овие две инвестиции ќе се поврзат со институционална соработка и со практична примена, нивната вредност е уште поголема.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
Шоу бизВидео-фото: Таа стана „лек“ за мажите во огнен комбинезон: „Доаѓам право пред твојата врата“Во нова, малку провокативна кампања за здравствената компанија „Ro“, една од најубавите актерки во Холивуд, Меган Фокс го претставува „Ro Sparks“ – нивниот лек на рецепт за третман на еректилна дисфункција. „Лично, мислам дека можеби сум родена за ова. Не постои подобра личност што можеше да биде дел од ова“, изјави Фокс (40) за магазинот „People“. „Зошто дополнително да се усложнува нешто што и онака е сериозна тема? Веќе делува сериозно, па затоа – нека биде забавно“, вели таа. View this post on Instagram A post shared by Ro Sparks (@ro.sparks) „Ro Sparks“ е комбиниран третман „два во еден“ за еректилна дисфункција, кој ги содржи состојките силденафил и тадалафил. Иако двете состојки се одобрени од американската Управа за храна и лекови (FDA), самиот комбиниран лек не е одобрен од оваа агенција. Според компанијата Ro, третманот се раствора под јазикот, почнува да делува во просек за околу 15 минути и може да остане активен до 36 часа, пренесува „Пипл“ (People). Во рекламата, која се емитува на телевизија додека кампањата е присутна и на Тајмс Сквер, се појавува Фокс во црвен, тесен комбинезон со логото на „Ро Спаркс“ (Roe Sparks). Како персонификација на лекот, таа зборува за производот преку низа двосмислени и сугестивни пораки. „Ако ти го препишат, ќе се појавам директно пред твојата врата“, вели Фокс со заводлива насмевка во рекламата. „Не грижи се, моето пакување е многу дискретно.“ Фокс вели дека хуморот во кампањата не е тука само за да го направи снимањето позабавно. Со пристапувањето кон еректилната дисфункција на лежерен начин, таа се надева дека рекламата ќе помогне да се надмине дел од срамот што ја придружува оваа состојба и ќе ги охрабри мажите отворено да зборуваат за неа.Тагови: Меган Фокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter